,,Пристап до образование за Дијабет”
Дијабетот е хронично метаболно заболување, кое се карактеризира со покачено ниво на глукоза во крвта, поради недостаток или нарушена секреција на инсулин од панреасот. Покаченото ниво на шеќерот во крв доведува до сериозно оштетување на срцето, крвните садови, бубрезите, очите и нервите. 100 години после откривање на инсулинот, милиони луѓе со дијабет ширум светот немаат пристап до соодветна нега. Светскиот ден на дијабетес дава можност да се подигне свеста за дијабетесот како глобално јавно здравствено прашање и што треба да се направи, колективно и индивидуално, за подобра превенција, дијагноза и лекување на состојбата. Овогодинешната тема, „пристап до образование за дијабетес“, ја поткрепува темата за 2021-2023 година „пристап до грижа“.
Околу 463 милиони луѓе ширум светот имаат Дијабет, а повеќето од нив живеат во земји со низок и среден приход. Во 2019 година, околу 9,3% од светската популација има дијабетес, а со линеарниот пораст низ годините, се претпоставува дека оваа бројка ќе се искачи до 11% во 2045 година. Околу 1.5 милиони смртни случаи биле директно предизвикани од дијабетот за истата година, а дополнителни 2.2 милиони смртни случаеви се препишуваат на состојбата на хипергликемија во кртвта. Тоа го прави дијабетот една од водечките причини за смрт меѓу луѓето. Експанзивното зголемување на епидемијата на дијабетес оди рака под рака со порастот на нејзините фактори на ризик. Зголемувањето на факторите на ризик за дијабетес е алармантно кај децата и адолесцентите. 42 од 100 адолесценти и 36 од 100 деца се со прекумерна тежина или дебели, додека 81 од 100 адолесценти се недоволно физички активни.
Во Република Северна Македонија, според регистарот за шеќерна болест за 2021 година, објавен од Институтот за Јавно Здравје, бројот на ново регистрирани новодијагностицирани болни со дијабет изнесува 7,460 случаи, односно инциденца од 359,9 а вкупната преваленца изнесува 135,690 случаи, односно стапка од 6,547
Дијабет тип 1
Дијабетот тип 1 (инсулин-зависен дијабет, јувенилен или детски дијабет) се карактеризира со целосно отсуство на секреција на инсулин од панкреасот и бара дневна администрација на инсулин. Причините за него се непознати, но се претпоставува дека се јавува автоимуна деструкција на β-клетките на панкреасот. Главни симптоми се зголемена екскреција на урина (полиурија), жед (полидипсија), глад (полифагија), прекумерно губење на тежината, замор и друго.
Дијабет тип 2
Дијабетот тип 2 (инсулин-независен дијабет) е резултат на неефикасната употреба на инсулинот од телото. Физичката неактивност, прекумерната телесна тежина, исхраната како и фамилијарната историја се главните причини за Дијабет тип 2. Главните симптоми се генерално слични со тие на Дијабетот тип 1, но често се помалку изразени. Како резултат на тоа, дијабетот може да се дијагностицира неколку години од почетокот на болеста , откако веќе се јавени компликации. Поради оваа причина, важно е да се внимава на факторите на ризик. Дијабетот тип 2 се почесто се јавува и кај помладата популација.
Гестациски Дијабет
Гестациски дијабет е состојба на покачени вредности на шеќерот во крв, но под оние дијагностички вредности за дијабетот. Тој се јавува за време на бременоста. Жените со гестациски дијабет се изложени на зголемен ризик од компликации за време на бременоста и породувањето. Овие жени и нивните деца имаат зголемен ризик за јавување на Дијабет тип 2 во иднина.
Нарушена толеранција на глукоза (IGT) и нарушена гликемија на гладно (IFG)
Овие преддијабетни состојби, претставуваат транзицијата пред дијабетот, иако тоа не мора да се случи. Се карактеризираат со состојба на покачена гликемија, но недоволно за да се дијагностицира дијабет. Луѓето во преддијабетна состојба можат да превенираат јавување на Дијабет тип 2 во иднина со здрава исхрана, зголемана физичка активност и менаџирање на стресот.
