СВЕТСКИОТ ДЕН НА РАКОТ Е МЕЃУНАРОДЕН ДЕН КОЈ СЕ ОДБЕЛЕЖУВА СЕКОЈ 4 ФЕВРУАРИ ЗА ДА СЕ ПОДИГНЕ СВЕСНОСТА ЗА РАК, ДА СЕ ПОТТИКНЕ НЕГОВАТА ПРЕВЕНЦИЈА И ДА СЕ МОБИЛИЗИРААТ АКЦИИ АДРЕСИРАНИ НА ГЛОБАЛНАТА ЕПИДЕМИЈА НА РАК.
Денот е предводен од Унијата за меѓународна контрола на ракот, (UICC)и е воспоставен во 2000 година.
Со регулирање на лична, колективна и владина акција, сите ние работиме заедно за да го замислиме светот во кој милиони смртни случаи од рак се спречени и пристапот до третманот и грижата за рак, кој спасува живот е еднаков за сите, без разлика кој сте и каде живеете.
Секоја година, стотици активности и настани се случуваат ширум светот, собирајќи заедници, организации и поединци во училишта, бизниси, болници, пазари, паркови, општински сали, места за богослужба - на улиците и на интернет - делувајќи како моќен потсетник дека сите ние имаме улога во намалувањето на глобалното влијание на ракот.
UICC спроведува кампањи за Светскиот ден на ракот во тригодишни циклуси за да овозможи подлабоко истражување на одредена тема и да постигне поголемо влијание.
Темата на кампањата за Светскиот ден на ракот 2025-2027 година, „Обединети од уникатност“ ги става луѓето во центарот на грижата и истражува нови начини за правење разлика.
Ракот е повеќе од само медицинска дијагноза - тоа е длабоко лична работа. Зад секоја дијагноза се крие единствена човечка приказна - приказни за тага, болка, исцелување, издржливост, љубов и многу повеќе.
Затоа, пристапот насочен кон грижата за луѓето заболени од рак кој целосно ги интегрира уникатните потреби на секој поединец, со сочувство и емпатија, води до најдобри здравствени резултати.
Секое искуство со ракот е уникатно и ќе ни треба на сите нас, обединети, да создадеме свет каде што гледаме подалеку од болеста и ја гледаме личноста пред пациентот. Свет во кој потребите на луѓето и заедниците се во центарот на здравствените системи.
ЗОШТО РАК?
Ракот е еден од главните здравствени проблеми на населението во светот, кој е втора водечка причина за смрт на глобално ниво.
Некои факти
Годишна смртност
10 милиони луѓе умираат од рак секоја година. Тоа е повеќе од ХИВ/СИДА, маларија и туберкулоза заедно.
Умирања што може да се спречат
над 40% на смртните случаи поврзани со рак се поврзани со фактори на ризик кои може да се променат, како што се пушењето, употребата на алкохол, лошата исхрана и физичката неактивност.
Рано откривање
скоро 1/3 од сите смртни случаи од рак може да се спречат преку рутински скрининг, рано откривање и третман.
Географско влијание
70% од смртните случаи од рак се јавуваат во земјите со низок до среден приход.
Економски трошоци
1,6 трилиони долари се проценети вкупните годишни економски трошоци за ракот.
• Половина од светската популација нема пристап до основните здравствени услуги. И покрај значителниот напредок овој диспаритет, познат како јаз во еднаквоста, чини животи и е под влијание на фактори како што се приходите, образованието, географското влијание и дискриминацијата, кои се познати како „социјални детерминанти на здравјето“.
• Многу обесправени групи се соочуваат со повисоки ризици од рак поради фактори како што се употребата на тутун, консумирањето алкохол и нездравата исхрана. Овие се познати како „комерцијални детерминанти на здравјето”.
ШТО СЕ СЛУЧУВА!
КОГА ДЕЛУВАМЕ?
Милиони животи може да се спасат секоја година, со спроведување на стратегии за превенција, рано откривање и лекување соодветно на ресурсите.
Може да се спречат повеќе од 1/3 од случаите на рак.
1/3 од случаите на рак може да се излечат доколку рано се откријат и се третираат правилно.
НАПРЕДОК
Денес, знаеме повеќе за ракот од кога било досега.
Преку инвестирање во истражувања и иновации, сведоци сме на извонредни откритија во медицината, дијагностиката и научното знаење.
Колку повеќе знаеме, толку повеќе можеме да напредуваме во намалувањето на факторите на ризик, зголемување на превенцијата и подобрување на дијагнозата, третманот и грижата за лицата со рак.
ВЛИЈАНИЕ
Во последниве години, Обединетите нации, Светската здравствена организација и другите агенции на ОН ја препознаа итната потреба за глобална посветеност.
Кога лидерите зборуваат и преземаат акција, ни се дава можност да направиме историја и да се движиме кон свет без рак.
ПРАВЕДНОСТ
Денес, повеќе од две третини (70%) од смртните случаи од рак се случуваат во најнеразвиените делови на светот. Дури и ако живеете во земја со повисоки приходи, нееднаквости сè уште постојат внатре во самата заедница маѓу популацијата со пониски приходи, имигрантите, бегалците и жителите во руралните заедници. Со еднаков пристап до превенција, дијагноза, третман и нега на заболените од рак може да се спасат животи.
