МОТО: Придружете се на повикот за акција на Светскиот ден на ракот!
Ги повикуваме владите ширум светот да промовираат еднаквост во здравството, да ја подобрат пристапноста на услугите за рак, да ги намалат разликите во инциденцата и смртноста од рак, за конечно да ја затворат нееднаквоста во грижата.
Половина од светското население нема пристап до целосниот опсег на основни здравствени услуги.
Кога станува збор за ракот, на многумина од нас ни е ускратена основната нега, иако живееме во време на напредок во превенцијата, дијагностиката и лекувањето на ракот кој влева страв.
Ова е јазот во правичноста - и тоа чини животи. Со имплементирање на стратегии соодветни на ресурсите за превенција, рано откривање, третман и грижа, можеме да спасиме милиони животи секоја година.
Унијата за меѓународна контрола на ракот (UICC), организатор на Светскиот ден на ракот, ги охрабрува сите да побараат од нивните влади да ја подобрат здравствената правичност, да овозможат услугите за рак да се достапни за целото население и да ги намалат разликите во инциденцата и смртноста од рак:
1. Да се зголеми финансирањето за истражување на ракот, и да се поттикне соработката помеѓу истражувачите, давателите на здравствена заштита и организациите во заедницата за да се разберат и да се решат разликите.
Придружете се на нашите поддржувачи!
Вашата посветеност да се залагате за поголема правичност во грижата за ракот го засилува нашиот колективен глас. Придружете се на повикот за акција денес!
Додадете го вашиот глас
2. Во секоја земја да се воспостави Регистар за рак заснован на населението и врз основа на Регистарот да се носат одлуките за политиките и распределбата на ресурсите и да се оценуваат стратегиите за контрола.
3. Да се спроведува ефикасна национална стратегија за рак, да се наведат активностите што треба да се преземат за превенција, дијагностика, третман, палијативна грижа, грижа за преживување, собирање податоци и следење на ракот, врз основа на проценка заснована на докази за оптоварувањето со рак во земјата.
4. Да се обрне внимание на финансиските тешкотии и бариерите со кои се соочува недоволно згриженото население.
5. Да се вклучат сеопфатни услуги за рак во националните пакети за здравствена заштита, да се постигне универзална здравствена покриеност, која опфаќа превенција, скрининг, дијагностика, третман (лекови, радиотерапија, хирургија), поддржувачка (супортивна) и палијативна нега и услуги за преживување.
6. Да се подобри здравствената писменост и едукација за ракот, да се користат соодветни материјали и обуки за давателите на здравствени услуги за ефективна комуникација со пациентите.
7. Да се регулира производството, продажбата и маркетингот на канцерогени производи (тутун, алкохол, ултра-преработена храна) преку зголемено оданочување, маркетиншки ограничувања, подобрено означување на производите и кампањи за јавна едукација. 30-50% од ракот може да се спречи со промена на ризичното однесување.
8. Да се спроведат рутински скрининг програми за најчестите карциноми, да се интегрираат во постоечките програми за здравствена заштита и да се искористат мобилните единици за да се опфати и оддалечената популација. Колку порано се открие ракот, толку поуспешно може да се лекува и со помали трошоци за здравствениот систем и за пациентите.
9. Да се унапреди грижата насочена кон пациентот,односно да се препознаат посебните потреби на сите пациенти, охрабрувајќи го ангажманот на пациентите во носењето одлуки.
10. Да се посвети внимание на социјалните детерминанти на здравјето, кои ја попречуваат можноста на поединецот да пристапи до грижа за ракот, справување со предрасудите и претпоставките засновани на различни социјални обележја преку работа со заедниците за поефективни програми насочени кон луѓето.
Зошто рак?
Секоја година 10 милиони луѓе умираат од рак.
Тоа е повеќе од ХИВ/СИДА, маларија и туберкулоза заедно.
До 2030 година, експертите предвидуваат смртните случаи од рак да се искачат на 13 милиони, aко не дејствуваме.
Што ќе се случи ако дејствуваме?
Повеќе од една третина од случаите на рак може да се спречат. Уште една третина може да се излечи ако се открие рано и се третира правилно.
Со имплементирање на стратегии соодветни на ресурсите за превенција, рано откривање и лекување, можеме да спасиме милиони животи секоја година.
Напредок
Денес, знаеме повеќе за ракот од кога било досега.
Преку инвестирање во истражување и иновации, сме сведоци на извонредни откритија во медицината, дијагностиката и научното знаење.
Колку повеќе знаеме, толку повеќе можеме да напредуваме во намалувањето на факторите на ризик, зголемување на превенцијата и подобрување на дијагностиката, превенцијата, третманот и грижата за ракот.
Влијание
Во последниве години, Обединетите нации, Светската здравствена организација и другите агенции на ОН ја препознаа итната потреба за глобална посветеност.
Кога лидерите зборуваат и преземаат акција, ние си даваме шанса да направиме историја и да се движиме кон свет без рак.
Правичност
Денес, повеќе од половина (65%) од смртните случаи од рак се случуваат во најнеразвиените делови на светот. Дури и ако живеете во земја со повисоки приходи, нееднаквостите сè уште постојат меѓу заедниците со пониски приходи, имигрантите, бегалците и руралните заедници.
Еднаков пристап до превенција, дијагностика, третман и нега на рак може да спаси животи.
Промена
Преку подигање на јавната и политичката писменост и разбирање за ракот, го намалуваме стравот, го зголемуваме разбирањето, ги отфрламе митовите и заблудите и ги менуваме однесувањата и ставовите.
Извор: Union for International Cancer Control (UICC)
Достапно на:https://www.worldcancerday.org/about-world-cancer-day-call-to-action
ЈЗУ Центар за јавно здравје - Струмица
Сектор за Социјална медицина и јавно здравје
Д-р Петар Пецев - Спец. по Социјална медицина и јавно здравје