Дијабетесот тип 1 во моментов не може да се спречи. Достапни се ефективни пристапи за спречување на дијабетес тип 2, како и спречување на компликации и прерана смртност како што се редовната физичка активност, здравата исхрана, избегнување на пушењето, контрола на крвниот притисок и липидите во крвта, употреба на лекови доколку е потребно, со цел подобро здравје и спречување на компликации. Нетретиран дијабет пројавува бројни компликации кои се јавуваат поради оштетување на малите крвни садови на очите (ретинопатија која може да доведе до слепило), бубрезите (нефропатија), нервите (невропатија), улцери и инфекции на стапалото, кардиоваскуларни болести, мозочен удар и друго.
Што можеме да направиме за да го контролираме дијабетот?
Текстот е превземен од
Ноември – Светски месец на машкото здравје
Секоја година во светот се одбележува ноември, како светски месец на машкото здравје. Фокусот главно е на ракот на простата. Глобално, ракот на простата е втората причина за смртност кај мажите, дури 1.4 милиони луѓе годишно се дијагностицирани со ова заболување ( Извор:www.movember.com, 2022.).
РАНОТО ОТКРИВАЊЕ Е КЛУЧНО!
Разликата меѓу раното и доцното откривање може да биде фатална. Овде се сите потребни информации и податоци за ракот на простата што треба да ги знаете.
Кои се ризичните групи?
Ризикот од развој на рак на простата се зголемува со возраста, но тоа не значи дека тоа е болест која ги погодува само старите мажи. Ракот на простата е втор најчест карцином кај мажите во светот. Мажите со африканско или карипско потекло и мажите кои имаат семејна историја (брат или татко со рак на простата), имаат 2,5 пати поголема веројатност да заболат од рак на простата ( Извор:www.ourworldindata.com, 2021 ).
Што е ПСА ТЕСТ?
Тоа е тест, со кој се открива присуството на Простата специфичен антиген (ПСА) во крвта. За тестирање на ПСА обратете се кај вашиот матичен лекар, кој понатаму ќе ве упати до установа каде што се врши ова тестирање.
Во зависност од вашата возраст и дали припаѓате на некоја од ризичните групи, можеби ќе биде потребно да направите дополнителни испитувања. Тоа се ЕХО на простата и дигиторектален преглед на истата.
За сите овие прегледи и консултации, обратете се кај вашиот матичен лекар.
Само со овие активности може рано да се открие ракот на простата, а како што спомнавме претходно раното откривање е клучно во лекувањето и заздравувањето.
Факти за ракот на простата
Само мажите имаат простатична жлезда. Простатата обично е со големина и облик на орев и расте како што стареете. Се наоѓа под мочниот меур и ја опкружува уретрата, преку која мажите уринираат и ејакулираат. Неговата главна работа е да помогне во создавањето на семената течност.
Ракот на простата се јавува кога некои од клетките во простатата се репродуцираат многу побрзо од нормалното. Ракот на простата често за почеток расте бавно и може дури и да не предизвика никакви симптоми. Оваа состојба доколку не се третира, може да се прошири надвор од простата и да ги нападне далечните делови на телото, особено лимфните јазли и коските, создавајќи секундарни тумори во процес познат како метастазирање.
Знаци и симптоми:
-Крв во урината
-Проблеми со уринирање, слаб и испрекинат млаз, со зачестено ноќно мокрење
-Еректилна дисфункција
-Болка
-Неконтролирани нагони за мокрење
Третман на рак на простата
Постојат повеќе можности за третман кај рак на простата:
Несакани ефекти од третманот на рак на простата
Во зависност од кој третман ќе биде применет, несаканите ефекти може да варираат, така да пациентите може да се соочат со:
Состојба во Република Северна Македонија
Во Ребулика Северна Македонија во 2021 година се регистрирани 397 нови случаи, односно инциденцата на 100.000 жители изнесува 27.1. Во однос на претходните години ситуацијата е слична (графикон 1)
Секоја година во светот се одбележува ноември, како светски месец на машкото здравје. Фокусот главно е на ракот на простата. Глобално, ракот на простата е втората причина за смртност кај мажите, дури 1.4 милиони луѓе годишно се дијагностицирани со ова заболување ( Извор:www.movember.com, 2022.).