ПРОМЕНИ
Преку подигање на јавната и политичката писменост и разбирање околу ракот, го намалуваме стравот, го зголемуваме разбирањето, ги отфрламе митовите и заблудите и ги менуваме однесувањата, ставовите и постапките.
Ракот е повеќе од само медицинска дијагноза - тоа е длабоко лична работа. Затоа, пристапот насочен кон грижата за луѓето заболени од рак води до најдобри здравствени резултати и е клучен за промените.
Новата кампања за Светскиот ден на ракот 2025-2027 година „Обединети од уникатни“ ќе ги истражи различните димензии насочени кон грижата за луѓето заболени од рак и новите начини за правење разлика.
ШТО Е РАК?
Ракот е болест која се јавува кога промените во група нормални клетки во телото доведуваат до неконтролиран, абнормален раст формирајќи грутка наречена тумор. Ако не се лекуваат, туморите можат да растат и да се шират во околното нормално ткиво или во други делови од телото преку крвотокот и лимфниот систем. Ова може да влијае на дигестивниот, нервниот и циркулаторниот систем или да ослободува хормони кои можат да влијаат на функцијата на телото.
Видови тумори
Постојат следните типови на тумори:
• Бенигни тумори: неканцерогени и ретко опасни по живот. Тие растат бавно и не се шират на други делови од телото.
• Малигни тумори: канцерогени, растат побрзо од бенигните тумори и можат да се шират и да ги уништат соседните ткива. Тие можат да метастазираат, формирајќи секундарни тумори.
• Преканцерозни состојби: абнормални клетки кои може да се развијат во рак.
Видови на рак
Ракот може да се класифицира врз основа на типот на клетката од која започнува. Петте главни типови вклучуваат:
• Карцином: настанува од епителните клетки. Вообичаени видови се ракот на дојка, простата, бели дробови и дебело црево.
• Сарком: рак на коските или меките ткива. Вообичаени типови се леомиосарком, липосарком и остеосарком.
• Лимфом и миелом: започнува во клетките на имунолошкиот систем. Вклучува рак на лимфниот систем и мултипен миелом.
• Леукемија: рак на белите крвни зрнца и коскената срцевина.
• Рак на мозокот и 'рбетниот мозок: познат како рак на централниот нервен систем.
Што предизвикува рак?
Ракот може да биде предизвикан од комбинација на фактори. Некои од нив може да се менуваат, а намалувањето на овие ризици може да спречи над 40% од случаите на рак.
Фактори на ризик кои може да се менуваат
• Консумација на алкохол: го зголемува ризикот од рак на: цревата, дојката, устата, грлото, хранопроводот, црниот дроб и желудникот.
• Прекумерна тежина или дебелина: се поврзани со зголемен ризик од 12 типа на рак, вклучувајќи го и ракот на цревата и панкреасот.
• Неправилна исхрана: високиот внес на црвено месо, преработено месо и солена храна, како и мал внес на овошје и зеленчук, влијаат на ризикот од рак.
• Физичка активност: редовната активност помага да се намалат ризиците од рак.
• Употреба на тутун: Тутунот содржи канцерогени агенси одговорни за 22% од смртните случаи од рак.
• Јонизирачко зрачење: вклучува радон, х-зраци, гама зраци и ултравиолетово зрачење.
• Опасности на работното место: изложеноста на супстанции како што е азбестот го зголемува ризикот од рак.
• Инфекција: вирусите како ХПВ и Хепатитис Б и Ц можат да предизвикаат рак.
Фактори на ризик кои не може да се менуваат
• Возраст: ризикот од рак се зголемува со возраста.
• Канцерогени: супстанции кои ги менуваат клетките.
• Генетика: наследните генетски предиспозиции го зголемуваат ризикот од рак.
• Имунолошки систем: ослабениот имунолошки систем го зголемува ризикот од рак.
КОИ СЕ ЗНАЦИТЕ И СИМПТОМИТЕ НА РАК?
Бидејќи постојат многу различни видови на рак, симптомите варираат во зависност од тоа каде се наоѓа болеста. Сепак, постојат некои клучни знаци и симптоми на кои треба да се внимава, вклучувајќи:
• Невообичаени грутки или оток – канцерогените грутки често се безболни и може да се зголемуваат како што напредува ракот.
• Кашлање, останување без здив или отежнато голтање – внимавајте на постојаните епизоди на кашлање, останување без здив или отежнато голтање.
• Промени во празнење на дебелото црево – како што се запек и дијареа и/или присуство на крв во столицата.
• Неочекувано крварење – вклучува крварење од вагината, аналниот отвор или крв пронајдена во столицата, урината или при кашлање.
• Необјаснето губење на тежината и ненамерно губење на тежината во краток временски период (неколку месеци).
• Замор – кој се појавува како екстремен замор и силен недостаток на енергија. Ако заморот се должи на болест, поединците вообичаено имаат и други симптоми
• Болка– вклучува необјаснета или постојана болка или болка што се појавува и губи.
• Нова бенка или промени на веќе постоечка бенка - барајте промени во големината, обликот или бојата и ако се појави круста или ако крвари или тече.
