Сите овие испитувања се вршат во неколку оддели, лаборатории:
1. Оддел за прием на материјали и издавање на резултати
- Оддел за серолошки испитувања (испитување на крв).
2. Оддел за обработка на материјали по потекло од пациенти со респираторни, генитални, гастроинтестинални и други инфекции
- Материјали кои ги испитува и дијагностичка палета на овој оддел:
- Брисеви од грло, нос, очи, уши, кожа, нокти, рани, генитални брисеви, уретрални брисеви, урина, измет, сперма, искашлок, хемокултури, пунктати, ликвор...
- Сите овие материјали се обработуваат бактериолошки, микролошки и паразитолошки, кај што е потребно. Во материјалите се докажува присуство на следниве микроорганизми:
- Streptococcus pyogenes (и други бета хемолитички), Streptococcus faecalis, Streptococcus agalactiae, Streptococcus pneumoniae
- Staphylococcus aureus, како и други коагулаза негативни стафилококи
- Neisseria gonorrhoeae, Moraxella (Branhamella) catarrhalis, Acinetobacter, Haemophilus
- Докажување на Грам негативни ентеробактерии со биохемиска серија ешерихии, клебсиели, протеуси, цитробактер, ентеробактер...
- Изолација и серолошка идентификација на салмонели и шигели.
- Докажување на присуство на Pseudomonas во разни материјали.
- Култивација на гинеколошки брисеви за микоплазми и уреаплазми .
- Миколошката обработка подразбира култивација и идентификација на пораснатите кандиди, трихофити, епидермофити, аспергилуси и слично.
- Се врши и анаеробна култивација на материјалите, но без идентификација до точен специес.
- По потреба се испитуваат и препарати обоени по Гимза (периферна размаска и слично), како и боење на препарати за докажување на причинителот на туберколоза.
- Во соработка со одделите за епидемиологија, хигиена и социјална медицина се врши и микробиолошка обработка на брисеви од површини, брисеви од лица вработени во здравствени установи, како и на лица вработени во институции за производство и промет на храна.
- За секој изолат се прави идентификација, биохемиска или серолошка, а по потреба се прави и антибиограм.
3. Оддел за паразитолошки испитувања
- Материјали кои се испитуваат - измет и мокрача, крв,
- Се врши докажување на присуство на јајченца или возрасни единки на разни паразити.
4. Оддел за серолошки испитувања (испитување на крв)
Се вршат и серолошки анализи и тоа:
- CRP, RF, ASO-аглутинација со титар,
- Инфективна мононуклеоза-имунохроматографски,
- Ехинококоза - инхибиција на хемаглутинација,
- Бруцелоза - БАБ-тест и Brucella-capt-тест,
- Токсоплазмоза-имунохроматографски,
- Цитомегаловирус-имунохроматографски,
- Хеликобактер-имунохроматографски и антиген во измет,
- Хепатити и тоа HBsAg-ELISA и имунохроматографски, aHCV-ELISA и имунохроматографски, aHIV1/2 ELISA и имунохроматографски, aHAV IgM имунохроматографски. Овие испитувања се вршат на современ апарат ABBOTT-AXSYM.
- Хламидиски инфекции со имунофлуоресценција,
- Pneumoslide – со кој се докажува присуство на антитела од класите IgG и IgM кон девет најчести причинители на интерстицијални пневмонии.
- По потреба се испитуваат и препарати обоени по Гимза (периферна размаска и слично), како и боење на препарати за докажување на причинителот на туберколоза.
- Се врши и серолошка дијагностика на сифилис РПР тест.