РАНОТО ОТКРИВАЊЕ Е КЛУЧНО!
Разликата меѓу раното и доцното откривање може да биде фатална. Овде се сите потребни информации и податоци за ракот на простата што треба да ги знаете.
Кои се ризичните групи?
Ризикот од развој на рак на простата се зголемува со возраста, но тоа не значи дека тоа е болест која ги погодува само старите мажи. Ракот на простата е втор најчест карцином кај мажите во светот. Мажите со африканско или карипско потекло и мажите кои имаат семејна историја (брат или татко со рак на простата), имаат 2,5 пати поголема веројатност да заболат од рак на простата ( Извор:www.ourworldindata.com, 2021 ).
Што е ПСА ТЕСТ?
Тоа е тест, со кој се открива присуството на Простата специфичен антиген (ПСА) во крвта. За тестирање на ПСА обратете се кај вашиот матичен лекар, кој понатаму ќе ве упати до установа каде што се врши ова тестирање.
Во зависност од вашата возраст и дали припаѓате на некоја од ризичните групи, можеби ќе биде потребно да направите дополнителни испитувања. Тоа се ЕХО на простата и дигиторектален преглед на истата.
За сите овие прегледи и консултации, обратете се кај вашиот матичен лекар.
Само со овие активности може рано да се открие ракот на простата, а како што спомнавме претходно раното откривање е клучно во лекувањето и заздравувањето.
Факти за ракот на простата
Само мажите имаат простатична жлезда. Простатата обично е со големина и облик на орев и расте како што стареете. Се наоѓа под мочниот меур и ја опкружува уретрата, преку која мажите уринираат и ејакулираат. Неговата главна работа е да помогне во создавањето на семената течност.
Ракот на простата се јавува кога некои од клетките во простатата се репродуцираат многу побрзо од нормалното. Ракот на простата често за почеток расте бавно и може дури и да не предизвика никакви симптоми. Оваа состојба доколку не се третира, може да се прошири надвор од простата и да ги нападне далечните делови на телото, особено лимфните јазли и коските, создавајќи секундарни тумори во процес познат како метастазирање.
Знаци и симптоми:
-Крв во урината
-Проблеми со уринирање, слаб и испрекинат млаз, со зачестено ноќно мокрење
-Еректилна дисфункција
-Болка
-Неконтролирани нагони за мокрење
Третман на рак на простата
Постојат повеќе можности за третман кај рак на простата:
Несакани ефекти од третманот на рак на простата
Во зависност од кој третман ќе биде применет, несаканите ефекти може да варираат, така да пациентите може да се соочат со:
Состојба во Република Северна Македонија
Во Ребулика Северна Македонија во 2021 година се регистрирани 397 нови случаи, односно инциденцата на 100.000 жители изнесува 27.1. Во однос на претходните години ситуацијата е слична (графикон 1)
Во однос на смртноста, во 2021 година имало вкупно 201 починати од рак на простата. Исто и со смртноста бројот е сличен како и во претходните години (графикон 2)
ПРЕПОРАКА:
Ако имате 50 години, треба да разговарате со вашиот лекар за тестирање на ПСА. Ако имате фамилијарно потекло, односно брат или татко со рак на простата во нивната историја, треба да го започнете тој разговор на 45 години.
Текстот е превземен од
Светскиот ден на срцето е можност секој да застане и да размисли како најдобро да го искористи срцето за човештвото, за природата и за самите нас. Справувањето со кардиоваскуларните болести (КВБ) е нешто што е важно за секое срце кое чука.
Користењето на срцето значи да размислувате поинаку. Да се донесат правилни одлуки. Да се дејствува храбро. Да им помогнеме на другите. За да се вклучииме сите во оваа важна одлука. Срцето е единствениот орган што можете да го слушнете и почувствувате. Тоа е првиот и последниот знак на животот. Тоа е една од ретките работи со потенцијал да не обедини сите нас како луѓе.
Овогодишната кампања е постевена на секое срце кое се вклучува во неа, а истовремено правејќи ја повеќе и лична. Сакаме пораките на Светскиот ден на срцето да стигнат до што е можно повеќе поединци за да помогнат да се постигне добро кардиоваскуларно здравје за секое срце.