• Компликации со мокрење – вклучува потреба од итно, почесто мокрење или неможност да мокрите кога треба или чувствувате болка додека уринирате.
• Невообичаени промени на дојките –промени во големината, обликот или чувството на дојките, присуство на болна или безболна грутка, промени на кожата и болка.
• Губење на апетит – немање чувство на глад како вообичаено во подолг временски период.
• Рана или чир што нема да зарасне - вклучувајќи бемка, болна рана или чир во устата.
• Чувство на жарење во желудникот – постојано чувство на жарење во желудникот
• Обилно ноќно потење – внимавајте на многу обилно ноќно потење
Повеќето од споменатите знаци и симптоми веројатно се должат на нешто помалку сериозно од ракот, но, раното откривање е од клучно значење ако се работи за рак. Ако забележите какви било промени кои не се нормални за вас или нешто што подолго време трае, не двоумете се да разговарате со вашиот лекар.
УПОТРЕБАТА НА ТУТУН Е ВОДЕЧКАТА ПРИЧИНА ЗА РАК КОЈ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ.
СЕПАК, ПОСТОЈАТ РАЗЛИЧНИ РИЗИК ФАКТОРИ И ПРЕВЕНТИВНИ АКТИВНОСТИ ШТО МОЖЕ ДА СЕ ПРЕЗЕМАТ ЗА ДА СЕ НАМАЛИ РИЗИКОТ ОД РАК:
Употребата на тутун е поврзана со околу 15 видови на рак, вклучувајќи рак на белите дробови и црниот дроб. Откажувањето од пушење значително го продолжува животниот век и квалитетот на животот.
Ограничувањето на внесот на алкохол го намалува ризикот од рак на устата, хранопроводот и ракот на дојката.
Редовното вежбање и одржувањето на здрава тежина го намалуваат ризикот од неколку видови на рак, вклучувајќи рак на дебелото црево и бубрезите.
Намалувањето на изложеноста на ултравиолетово зрачење од сонцето и избегнувањето солариум помагаат во спречување на рак на кожата.
Изложеноста на работното место на супстанции како што е азбестот го зголемува ризикот од рак, а политиките за минимизирање на оваа изложеност може да помогнат.
Хроничните инфекции предизвикуваат околу 16% од ракот на глобално ниво, а вакцините против вирусот на Хепатитис Б (ХБВ) и Хуманиот папиломавирус (ХПВ) помагаат во спречување на рак на црниот дроб и грлото на матката.
• Поединците можат да прифатат здрав начин на живот, да избегнуваат тутун и прекумерна употреба на алкохол, да ја ограничат изложеноста на сонце, да се вакцинираат и да ги охрабруваат другите да го прават истото.
• Владите можат да спроведуваат програми за вакцинација, да ги регулираат солариумите, да го забранат азбестот и да промовираат кампањи за јавно здравје.
• Училиштата можат да едуцираат за факторите на ризик за рак и да промовираат добра исхрана и физичка активност.
• Работодавачите можат да спроведат политики за спречување на изложеност на канцерогени материи и промовирање на здрав начин на живот.
• Заедниците можат да развијат средини што го поддржуваат здравјето и благосостојбата.
СЕКУНДАРНАТА ПРЕВЕНЦИЈА НА РАКОТ СЕ ФОКУСИРА НА СКРИНИНГ И РАНО ОТКРИВАЊЕ СО ЦЕЛ РАКОТ ДА БИДЕ ОТКРИЕН ВО НЕГОВИОТ НАЈРАН СТАДИУМ КОГА МОЖНОСТИТЕ ЗА НЕГОВО ИЗЛЕКУВАЊЕ СЕ НАЈГОЛЕМИ
Рутинските скрининг тестови како што се мамограмите за рак на дојка, пап тест за рак на грлото на матката и колоноскопија за колоректален карцином се клучни. Овие тестови можат да откријат абнормалности пред да се појават симптоми, што овозможува рана интервенција.
Раното откривање значително ја зголемува стапката на преживување. На пример, ракот на дојка ако се открие во рана фаза има петгодишно преживување од 99%, во споредба со 27% преживување ако се открие во доцна фаза. Редовните прегледи може да доведат до брз третман, намалувајќи ја смртноста од рак.
Јавната свест и едукацијата за важноста на скринингот може да охрабри повеќе луѓе да учествуваат во овие тестови за спасување животи. Давателите на здравствени услуги треба да обезбедат пристапни и достапни услуги за скрининг за да допрат до пошироката популација, особено во недоволно опфатените области.
Со ставање приоритет на скринингот и раното откривање, можеме дополнително да го намалиме глобалното оптоварување со ракот.
Подготвил:
Д-р Петар Пецев - Специјалист по Социјална медицина и јавно здравје
ЈЗУ Центар за јавно здравје - Струмица
Јануари е посветен на подигнување на свеста за рак на грлото на матката – еден од најчестите и најпревентабилни видови рак кај жените. Ракот на грлото на матката се развива бавно, што овозможува рано откривање преку редовни гинеколошки прегледи и скрининг тестови, како што е ПАП-тестот и тестирањето за хуман папилома вирус (HPV).
