Така луѓето ќе можат да направат избор, здрав за срцето, каде и да живеат, работат или се забавуваат. Светскиот ден на срцето 2014-та, нé охрабрува да го намалиме кардиоваскуларниот ризик по нас и промовира планета здрава за срцето за оние околу нас.
Кардиоваскуларните болести се убиец број еден во светот. Тие се веќе одговорни за 17.3 милиони умрени годишно, и до 2030-та се очекува овој број да се зголеми на 23 милиони.
Премногу често, заедницата го „обвинува“ поединецот со кардиоваскуларно заболување – ти пушиш, ти премногу јадеш и пиеш, ти не вежбаш. Но, околината во која ние живееме, работиме и се забавуваме може да има огромен ефект врз можноста да го направиме правиот избор за здравјето на нашето срце, особено во сé поурбаните средини. Околина здрава за срцето е простор каде луѓето имаат можност да направат правилен избор по нивното здравје.
Не секој има можност. Многу возрасни и деца во светот се „фатени во стапица“ во околина во која се соочуваат со:
- Недостаток на пристап до зелен простор
- Нездрава исхрана во училиштата
- Огромна изложеност на тутун, алкохол и брза храна
- Изложеност на чад од тутун во парковите, возилата, работните места.
Секој треба да може да направи избор, не напорен и тежок избор, за своето срце, било каде да живее, работи или се забавува. Придружете се на Светскиот ден на срцето за подобар избор за срцето.
Подготвил: Д-р Петар Пецев