Се проценува дека над 13 милиони луѓе живеат со вирусот хепатит Б, HBV инфекција, а над 15 милиони со хроничен хепатит Ц, HCV инфекција, во Европскиот регион. Овие два вируси се сметаат за најголем товар од вирусен хепатит во Регионот. Секој ден повеќе од 400 луѓе во Европскот регион на СЗО умираат од причини поврзани со вирусен хепатит. Хепатит Б и Ц најчесто се јавува како резултат на контакт со крв, со заразени телесни течности: на пример од трансфузија на крв или од инвазивна медицинска процедура со заразен прибор. Хепатит може да се пренесе и преку сексуален однос, иако ова поретко се случува кај хепатитот Ц. Хепатитот се нарекува тивок убиец затоа што на светско ниво, 95% од луѓето со хепатит не се свесни за својата инфекција и остануваат асимптоматични во повеќе случаи.
Извор: www.euro.who.int/
Подготвил: Д-р Петар Пецев Јули, 2016 година