Наша препорака е дека од епидемиолошки индикации треба да се вакцинираат лица кои пружаат нега на мали деца или возрасни, лица кои се во затворени колективи, особено се препорачува за здравствени работници. Што повеќе население ќе се вакцинира поголем е општиот колективен имунитет и ќе има помалку последици по здравјето и на тие што не се вакцинирани.
Вакцинацијата ги покрива сите типови на вирусот на грипот што циркулираат во северната хемисфера, вклучувајќи ги европоскиот регион и нашата држава.