Што го предизвикува ракот на грлото на матката?
Главниот причинител е инфекцијата со HPV, вирус кој се пренесува по сексуален пат. Иако повеќето HPV инфекции се безопасни и спонтано исчезнуваат, некои типови на вирусот можат да доведат до појава на преканцерозни промени или рак(тоа се HPV 16, 18, 31, 33, 35, 39, 45, 51, 52, 56, 58, and 59).
Покрај хуманиот папилома вирус (HPV) како најчест предизвикувач, други фактори кои го зголемуваат ризикот за развој на ова заболување се:
Како може да се спречи ракот на грлото на матката?
Симптоми на рак на грлото на матката
Во раните фази, овој рак често нема симптоми. Но, напреднатите фази може да предизвикаат:
Раното откривање и навременото лекување значително ги зголемуваат шансите за излекување.
Како се спроведуваат скрининг тестовите?
Редовното извршување на овие тестови, според националните и светските препораки, е клучно за рано откривање на преканцерозни промени.
Важноста на HPV вакцинацијата
Вакцината против HPV е препорачана за:
HPV вакцината е безбедна и ефикасна, и драматично го намалува ризикот од развој на рак на грлото на матката и други HPV-поврзани заболувања.
Третман и грижа за заболените
Третманот за рак на грлото на матката зависи од стадиумот на болеста:
Поддршката за жените кои поминуваат низ ова искуство е исто толку важна како и медицинскиот третман. Групи за поддршка, психолошка помош и социјална поддршка играат клучна улога во подобрување на квалитетот на животот.
Состојба во Македонија
Според податоците на Институтот за јавно здравје, во Македонија се забележува дека бројот на нови случаи за 2022 година со рак на грлото на матка изнесува 173, а бројот на починати од ова заболување бил 66.
Во периодот од 10 години, односно од 2013 до 2022 просечната инциденца за ова заболување била 9,2 на 100000 жени, или околу 170 нови случаи секоја година, тоа го прави ракот на грлото на матката 6-то најчесто малигно заболување кај жените.
Според податоците за морталитет, морталитетот изнесува 2,9 смртни случаи на 100000 жени, или во просек 52 починати жени во овој период од рак на грлото на матката.
Со редовни прегледи и водење добра грижа за сопственото здравје, сите овие смртни случаи може да бидат избегнати, бидејќи добар скрининг и рано откривање на сите случаи, води кон добри можности за ефикасен третман и избегнување на многу смртни случаи.
Подготвил: Д-р Петар Пецев - Спец. по социјална медицина и јавно здравје
Свеста за здравјето на мажите е клучна за промовирање на благосостојбата и спречување на сериозни здравствени проблеми кои несразмерно ги погодуваат мажите. И покрај напредокот во здравствената заштита, мажите честопати имаат тенденција да го занемаруваат своето здравје, што доведува до доцна дијагноза на состојби како што се срцеви заболувања, рак на простата и нарушувања на менталното здравје.
Секоја година се одбележува машкото здравје во нашата држава. Активностите од областа на промоција што се одвиваат овој месец се фокусирани на превенција на здравјето на мажите, особено обрнување внимание на тестикуларниот канцер, ракот на простата, менталното здравје на мажите и други чести болести кај мажите.
Подигнувањето на свеста за овие прашања ги охрабрува мажите да преземат проактивни чекори кон нивното здравје. Редовните прегледи и скрининг може да помогнат во рано откривање на проблемите, значително подобрување на резултатите од лекувањето. Едукацијата на мажите за заедничките здравствени ризици, како што се високиот крвен притисок, дијабетесот и одредени видови на рак, им дава моќ да направат информиран избор на начин на живот.
Менталното здравје е уште еден витален аспект на свеста за здравјето на мажите. Општествените очекувања често ги притискаат мажите да изгледаат силни и стоички, што може да ги спречи да бараат помош кога е потребно. Промовирањето на отворени разговори за менталното здравје може да ја намали стигмата, охрабрувајќи ги мажите да зборуваат за своите чувства и да бараат поддршка.Покрај тоа, изборот на здрав начин на живот - како што се одржување на урамнотежена исхрана, редовни физички активности и избегнување на штетни навики како пушење и прекумерно пиење - играат значајна улога во подобрувањето на целокупното здравје.
Инциденцата на овие заболувања во Република Северна Македонија е 27,1 случаи со рак на простата на 100000 жители и 4,1 случаи со тестикуларен карцином на 100000 жители. Морталитетот изнесува 204 починати мажи од рак на простата и 9 починати од рак на тестиси.
Со поттикнување на културата на здравствена свест, можеме да ги охрабриме мажите да им дадат приоритет на нивното здравје и благосостојба, што ќе доведе до подолг, поздрав живот и намалување на здравствените проблеми што може да се спречат. Од суштинско значење е да се прекине тишината околу здравјето на мажите и да се направи тема на разговор, осигурувајќи се дека мажите се чувствуваат поддржани и охрабрени да преземат одговорност за своето здравје.
JЗУ Центар за јавно здравје Струмица Ве информира дека вакцинацијата против сезонски грип во Струмица започна вчера на 21.10.2024 година.
