Месецот на подигнување на свеста за рак на дојка, означен во земјите низ светот секој октомври, помага да се зголеми вниманието и поддршката за свеста, раното откривање и лекување, како и за палијативна грижа кај оваа болест.
Според меѓународното здружение на регистри за рак, InternationalAssociationofCancerRegistries, (IARCGlobocan, 2008) секоја година има околу 1,38 милиони нови случаи и 458 000 смртни случаи од рак на дојка. Во земјите со низок и средно висок приход, инциденцата постојано расте во последните години како резултат на зголемувањето на животниот век, растечката урбанизација и прифаќањето на западниот стил на живеење.