КОВИД-19 силно ги погоди сите земји, но неговото влијание е најтешко врз заедниците кои веќе беа ранливи. Овие групи се повеќе изложени на болеста, со помала веројатност да имаат пристап до квалитетни здравствени услуги и со поголема веројатност дека ќе доживеат несакани последици како резултат на мерките спроведени за да се спречи пандемијата.
Овие нееднаквости не се новина. Дури и во светот каде се забележани подобрувања во просечното ниво на здравје, очекуваниот животен век и намалување на предвремената смртност, овие придобивки не се поделени подеднакво кај различни слоеви во општеството и меѓу народите. Разлики се забележуваат кај секоја возраст, од раните години до крајот на животот.
Ова не само што е не е фер, туку може и целосно да се спречи. Затоа ги повикуваме лидерите да обезбедат, секој човек да има нормални услови за живот и работа, поточно услови кои се погодни за добро здравје. Во исто време, ги повикуваме лидерите да ги следат здравствените нееднаквости и да обезбедат сите луѓе да имаат пристап до квалитетни здравствени услуги кога и каде им се потребни.
Доказите се јасни: давањето подеднакво добар почеток за живот кај девојчињата и кај момчињата и решавањето на здравјето низ текот на животот е од суштинско значење за благосостојбата, развојот, одржливоста и еластичноста на денешното општество и за идните генерации.
Извор: https://www.euro.who.int/