Дезинфекција е активност која опфаќа повеќе активности и постапки за: уништување, инхибирање на растот и размножувањето на патогените микроорганизми на интактна површината на телото, во секретите и екскретите, на предметите, материјалите и во просторот или одстранување на поголемиот број на микроорганизми.
Дезинсекција е активност која опфаќа повеќе активности и постапки за намалување на популацијата на штетни инсекти најмалку до прагот на штетност, за инхибирање на нивниот раст и спречување на нивното натамошно размножување или за комплетно уништување на присутната популација на штетни членконошци (Артхопода) кои пренесуваат заразни болести или паразитираат во човечкото тело, предизвикуваат алергиски реакции. Тие имаат токсично дејство и се тотално непожелни за човекот бидејќи се наметници, односно вознемирувачи или се амбарски штетници во складишта, силоси за жита и простории за чување храна.
Дератизација е активност која опфаќа повеќе активности и збир на постапки за намалување на популацијата на штетни глодачи под прагот на штетност, инхибирање на нивното размножување или потполно уништување на присутната популација на штетни глодачи кои се природни резервоари и пренесувачи на причинители на заразни болести или се амбарски штетници или глодачи во складишта, силоси за жита и простории за храна.