Преглед: Рацете на здравствените работници играат клучна улога во одржување на безбедноста на пациентите. Доколку здравствените работници не ги чистат рацете во вистински момент и со примена на соодветни методи, тие може преку своите раце да пренесат микроорганизми кои предизвикуваат инфекција од еден пациент на друг. Водењето хигиена на рацете во клучни моменти е важна интервенција во здравствената заштита. Хигиената на рацете го намалува преносот на микроорганизми (вклучително и оние кои се резистентни на антибиотици), ја зголемува безбедноста на пациентот и ги намалува инфекциите асоцирани со здравствена нега. Ефективната, навремена хигиена на рацете е основа за превенција и контрола на инфекции.
Цели на учењето: По завршувањето на курсот, учесниците треба да бидат во можност да:
- ја опишат хигиената на раце како клучна компонента во превенцијата и контролата на инфекции;
- ги идентификуваат 5-те моменти на хигиена на раце;
- дискутираат за користењето на ракавици и хигиената на раце при активности за нега на пациенти;
- да демонстрираат како правилно се мијат раце со сапун и вода според методот препорачан од СЗО;
- да демонстрираат како правилно се одржува хигиена на раце со алкохолно средство за дезинфекција на раце (АСД) според методот препорачан од СЗО;
- дискутираат за клучните прашања и аспекти поврзани со хигиената на раце во здравствените установи.
времетраење на курсот: околу 1 час.
Сертификат: Учесниците кои точно ќе одговорат на најмалку 70% од прашањата на контролниот тест ќе добијат Признаница. Имате неограничен број обиди за положување на тестот.
Овој производ е подготвен на македонски јазик во рамки на проектот „Поддршка за јавното здравје и пружање нега при итни случаи за време на вториот бран од КОВИД-19 во Северна Македонија“ финансиран од Владата на Обединето Кралство, со поддршка на Британската амбасада Скопје. Мислењата и ставовите наведени во оваа содржина не ги одразуваат секогаш мислењата и ставовите на Британската Влада.
Преведено на македонски јазик од Standard precautions: Hand Hygiene, 2020. СЗО не презема одговорност за содржината или точноста на преводот. Ако постои било каква недоследност меѓу документот на англиски и македонскиот превод, оригиналниот документ на англиски јазик ќе се смета за автентична верзија која е соодветна за користење.