Вакцинација против сезонски грип е најефикасна мерка за превенција на грип, која спречува појава на потешки форми, компликации и смртен исход особено кај ризичните групи. Вакцинацијата против сезонскиот грип е незадолжителна, по желба на граѓанинот.
Бесплатната вакцинација против сезонски грип е наменета за следните ризични групи:
*Стари лица (над 65 години);
* Лица со хронични заболувања;
*Здравствени работници;
*Бремени жени;
*Деца на возраст од 6 месеци до 5 години.
Заинтересираните лица треба само да закажат за бесплатна вакцинација на https://vakcinacija.mk/mk/registration-flu?fbclid=IwAR06BSDGCR0NaKR8bJrWJ-mw1sDpmHFpJ5mOPTmZPSqzyiG8CNDddsSMmeM
Согласно распоредот предвиден во планот за вакцинација, по пат на смс ќе добијат информација за точниот датум и час кога треба да се вакцинираат на пунктот кој го изберале при регистрацијата.
Истовремено Центарот за јавно здравје- Струмица набави и 200 комерцијални вакцини, чија цена изнесува 700 денари и се наменети за лица кои не ги исполнуваат критериумите за бесплатната вакцинација.
Вакцинацијата против сезонски грип се спроведува во Просториите на Центарот за јавно здравје.
Се известуваате сите граѓани на општина Струмица дека водоснабдителна чешма ''Жаба,, на патот кон с.Добрејци, врз основа на извршените микробиолошки и физичко хемиски лабораториски анализи согласно Правилникот за безбедност на водата, испитаниот примерок НЕ Е ЗДРАВСТВЕНО ИСПРАВЕН поради контаминација со бактерии - индикатори на фекално загадување.
Истата НЕ Е ЗДРАВСТВЕНО БЕЗБЕДНА за пиење и употреба.
Ризикот за употреба е ИНДИВИДУАЛЕН.
Текстот го подготви Д-р Томислав Хаџи - Тосев - Спец по хигиена и здравствена екологија
ЈЗУ Центар за јавно здравје - Струмица
15.10.2024
ДА БИДЕМЕ СВЕСНИ!
ИМАТЕ ГОЛЕМИ ШАНСИ ДА ГО ПОБЕДИТЕ РАКОТ НА ДОЈКАТА АКО ГО ОТКРИЕТЕ И ТРЕТИРАТЕ НАВРЕМЕНО.
ДОКОЛКУ ЗАБЕЛЕЖИТЕ ДЕКА НЕШТО НЕ Е ВО РЕД СО ВАШИТЕ ДОЈКИ, НЕ ЧЕКАЈТЕ. ПОБАРАЈТЕ ПОМОШ ВЕДНАШ!
Што се кардиоваскуларни болести?
Кардиоваскуларните болести (КВБ) претставуваат група болести кои влијаат на срцето и крвните садови (вените и артериите). Тие се водечка причина за смртност на глобално ниво. КВБ предизвикуваат повеќе смртни случаи од која било друга причина, со над 20,5 милиони смртни случаи годишно. Од овие смртни случаи, 85% се резултат на коронарни срцеви болести (како срцев удар) и цереброваскуларни болести (како мозочен удар), при што најпогодени се земјите со ниски и средни приходи.
Дали знаевте дека Вашето срце е со големина на тупаница и е најсилниот мускул во Вашето тело? Тоа започнува да чука околу три недели по зачнувањето. Ако живеете до 70 години, ќе чука околу две и пол милијарди пати. Но, и покрај својата сила, Вашето срце може да стане ранливо на различните фактори на ризик како што се пушење, дијабетес, висок холестерол, нездрава исхрана или висок крвен притисок.
Срцевиот систем, исто така, може да ослабе од веќе постоечки срцеви заболувања или други физиолошки фактори, како што се хипертензија или висок холестерол во крвта. Кога функциите на срцето се нарушени, зборуваме за кардиоваскуларни болести, широк поим кој се однесува на секое нарушување на системот во кој срцето игра главна улога.
Клучни факти
- 1 од 3 смртни случаи од КВБ се случуваат предвремено кај лица под 70 години
- 85% од смртните случаи од КВБ се должат на срцев удар и мозочен удар
- повеќе од 75% од смртните случаи од КВБ се случуваат во земји со ниски и средни приходи
Фактори на ризик
Развојот на кардиоваскуларни болести може да биде предизвикан од различни социо-економски, бихејвиорални и еколошки фактори на ризик, како што се висок крвен притисок, нездрав начин на исхрана, покачен холестерол, дијабетес, загадување на воздухот, дебелина, употреба на тутун, бубрежна болест, недостиг на физичка активност, прекумерна употреба на алкохол и стрес. Дополнително, семејната историја, етничкото потекло, полот и возраста можат да имаат влијание врз ризикот од појава на овие болести кај поединците.
Грижата за Вашето срцето започнува со запознавање и разбирање на факторите на ризик, затоа е важно да ги знаете сите Ваши здравствени параметри. Има многу фактори кои можат да придонесат за појава на коронарна срцева болест и мозочен удар. Некои од нив, како што е семејната историја, не можат да се променат, но други, како високиот крвен притисок, можат да се контролираат со соодветен третман.