Текстот го подготви
Д-р Петар Пецев - Специјалист по Социјална медицина и јавно здравје
Светскиот ден на контрацепција се одбележува секоја година на 26 ти септември.
Целта на одбележувањето на Светскиот ден е да се подигне свесноста за сите достапни методи на контрацепција и да им се овозможи на младите луѓе да направат соодветен и правилен избор за нивното сексуално и репродуктивно здравје.1
На Меѓународната конференција за население и развој (ICPD) во Каиро во 1994 година сега покојниот др Нафис Садик, поранешен извршен директор на УНФПА и основач на значајни програми за акција на ICPD, ја пренесе често цитираната вистина:”Здрави семејства се создаваат по избор, не по случајност”.
Во Каиро делегатите на 179 влади ја потврдија, Програмата за акција, која ги призна репродуктивното здравје и правата, вклучително доброволно планирање на семејство- како основа за развојот и дека зајакнувањето на жените и родовата еднаквост се неопходни за општествата да напредуваат. Правото на жената да го избере бројот, времето и растојанието помеѓу раѓањето на нејзините деца е фундаментално. Контрацепцијата е составен дел од нејзиното одлучување. Придобивките се многукратни: намалена смртност и инвалидитет кај мајката ,смртност или морбидитет кај новороденчето, детска и несакана бременост и намалување на бројот на абортуси. Машките и женските кондоми можат да ги намалат сексуално преносливите инфекции. Девојките и жените ќе можат да ги планираат своите семејства а со тоа ќе имаат поголеми можности да го остварат својот потенцијал.Тие можат да продолжат со образованието да учествуваат и да придонесуваат за економијата што ќе доведе до просперитетни правични и стабилни општества.2
Бројот на жени кои сакаат да користат контрацепција при планирање на семејство значително се зголемил во текот на изминатите две децении, од 900 милиони во 2000 година на скоро 1,1 милијарда во 2020 година. Стапката на преваленца на контрацепција се зголемила од 47,7 % на 49,0 %. До 2030 година се предвидува да се додадат дополнителни 70 милиони жени.3
На глобално ниво, бројот на незадоволената потреба за контрацепција останува многу висока поради недостатокот на услуги за планирање на семејство.
Многу објавени студии укажуваат на тоа дека употребата на модерната контрацепција е под влијание на голем број фактори: социоекономски, демографски, географски, културни како и психолошки фактори.4
Модерна контрацепција
Современит методи на контрацепција се иновативни решенија со цел париовите да можат да возвратат на природниот импулс и желбата со намалени ризици од бременост и несакани сексуално преносливи инфекции. Современите методи се технолошки напредок, дизајнирани да ја надмине биологијата. Во овој поглед, модерните методи им овозможуваат на паровите да имаат сексуален однос во секое посакувано време.5
Современите методи на контрацепција вклучуваат:
За повеќе информации за видот на контрацептивните средства одете на “прозорчето” -Планирање на семејство, на веб страната на страната: iph.mk
Употребата на модерни контрацептивни средства спречува околу 308 милиони несакани бремености секоја година ширум светот. Околку 15 милиони адолесценти користат модерна контрацепција, додека 23 милиони немаат пристап до модерни контрацептивни средства и затоа се изложени на зголемен ризик од несакана бременост и ризик од сексуално преносливи инфекции.3
Во Република Северна Македонија од Извештајот на службата за здравствена заштита на жени при прикажаните гинеколошки посети во 2021 година се ординирани зголемен број на контрацептивни средства за разлика од минатата година.Трендот на зголемување и поголемиот опфат на посети се должи поради намалениот број на заболени пациенти со COVID -19 и поголемата достапност и посетеност на гинеколошките ординации. Во 2020 година вкупниот број на посети за ординирање на контрацептивни средства е 2156 додека во 2021 година бројот е зголемен на 6341 пациент. Според видот на контрацептивни сретства на прво место е оралната контрацепција која е ординирана кај 1792 пациентки.6
Во Република Северна Македонија пристапот и достапноста до модерна контрацепција е ограничен поради повеќе бариери и фактори. Високите цени на пазароти како и мал и ограничен избор од одреден продукт; невработеност и сиромаштија; недоволна информираност на младите за видот и начинот на користење на контрацептивните средства; стигма и недостаток на информации; застарени и неревидирани извори за информирање на младите.
