Во рамките на овој отсек се извршува бактериолошка анализа на прехранбени продукти од производство и промет (по налог на инспекција и по барање на странки), како и микробиолошка анализа на брисеви од работни површини, испироци од раце и испитувања присуство на бактерии во воздух, во индустриски и работни организации, болнички објекти и друго.
Овој отсек за извршување на своите задачи поседува современа, компјутеризирана опрема и апаратура.
Издавањето на резултати е компјутеризирано со дадени и референтни нормативи.