Присуството на фактори на ризик, нужно не води кон развој на кардиоваскуларни болести, но поголемиот број на ризик фактори ја зголемува веројатноста за нивно развивање. Сепак, можете да ја намалите оваа веројатност ако превземете мерки за контрола и превенција на факторите на ризик и заштита на здравјето на Вашето срце.
Ретки и занемарени кардиоваскуларни заболувања
Со зголемување на свеста за невообичаените и занемарени состојби, можеме да придонесеме кон подобро дијагностицирање и правична здравствена заштита…бидејќи секое отчукување на срцето е важно.
Иако поединечните болести се ретки, заедно ретките кардиоваскуларни болести погодуваат околу 5% од светската популација. Постојат повеќе од 6.000 познати ретки болести, од кои некои влијаат на срцето и циркулаторниот систем.
80% од ретките болести имаат генетско потекло и најчесто се јавуваат во раното детство. Пациентите со вакви заболувања, најчесто се соочуваат со задоцнета дијагноза, поради недостаток на медицинско знаење и ниска свест за овие состојби, што дополнително го зголемува социјалниот и финансискиот товар за засегнатите поединци, како и за нивните семејства.
Една од овие болести е транстиретин амилоидна кардиомиопатија (ATTR-CM), вид на амилоидоза на срцето. ATTR-CM е ретка, слабо препознаена и фатална состојба, што резултира со прогресивна срцева слабост. Главно ги погодува мажите над 60 години, но може да се јави и кај жени. Друга е болеста Кавасаки, која станува се почеста и претставува водечка причина за стекнати срцеви заболувања кај децата.
Исто така, постојат и срцеви заболувања кои се посебно тешки и им нанесуваат големи здравствени оптоварувања на оние кои живеат во земјите со низок и среден приход. Така на пример, Шагасовата болест, предизвикана од паразити наречени Trypanosoma cruzi, откриена пред повеќе од 100 години и денес погодува над седум милиони луѓе, претставувајќи еден од најраспространетите здравствени проблеми во Латинска Америка. Доколку не се лекува, може да доведе до трајно оштетување на срцето и другите витални органи.
Ревматската срцева болест (РСД) погодува околу 39 милиони луѓе ширум светот и одзема 291.000 животи годишно, главно во земјите со низок и среден приход. Таа најчесто се јавува во детството и може да доведе до смрт или траен инвалидитет.
Текстот е превземен од https://www.iph.mk/mk/news/index/1342?cookieS=1
Светски ден на контрацепција
Пристапот до контрацепција е човеково право.
Тоа го унапредува здравјето и благосостојбата не само на жените и девојчињата, туку и на нивните семејства и општества. Сепак, ширум светот, ескалацијата на нееднаквоста - поврзана со фактори како раса, раселување, образование и приход - го отежнува пристапот до контрацептивни средства за милиони луѓе, особено жените и девојчињата.
На секој поединец мора да му се гарантира слободата да го заштити своето репродуктивно здравје и да го планира своето семејство. Пристапот до контрацепција е суштински за телесна автономија и за постигнување на целосниот потенцијал; помага да се намалат раѓањата кај адолесцентите, да се спречат смртни случаи кај мајките и да се спречи понатамошната родова нееднаквост.
Имајќи го ова на ум, нашата тема за Светскиот ден на контрацепција оваа година е: „Избор за сите. Слобода на планирање, моќ на избор“.
Има многу да се направи. Додека многу земји ги зголемија трошоците за контрацептивни средства, постои растечки јаз во финансирањето на контрацептивни средства на глобално ниво - јаз што ќе достигне најмалку 1,5 милијарди долари во земјите со ниски и средни приходи до 2030 година.
Тоа е недостаток што може да има катастрофални последици за жените и девојчињата.
Во моментов, речиси 257 милиони жени ширум светот - од кои повеќето живеат во земји со низок и среден приход - имаат незадоволена потреба за модерна контрацепција, што ја зголемува нивната ранливост на сексуално преносливи инфекции како ХИВ, како и на несакана бременост, небезбедна абортус и смрт на мајката што може да се спречи.
Не можеме да дозволиме жените да умираат поради недостаток на пристап до контрацепција. Мораме да им го обезбедиме она што им е потребно за да останат безбедни и да го одбранат своето сексуално и репродуктивно здравје, вклучително и во време на криза и раселување, кога нивната ранливост е зголемена.
Може да направи голема разлика: Истражувањата сугерираат дека задоволувањето на потребата за контрацепција може да спречи повеќе од половина од смртните случаи на мајки со намалување на поризичните бремености, со зголемување на растојанието помеѓу раѓањата и со намалување на веројатноста за небезбедни абортуси.
„Здравите семејства се создаваат по избор, а не случајно“, рече починатиот д-р Нафис Садик, поранешен извршен директор на УНФПА, на Меѓународната конференција за население и развој во Каиро пред три децении. На тој значаен настан, светските лидери ја потврдија Програмата за акција која ги препозна репродуктивното здравје и правата на жените - вклучително и доброволно планирање на семејството - како основа за развојот.