Потребна е континуирана едукација и промоција за заштитата на здравјето на жените и мажите. Преку едукативни сеопфатни програми во образовниот процес но и надвор од него да вклучуваат едукација за род, човекови права и сексуалност.
Поттик за контрола врз сопственото здравје, едукација за изборот на најсоодветна контрацепција за себе и за својот партнер.
Преку Резолуцијата 42/112 од 7 декември 1987 година, Генералното собрание одлучи да го одбележи 26 јуни како Меѓународен ден против злоупотреба и недозволена трговија со дрога како израз на неговата решеност да ја зајакне акцијата и соработката за постигнување на целта за меѓународно општество без дрога.
Поддржано секоја година од поединци, заедници и различни организации ширум светот, оваа глобална прослава има за цел да ја подигне свеста за главниот проблем што недозволените дроги го претставуваат општеството.
„Однесување на предизвиците со дрогата во здравствените и хуманитарните кризи“
Меѓународниот ден против злоупотреба на дрога и недозволена трговија или Светски ден на дрогата, се одбележува секоја година на 26 јуни за да се зајакне акцијата и соработката за постигнување свет без злоупотреба на дрога.
И секоја година, поединци како вас, цели заедници и разни организации ширум светот се придружуваат за да го одбележат Светскиот ден на дрогата за да помогнат да се подигне свеста за главниот проблем што недозволените дроги му го претставуваат на општеството.
Заедно, можеме да се справиме со светскиот проблем со дрогата!
Што можеш да направиш?
Од воени зони до бегалски кампови до растурени растурени од насилство, луѓето во сите делови на светот имаат огромна потреба од помош.
Оваа година, UNODC се справува со транснационалните предизвици за дроги кои произлегуваат од кризни ситуации.
Продолжуваме да се залагаме за заштита на правото на здравје за најранливите категории, вклучувајќи ги децата и младите; луѓе кои користат дроги; луѓе со нарушувања на употребата на дрога; и луѓе на кои им треба пристап до контролирани лекови.
Споделувајте вистински факти за ситуацијата со дрогите - од здравствените ризици и решенија за справување со светскиот проблем со дрогата до ресурсите за превенција, третман и нега базирани на докази во време на кризи.
1) Знајте ги фактите
2) Споделувајте информации само од проверени извори, како UNODC
Можеме да започнете сите сега. Вклучете се со споделување на вистинските факти за дрогата од нашите канали на Твитер и Фејсбук.
Можете исто така да пристапите и да ги споделите нашите ресурси на социјалните мрежи и да не поддржувате во промовирањето на фактите за дрогата.
Што прави UNODC
Секоја година, UNODC го издава Светскиот извештај за дроги, полн со клучни статистички податоци и фактички податоци добиени преку официјални извори, научен пристап и истражување.
UNODC продолжува да обезбедува факти и практични решенија за решавање на актуелниот светски проблем со дрогата и останува посветен на постигнување здравје за сите.
Здравствениот и правосудниот сектор се под притисок, а пристапот до услуги и поддршка е попречен кога најмалку можеме да си го дозволиме тоа.
Во 2022 година, светот продолжува да биде сведок на раширени хуманитарни кризи во Авганистан, Украина и на други места, додека пандемијата COVID-19 сè уште е голема глобална здравствена криза. Кризата со синтетички дроги бара и пргави и прилагодливи решенија. Сè поголемото чувство за глобална заедница и солидарност продолжува да се појавува, како и потребата да се грижиме за сите во време на кризи.
Со кампањата „#CareInCrises“, помогни ни да го направиме Светскиот ден на дрогата пресвртна точка во глобалните напори за справување со предизвиците со дрогата.
Светски ден без тутун 2022: Заканата од тутунот за нашата животна средина
СЗО и шампионите за јавно здравје ширум светот го одбележуваат Светскиот ден без тутун (WNTD) оваа година со фокусирање на многуте начини на кои тутунот ја загрозува животната средина во која живееме.
