Согледувајќи ги потребите на пациентите , и водејќи се од современите дијагностички потреби, ЈЗУ Центар за јавно здравје - Струмица од Октомври 2017 година, ја воведе молекуларната дијагностика како дел од своите услуги. Оваа е една од најсовремените дијагностички постапки за докажување на присуство на ДНК од различни микроорганизми во материјалот земен од пациентите. Оваа постапка се базира на принципите на полимераза-верижната реакција (real – time PCR), а започнуваме со дијагностика на присуство на HPV – вирусите, како и дијагностика на хламидија и гонореја. HPV – типизацијата ќе даде одговор дали во материјалот од пациентите се присутни типовите 16,18 и 45 кои се причинители на околу 70 % од карциномите на цервиксот, како и присутво на други високо ризични типови на HPV – вируси, групирани во 3 групи P 3 (31,33,35,52 и 58), P 4 (51 и 59), P 5 (39,56,66 и 68).
За добивање на овие услуги потребен е упат од матичен гинеколог, а за хламидија/гонореја и од специјалист дерматолог или матичен лекар. Партиципацијата за оваа испитување изнесува 550 денари, доколку пациентот нема осигурување се наплаќа полна цена 5.500 денари.
Ноември, 2017
Подготвил: Д-р Ѓ.Терзиев - Спец. по Микробиологија