Зошто епидемијата на ХИВ не е завршена
1 Декември 2018 година ја одбележува 30-годишнината од Светскиот ден на борба
против СИДА-та, ден создаден за подигање на свеста за ХИВ и епидемијата на СИДА
што произлегла како резултат на овој вирус.
Од почетокот на епидемијата, повеќ е од 70 милиони луѓе ја дoбиле инфекцијата, и
околу 35 милиони луѓе умреле. Денес, околу 37 милиони луѓе во светот живеат со ХИВ, од кои 22 милиони се лекуваат.
На почетокот на осумдесетите, пред да се идентификува ХИВ како причин а за СИДА,
инфекцијата се сметало дека напаѓа само специфични групи, како што се
хомосексуалците во развиените земји и луѓето кои инјектираат дрога. Вирусот на ХИВ
за прв пат го изолирале d-r Francoise Barre - Sinoussi и d-r Luc Montagnier во 1983 година во Институтот на Пастер. Во ноември истата година, СЗО го одржала првиот состанок за да ја процени глобалната ситуација на СИДA-та и за да иницира меѓународно истражување. Тогаш светската здравствена заедница сфаќа дека ХИВ,
исто така, може да се рашири меѓу хетеросексуалните луѓе, преку трансфузија на крв и дека заразените мајки би можеле да го пренесат ХИВ вирусот на нивните бебиња.
КЛУЧНИ ФАКТИ
- -ХИВ продолжува да биде важно глобално прашање за јавното здравје, кое досега има земено повеќе од 35 милиони животи. Во 2017 година, 940 000 луѓе починале од причини поврзани со ХИВ на светско ниво.
- На крајот од 2017 година, околу 36,9 милиони луѓе живееле со ХИВ, а 1,8 милиони луѓе станале ново инфицирани во 2017 година на светско ниво.
- 59% од возрасните и 52% од децата кои живеат со ХИВ добивале доживотна антиретровирусна терапија (АPT) во 2017 година.
- Глобалната покриеност со АРТ за бремени жени и доилки кои живеат со ХИВ е високо на 80%.
- Африканскиот регион на СЗО е најпогодени от регион, со 25,7 милиони луѓе кои живееле со ХИВ во 2017 година. Африканскиот регион, исто така, опфаќа повеќе од две третини од глобално вкупно новите ХИВ инфекции.
- ХИВ инфекцијата често се дијагностицира преку брзи дијагностички тестови (RDTs), кои го детектираат присуството или отсуството на ХИВ-антитела.Најчесто овие тестови ги обезбедуваат резултатите истиот ден, што е од суштинско значење за дијагностицирање на истиот ден и рано лекување и нега.
- Клучни популации се групи кои се изложени на зголемен ризик од ХИВ независно од типот на епидемијата или локалниот контекст. Тие вклучуваат: мажи кои имаат секс со мажи, луѓе кои инјектираат дрога, луѓе во затворите и други затворени установи, сексуални работници и нивните клиенти и трансродови лица.
- Клучните популации честопати имаат правни и социјални проблеми поврзани со нивното однесување кое ја зголемува ранливоста на ХИВ и го намалува пристапот до програми за тестирање и третман.
- Во 2017 година, според проценка 47% од новите инфекции се случиле меѓу клучните популации и нивните партнери.
- Не постои лек за ХИВ инфекцијата. Сепак, ефективните антиретровирусни (АРТ) лекови можат да го контролираат вирусот и да помогнат да се спречи пренесувањето, така што луѓето со ХИВ и оние со значителен ризик можат да уживаат во здрав, долг и продуктивен живот.
- Се проценува дека денес само 75% од луѓето со ХИВ знаат за нивниот статус. Во 2017 година, 21,7 милиони луѓе што живееле со ХИВ примале антиретровирусна терапија (АPТ) на светскониво.
- Помеѓу 2000 и 2017 година, новите ХИВ инфекции се намалени за 36%, а смртнитеслучаи поврзани со ХИВ се намалени за 38%, со 11,4 милиони животи спасени поради АРТ во истиот период. Ова достигнување е резултат на големите напори на националните програми за ХИВ поддржани од граѓанското општество и голем број партнери за развој.
Декември, 2018
Преземено од:http://www.who.int/
Подготвил:
Д-р Петар Пецев - Специјалист по Социјална медицина и јавно здравје