Глобалната кампања за 2022 година има за цел да ја подигне јавната свест за влијанието врз животната средина на целиот циклус на тутун, од неговото одгледување, производство и дистрибуција до токсичниот отпад што го создава. Кампањата, исто така, ќе има за цел да ги разоткрие напорите на тутунската индустрија да ја зазелени својата репутација и да ги направи своите производи попривлечни со тоа што ќе ги пласира како еколошки.
Употребата на тутун е штетна во секоја фаза
Од почеток до крај, животниот циклус на тутунот е убедливо загадувачки и штетен процес. Како на пример, загадувањето на воздухот предизвикано од пушењето, но штетата се јавува низ целиот синџир на снабдување и е многу посложена.
Потребни се посилни политики
Потрошувачите т.е. пушачите треба да станат еколошки посвесни. Тутунските корпорации да воведат стратегии кои ќе бидат насочени кон екологијата како чистење на плажите и маркетинг на нови производи како еколошки за да се оттргне вниманието на јавноста од нивните сопствени еколошки штети.
Овогодишната кампањата и СЗО ги повикува владите и креаторите на политики да го засилат законодавството, вклучително и спроведување и зајакнување на постоечките шеми за да ги направат производителите одговорни за еколошките и економските трошоци за справување со отпадните производи од тутун. СЗО, исто така, препорачува земјите целосно да забранат рекламирање, промоција и спонзорство за тутун, во согласност со Рамковната конвенција за контрола на тутунот (СЗО FCTC).
Светски ден на здравјето, 7-ми април 2022 година - „Наша планета, наше здравје“
Дали можеме повторно да го замислиме светот во кој чистиот воздух, вода и храна се достапни за сите?
Дали може да замислиме свет каде економиите се фокусирани на здравјето и благосостојбата, свет каде градовите се погодни за живеење, а луѓето имаат контрола врз нивното здравје и здравјето на целокупната планета?
Најголемите проблеми во светот се лошото здравје и прераната смрт предизвикана од биолошки агенси во човековата средина во водата, храната, воздухот и почвата. Тие придонесуваат за прерана смрт на милиони луѓе, главно доенчиња и деца, како и за лошо здравје или инвалидитет на уште стотици милиони.
Здравјето зависи од нашата способност да ја разбереме и управуваме интеракцијата помеѓу човековите активности и физичката и биолошката средина. Имаме знаење за ова, но не успеваме да дејствуваме на правилен начин, иако имаме ресурси за одржливо да ги задоволиме сегашните и идните потреби.
Две грижи се од витално значење: развој кој се однесува на потребите на луѓето, особено за здравјето и еколошка одржливост за да не се исцрпат природните ресурси и да не се оштетат или деградираат природните системи. Задоволувањето на потребите на сегашното и идното светско население за храна, вода и енергија без исцрпување или оштетување на глобалната база на ресурси, притоа избегнувајќи ги негативните здравствени и еколошки последици од индустријализацијата и неконтролираната урбанизација, бара знаење и средства, како и промени во начинот на кој владите го планираат и управуваат развојот.
Луѓето несомнено ја нарушија рамнотежата на природата и како резултат на тоа, светот се соочува со највисока стапка на истребување.
Познати факти:
Во време на пандемија, загадена планета, болести коишто се во постојан пораст како рак, астма, срцеви заболувања, на Светскиот ден на здравјето во 2022 година, СЗО ќе го фокусира глобалното внимание на итните активности потребни за одржување на здравјето на луѓето и целата планета, како и за поттикнување на движењето за создавање општества фокусирани на благосостојба.
Целта е да се сврти вниманието на граѓаните на важноста од зачувување на природата и спречување на негативните последици по животната средина, односно да се предупреди за опасностите по живот на Земјата, екосистемите и урбаните области поради индустрискиот развој, зголемената потрошувачка на енергија, глобалното затоплување и климатските промени, со цел светското население да стане свесно за својата одговорност кон планетата на кој живее.
СЗО проценува дека повеќе од 13 милиони смртни случаи ширум светот секоја година се должат на еколошки причини што може да се избегнат. Ова пред се, се однесува на климатската криза која е единствената најголема здравствена закана со која се соочува човештвото. Всушност, климатската криза е и здравствена криза.
