Најважните области на работа кои произлегуваат од дефинираните надлежности на на овој отсек од Центарот за јавно здравје Струмица се:
- Следење, анализа и проценка на здравствената состојба на населението, откривање и проучување на здравствените проблеми и здравствените ризици кај населението, утврдување на други нарушувања од социјално-медицинскозначење и предлагање мерки за нивно подобрување;
- Пратење, анализа и проценка на:
- однесувањето на поединците и одделни групи од населението поврзани со здравјето, со здравственaта култура и состојбата наначинот и квалитетот на живеење, воопшто, како и пратење,
- на состојбите и ризиците во животната средина во корелација со здравјето на населението;
- Следење, проучување и евалуација на:
- организацијата на системот на здравствена заштита, обезбеденоста со здравствени установи, опрема и кадар,
- нивното работење и развојот на здравствените служби и услуги со цел да се предлагаат мерки за постојано подобрување на здравствената заштита од аспект на зголемена ефективност и ефикасност;
- Следење и анализа на:
- бројот и структурата на вработените во здравството,
- планот за професионален развој,
- степенот на обезбеденост на населението со добро обучени здравствени работници и современи услуги и
- предлагање мерки насочени кон корисниците на услугите за подобар пристап до истите;
- Се превземаат и активности за промоција на здравјето и активности за одбележување на Светскиот ден на здравјето, Светскиот ден на борба против пушењето, малигните заболувања и заболувањата на кардио-васкуларниот систем.
- Соработување и партнерство со локалната самоуправа за развој на општините со цел да се идентификуваат и да се решаваат здравствените проблеми на населението и да се подобри степенот на знаење и едукација на поединците во корист на здравјето.
- Професионално учество во стручни тела на локално, регионално ниво и на ниво на Републиката;
- Анализирање и предлагање на мерки во итни состојби и вонредни јавно-здравствени околности преку следење, анализа и контрола на ризиците и заканите по јавното здравје.