Иницијативата за следење на дебелината кај децата (COSI – Childhood Obesity Surveillance Initiative) на Светската здравствена организација има значајна улога во континуираното следење на прекумерната телесна тежина и дебелината кај децата од училишна возраст. Преку стандардизирани антропометриски мерења и собирање податоци за навиките во исхраната, физичката активност и училишната средина, COSI обезбедува споредливи и релевантни податоци за процена на состојбата и нејзините трендови.
Систематското следење на овие показатели претставува важна основа за планирање, спроведување и евалуација на јавно-здравствени мерки насочени кон превенција на детската дебелина и унапредување на здравите животни навики. COSI е воспоставена од СЗО/Европа во 2007 година, а мерењата се спроведуваат според заеднички методолошки протокол, со што се овозможуваат национални и меѓународни споредби.
Учеството на Центарот за јавно здравје – Струмица под менторство на Институт за јавно здравје на Македонија во реализацијата на COSI претставува значаен придонес кон континуираното унапредување на системот за јавно-здравствен надзор и превенција на детската дебелина.