Нашите политички, социјални и комерцијални одлуки ја водат климатската и здравствената криза. Над 90 отсто од луѓето дишат загаден воздух како резултат на согорување на фосилни горива. Глобалното загревање го зема својот данок, комарците шират болести подалеку и побрзо од кога било досега. Екстремните временски настани, деградацијата на земјата и недостигот на вода ги раселуваат луѓето и влијаат на нивното здравје. Загадувањето и пластиката се наоѓаат на дното на нашите најдлабоки океани, највисоките планини и се пробиле во нашиот синџир на исхрана. Системите за производство на ултра-обработена, нездрава храна и пијалоци придонесуваат за се почеста појава на гојазност, притоа зголемувајќи ја и појавата на рак и срцеви заболувања, а истовремено создаваат третина од емисиите на стакленички гасови.
Авторите на Шестиот извештај на Меѓународниот панел за климатски промени (IPCC) испратија предупредувачка порака – порастот на глобалната просечна температура и последователните временски екстреми претставуваат огромна закана за животот на Земјата и може да бидат фатални за нас.
Во извештајот се наведува дека дури половина од населението, меѓу 3,3 и 3,6 милијарди луѓе, живеат во области кои се „многу ранливи“ на глобалното затоплување.
Спектарот на негативните влијанија на климатските промени врз нас и нашата околина е поширок споредено со претходните сознанија на авторите на Петтиот извештај на IPCC од 2014 година. Временските екстреми како топлотните бранови и ураганите стануваат се почести и посилни поради глобалното затоплување, предизвикувајќи големи штети на инфраструктурата и природните ресурси и го загрозува човековото здравје и животи. Од 2008 година, повеќе од 20 милиони луѓе годишно мораа да ги напуштат своите домови поради разорните поплави и бури.
Зголемените глобални температури ги принудуваат животните и растенијата од копното да мигрираат на половите или на повисоките височини, а оние што не може да се прилагоди на променетите климатски услови изумираат. Овој процес има многу поголемо влијание врз животната средина и може да резултира со нарушување на синџирот на исхрана. Според Ханс-Ото Портнер, копретседавач на другите работни групи на IPCC, со обновување на деградираните екосистеми и ефективно и правично зачувување помеѓу 30 и 50% од живеалиштата на земјиштето, свежата вода и океаните, општеството може да има корист од неговиот природен капацитет да апсорбира и складира јаглерод и може да се забрза напредокот кон одржлив развој.
И покрај фактот дека постојат одредени напори за преземање активности поврзани со климатската криза, тие се покажаа како недоволни и несоодветни, а понекогаш и лошо планирани, наведуваат авторите на извештајот на IPCC. Засега, дел од ветувањата останаа само на ниво на зборови, наместо да се преточат во конкретни дела кои би помогнале да се спречи порастот на просечната глобална температура – едно од нив е финансиската помош за помалку развиените земји.
Доколку емисиите на стакленички гасови останат исти, стотици милиони луѓе ќе бидат изложени на екстремни топлотни бранови во иднина, економските загуби ќе бидат неверојатни, а многу природни системи ќе пропаднат.
Додека пандемијата COVID-19 ни ја покажа исцелителната моќ на науката, таа исто така ги истакна нееднаквостите во нашиот свет. Пандемијата ги откри слабостите во сите области на општеството и ја акцентираше итноста за создавање одржливи „општества коишто се грижат за благосостојба“, посветени на постигнување здравје за сегашните и идните генерации без да се прекршуваат еколошките граници. Сегашниот дизајн на економијата води до нерамномерна распределба на приходот, богатството и моќта, при што премногу луѓе сè уште живеат во сиромаштија и нестабилност. И покрај фактот дека богатите нации значително повеќе придонеле за климатските промени со согорувањето на фосилните горива, сиромашните земји се најмногу изложени на нивните влијанија. Како резултат на климатските промени, нивните и онака неразвиени економии дополнително ослабуваат, жителите умираат, нееднаквоста расте. Трендот ќе продолжи доколку климатските активности не се фокусираат на еднаквост и правда. Десетици милиони луѓе ќе се најдат на работ на егзистенција во случај на дополнително глобално затоплување. Прекинувањето на циклусите на уништување за планетата и здравјето на луѓето бара законодавна акција, корпоративни реформи и поединци коишто ќе бидат поддржани и охрабрени да прават здрави избори.