Навистина, ние мора да инвестираме во слободата на жените и девојките да ја планираат сопствената иднина. Мирот и просперитетот на светот зависат од тоа.
Текстот го подготви
Д-р Петар Пецев - Спец. Социјална медицина и јавно здравје
Оделение по Социјална медицна
ЈЗУ Центар за јавно здравје - Струмица
Светската недела на доење започна со одбележување во 1992 година со годишни теми, вклучувајќи ги и здравствените системи, изработка на меѓународен кодекс за маркетинг за адаптирано млеко, поддршка од заедницата, екологија, економија, наука и образование, како и теми од човекови права. Од 2016 година Светската недела на доење е усогласена со Целите за оддржлив развој (SDG). Во 2018 година резолуцијата на Светското здравствено собрание ја одобри Светската недела на доење како важна стратегија за промовирање на доењето.
Светската недела на доење се одбележува секоја година во првата недела од август, поддржана од СЗО, УНИЦЕФ, Министерството за здравство, како и партнери од граѓанскиот сектор. Темата под која ќе се одбележи овогодинешната недела е: Премостуваме разлики:поддршка за доење, за сите!
Како и секоја година, Институтот за јавно здравје дава поддршка и ја одбележува Светската недела на доење. Поддршката за доење доаѓа во различни форми и облици.
Со кампањата во светски рамки се опфаќаат сите мајки и нивните различности во текот на нивнотo патување во мајчинството и доењето, прикажувајќи ги начините на кои семејствата, општествата, заедниците и здравственитe работници можат да ги заштитат мајките доилки.
Оваа година се става акцент на видливост на мајките кои дојат, да се даде грижа и поддршка да бидат видени и слушнати и да ги споделат своите добри пракси за доењето и важноста на поддршката на повеќе нивоа. Светската алијанса за акција за доење (WABA) во текот на Светската недела на доење #WBW2024 ќе се фокусира на преживување, здравје и благосостојба, ќе ја покаже потребата од подобрување на поддршката за доење за да се намалат нееднаквостите што постојат во општествата - со посебен фокус на доењето во време на итни случаи и кризи. Од суштинско значење е никој да не биде запоставен, особено мајките од ранливите заедници.
Оваа поддршка вклучува:
Од 0 до 6 месечнa возраст хранење на доенчињата со мајчино млеко и ништо друго, им гарантира извор на храна кој е уникатно прилагоден на нивните потреби за хранливи материи, а истовремено е безбеден, чист, здрав и достапен без разлика каде се наоѓаат.
Постојат активности кои сите може да ги преземеме, кои им помагаат на жените да дојат онолку долго колку што сакаат. Заштита, промоција и поддршка за доењето, адресирајќи ги нееднаквостите кои стојат на патот на одржливиот развој.
Што е потребно за поддршка на мајките?
5 Maj - Светски ден на хигиената на рацете 2024: Зголемување на свеста и разбирањето за важноста на миењето раце со сапун како ефикасен и достапен начин за спречување на болести и спасување животи
Секоја година кампањата “СПАСИ ЖИВОТИ: Мијте ги вашите раце” има за цел да ја зголеми свеста за важноста на хигиената на рацете во здравствената заштита и да ги „здружи луѓето“ за поддршка на подобрувањето на хигиената на рацете на глобално ниво.
Хигиената на рацете секоја година спасува милиони животи кога се изведува во вистински моменти за време на испораката на здравствена заштита. Тоа е исто така паметна инвестиција која нуди исклучителен поврат за секој вложен денар.
СЗО ги повикува сите да бидат инспирирани од глобалното движење за да се постигне универзална здравствена покриеност (УЗП), односно да се постигне подобро здравје и благосостојба за сите луѓе на сите возрасти, вклучително и заштита од финансиски ризик, пристап до квалитетни основни здравствени услуги и пристап до безбедни, ефективни, квалитетни и достапни есенцијални лекови и вакцини за сите. Превенцијата и контролата на инфекции, вклучително и хигиената на рацете, е од клучно значење за да се постигне УЗП бидејќи тоа е практичен доказ кој се темели на пристап со докажано влијание врз квалитетот на грижата и безбедноста на пациентите на сите нивоа на здравствениот систем.
Тема на кампањата:
Промовирање на знаење и градење на капацитетите на здравствените работниции соработници преку иновативна и влијателна обука и едукација, за превенција и контрола на инфекции, вклучително и хигиена на рацете.
Слоган:
Зошто споделување на знаења за хигиената на рацете е сè уште толку важно? Затоа што помага да се запре ширењето на штетните бактерии во здравството.
Цели на кампањата:
Зајакнување на пристапите за учење за да се овозможи имплементација на иновативна и ефективна обука за да се поттикнат здравствените работници и негователите да ја подобрат хигиената на рацете со зголемено знаење, вештини и однесувања.
Промовирајте пристап до иновативни ресурси за обука за хигиена на рацете за здравствените работници и здравствените соработници!
Подигнете ја свеста за важноста на знаењето и учењето за хигиената на рацете во вистинско време за спречување на низа заразни болести!
Поттикнување на механизмите за мерење и евалуација за да се процени влијанието на обуката и образованието за хигиената на рацете и нивниот ефект врз спречувањето на инфекциите и антимикробната резистенција.
