- Бројот на луѓе со дијабет пораснал од 108 милиони во 1980 година на 422 милиони во 2014 година.
- Глобалната преваленца на дијабеткај возрасните над 18 години се зголемила од 4,7% во 1980 година на 8,5% во 2014 година.
- Преваленцата на дијабет расте побрзо во земјите со среден и низок приход.
- Дијабетот е главна причина за слепило, откажување на бубрезите, срцев удар, мозочен удар и ампутација на долните екстремитети.
- Во 2015 година, околу 1,6 милиони проценети смртни случаи биле директно предизвикани од дијабет. Уште 2,2 милиони смртни случаи се припишуваат на високото ниво на гликоза во крвта во 2012 година.
- Речиси половина од сите смртни случаи кои се припишуваат на висока гликоза во крвта се јавуваат пред70 годишна возраст. СЗО проектира дека дијабетот ќе биде седмата водечка причина за смрт во 2030 година.
- Здравата исхрана, редовната физичка активност, одржувањето на нормалната телесна тежина и избегнувањето на употреба на тутун, се начини за спречување или одложување на почетокот на дијабет тип 2.
- Дијабетот може да се лекува и неговите последици да се избегнат или да се одложат преку начинот наисхрана, физичка активност, земање лекови и редовен скрининг и лекување на компликациите.
Ноември 2017
Преземено од: www.who.int
Подготвил: Д-р Петар Пецев
Оделение по Социјална медицина