Ханс-Ото Портнер заклучува: „Научните докази се недвосмислени: климатските промени се закана за човековата благосостојба и здравјето на планетата. Секое понатамошно одложување на конкретната глобална акција ќе направи да не можеме да поминеме низ малиот прозорец за сигурна иднина што брзо се затвора“.
Имено, се нагласува потреба од итни акции за одржување на здравјето на луѓето и целата планета со фокус на еднаквоста и праведноста. Од таа причина, преку кампањата „Наша планета, наше здравје“, СЗО ги повикува владите и јавноста да ги споделат активностите што ги преземаат за да ја заштитат планетата и целокупното здравје со посебен акцент на создавање одржливи општества коишто се грижат за благосостојбата.
Текстот е превземен од https://www.iph.mk/svetski-den-na-zdravje-7-april-2022/
Што е рак?
Ракот е болест која се јавува кога промените во група нормални клетки во телото доведуваат до неконтролиран, абнормален раст формирајќи грутка наречена тумор; ова важи за сите видови на рак освен леукемија (рак на крвта). Ако не се лекуваат, туморите може да растат и да се шират во околното нормално ткиво или во други делови од телото преку крвотокот и лимфниот систем и може да влијаат на дигестивниот, нервниот и циркулаторниот систем или да ослободуваат хормони кои можат да влијаат на функцијата на телото.
Туморите на ракот може да се поделат во три групи: бенигни, малигни или преканцерозни
Бенигните тумори не се канцерогени и ретко го загрозуваат животот. Тие имаат тенденција да растат прилично бавно, не се шират на други делови од телото и обично се составени од клетки сосема слични на нормалните или здравите клетки. Тие ќе предизвикаат проблем само ако пораснат многу, стануваат непријатни или притискаат на други органи - на пример тумор на мозокот во внатрешноста на черепот.
Малигните тумори растат побрзо од бенигните и имаат способност да се шират и уништуваат соседното ткиво. Клетките на малигните тумори можат да се отцепат од главниот (примарен) тумор и да се шират на други делови од телото преку процес познат како метастаза. По инвазијата на здравото ткиво на новото место тие продолжуваат да се делат и растат. Овие секундарни места се познати како метастази и состојбата се нарекува метастатски карцином.
Преканцерозна (или премалигна) ја опишува состојбата која вклучува абнормални клетки кои можат (или е веројатно) да се развијат во рак.
Клучни факти за ракот
Секоја година 10 милиони луѓе умираат од рак.
Најмалку една третина од обичните карциноми може да се спречат.
Ракот е втора водечка причина за смрт во светот.
70% од смртните случаи од рак се случуваат во земјите со низок до среден приход.
Милиони животи би можеле да се спасат секоја година со имплементирање соодветни ресурси за стратегии за превенција, рано откривање и лекување.
Вкупната годишна економска цена на ракот се проценува на 1,16 трилиони американски долари.
Поради сите овие причини, темата за овогодинешниот Светски ден за борба против ракот е „затворање на јазот во грижата“.
И за среќа, се прави многу за да се донесе квалитетна нега за ракот во земјите за кои досега беше недостапно.
Напорите на СЗО се фокусирани на ракот на дојката, сега најчестиот рак; рак на грлото на матката, кој може да се елиминира; и рак во раното детството. Фокусот на секоја од овие иницијативи се земјите со низок и среден приход, каде што треба да се постигнат најголемите придобивки за јавното здравје.
Овие интегрирани глобални иницијативи за рак се имплементирани од повеќе од 200 партнери ширум светот, вклучително и многу развојни банки кои значително ги зголемија своите инвестиции во истражување, превенција и грижа за ракот.
ЈЗУ Центар за јавно здравје Струмица е една од најстарите здравствени институции во Република Македонија, која што функцонира на територијата на Општина Струмица, Валандово, Босилово, Василево, Ново Село...