Годинешни повици за акција:
Здравствени работници:
Инфекциите поврзани со здравствената заштита се меѓу најчестите несакани настани што се случуваат во контекст на давањето здравствени услуги - 136 милиони случаи на инфекции асоцирани со здравствена заштита отпорни на антибиотици се случуваат ширум светот секоја година.
Негователи:
Хигиената на рацете секоја година спасува милиони животи кога се изведува во вистинско време во здравствената заштита, додека подобрувањето на хигиената на рацете во здравствените установи заштедува приближно доволно финансиски средства за здравствена заштита.
Креатори на политики:
Инвестирајте за здравје и достоинство.
Оние кои имаат пристап до грижа:
Споделувањето на знаењето за хигиената на рацете сè уште е толку важно бидејќи на крајот е многу ефикасен начин да се запре ширењето на штетните бактерии во здравството.
Светскиот ден на физичката активност се одбележува на годишно ниво и има за цел да ја промовира физичката активност и нејзината улога во оддржување на добрата здравствена состојба. Овој ден за прв пат е основан во 2002 година од Светската здравствена организација (СЗО), со цел да се подигне свеста за придобивките од физичката активност за севкупното здравје и да се охрабрат луѓето да усвојат поактивен начин на живот.
Физичката активност е дефинирана како „секое телесно движење произведено од мускулно-скелетниот апарат, кое троши енергија“ и е важно за подобрување и одржување на општата здравствена состојба на секој поединец. Физичката активност е битна за многу форми на управување со болката. Повеќето упатства за акутна мускулно-скелетна болка се фокусираат на совети за зголемување на физичката активност. Најефективните третмани за постојаната мускулно-скелетна болка се однесуваат на физичката активност или онаму каде што таа е доминантна компонента (на пример, аеробни вежби) или каде што има поголема употреба на психолошки принципи. Неколку биолошки механизми може да бидат одговорни за тоа, како физичката активност може да ја намали болката или да спречи повторување на болката. На пример, рутинската физичка активност може да го подобри составот на телото, преку намалени маснотии во пределот на стомакот и поголема контрола врз телесната тежина.
Активен начин на живот ја зголемува силата, флексибилноста и аеробната кондиција, учествува во намалување на системското воспаление (на пр. намалување на циркулирачките воспалителни медијатори како што е Ц-реактивниот протеин). Може да ја подобри психолошката благосостојба (преку намалување на стрес, анксиозност и депресија) и квалитетот на сонот. Исто така, може да ја подобри само-ефикасноста, по пат на управување на болката и зголемување на способноста за движење.
Постојат многу митови околу физичката активност и болката. Вообичаено луѓето веруваат дека движењето е опасно кога некој има болка и треба да чекаат болката да се намали пред да се активираат. Овие митови треба да се отфрлат и да се поттикнат луѓето што побрзо да се вратат на физичката активност. За намалување на болката, ниту еден вид физичка активност не е посупериорен во однос на друг. На пример, пешачењето, возењето велосипед, јогата итн. имаат слични ефекти врз нивото на болката и инвалидитетот. Клучниот фактор е придржувањето - па затоа е многу важно секој поединец да избере активност во која ужива. Секаков вид на физичката активност е корисна, но таа не е широко прифатена во нега на клиничката болка.
Кампањата „On The Move“, (во движење) на Европската федерација за болка има широка примена и е преведена на повеќе од 10 јазици, со цел да им укаже на луѓето, за важноста на редовната физичка активност!
Текстот е превземен од https://www.iph.mk/mk/news/index/1252?cookieS=1
„ Моето здравје, мое право“.
Низ светот, правото на здравје на милиони луѓе од година во година e се повеќе под закана.
Болестите и катастрофите се причина за смрт и инвалидитет кај луѓето.
Конфликтите ги уништуваат животите на луѓето, предизвикуваат смрт, болка, глад, психичка вознемиреност.
Согорувањето на фосилните горива ја потикнува климатската криза и ни го одзема правото да дишеме чист воздух, па оттука, загадувањето на воздухот во затворен простор и надвор одземаат живот на секои 5 секунди.
Советот на Светската здравствена организација за економија на здравјето за сите утврди дека најмалку 140 земји го признаваат здравјето како човеково право во нивниот устав. Сепак, земјите не донесуваат и не спроведуваат закони за да обезбедат нивното население да има право на пристап до здравствените услуги.
Ова го поткрепува фактот дека најмалку 4,5 милијарда луѓе – повеќе од половина од светското население – не биле покриени со основните здравствени услуги во 2021 година.
За да се одговори на овие видови предизвици, темата на Светскиот ден на здравјето за 2024 година е „ Моето здравје, мое право“.
Овогодинешната тема има за цел и се залага за правото на секој, секаде да има пристап до квалитетни здравствени услуги, образование и информации, безбедна вода за пиење, чист воздух, добра исхрана, квалитетно домување, пристојни работни и еколошки услови и слобода од дискриминација.
Април 2024 година
ЈЗУ Центар за јавно здравје Струмица е една од најстарите здравствени институции во Република Македонија, која што функцонира на територијата на Општина Струмица, Валандово, Босилово, Василево, Ново Село...