Врз основа на член 156, член 157, член 158, член 159, член 160 и член 161 од Законот за здравствена заштита („Службен весник на Република Македонија“ број 43/12, 145/12, 87/13, 164/13, 39/14, 43/14, 132/14, 188/14, 10/15, 61/15, 154/15, 192/15, 17/16, 37/16 и 20/19 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ брoj 101/19, 153/19, 180/19, 275/19, 77/21, 122/21, 178/21, 150/22 и 236/22), член 22 и член 23 од Законот за работните односи („Службен весник на Република Македонија“ број 62/2005, 106/2008, 161/2008, 114/2009, 130/2009, 50/10, 52/10, 124/10, 47/11, 11/12, 39/12, 13/13, 25/13, 170/13, 187/13, 113/14, 20/15, 33/15, 72/15, 129/15, 27/16 и 120/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ број 110/19, 267/20 и 178/21) и Согласноста Бр.18-4722/2 од 26.04.2023 година од Министерство за финансии на Република Северна Македонија, Јавната здравствена установа Центар за јавно здравје-Струмица објавува
ЈАВЕН ОГЛАС за вработување на здравствени работници,
во Јавна здравствена установа Центар за јавно здравје-Струмица,
на неопределено време
Јавна здравствена установа Центар за јавно здравје-Струмица објавува оглас за вработување на 2 (две) лица- здравствени работници на неопределено време на следниве позиции:
1. ЗДР 03 01 А17 001Доктор на медицина, Одделение за превентивна здравствена заштита и лабораториска дејност - 2 извршители
Општи услови:
- да е државјанин на Република Северна Македонија,
- да е полнолетен,
- да има општа здравствена способност и
- да не му е изречена со правосилна одлука забрана на вршење професија, дејност или
должност.
Посебни услови:
-Стручни квалификации:ниво на квалификациите VIAспоред Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен, -Медицински науки и здравство- Медицински факултет,
- положен стручен испит,
-лиценца за работа,
-активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски) и
-активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење.
-Работно искуство: без работно искуство.
Распоред на работното време:
Работни часови неделно: 40 часа
Дневно и неделно работно време од 07.00 часот до 15.00 часот, од понеделник до петок
Платата за работното место е во паричен нето износ од 35.964,00 денари.
________________________________________________________________________
Право на учество имаат сите граѓани на Република Северна Македонија кои ги исполнуваат условите за конкурирање. Кандидатите со пријавата треба да ги достават доказите за исполнување на условите, во оригинална форма или копија заверена кај нотар. Пријавата кандидатите може да ја подигнат од архивата на Јавна здравствена установа Центар за јавно здравје- Струмица или на веб страната www.cjzstrumica.mk.
Кандидатите за сите работни позиции, потребно е да ги достават следните документи:
- Доказ за државјанство (Уверение за државјанство не постаро од 6 месеци);
-Доказ дека е општо здравствен способен за работното место (Лекарско уверение не постаро од 6 месеци);
- Доказ дека не им е изречена забрана на вршење професија, дејност или должност ( Уверение не постаро од 6 месеци);
- Уверение / диплома за завршен степен на образование (доколку во дипломата од завршено образование не е наведен просечниот успех кандидатите да достават и Уверение кој го содржи истиот, а за образование стекнато во странство да се достави и докуметот за нострификација на странските документи и еквиваленција на оценки) ;
-Доказ за положен стручен испити лиценца за работа;
- Доказ за познавање на компјутерски програми за канцелариско работење (Сертификат за компјутерски програми за канцелариско работење),
- Доказ за познавање на еден од од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски или германски јазик) (Сертификат за познавање на странски јазик);
- Кратка биографија (задолжително е-маил адреса и контакт телефон).
Рокот за доставување на пријавите со потребните документи изнесува 5 работни дена со тоа што рокот за пријавување започнува да тече од денот на последното објавување. Условите наведени во огласот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето.
По извршената селекција на пријавените кандидати за пополнување на наведените работни места од страна на Комисијата за селекција на кандидати, ќе биде спроведен квалификационен испит согласно член 160 од Законот за здравствена заштита. Уредните кандидати ќе бидат дополнително информирани за денот и часот на спроведување на квалификациониот испит. Работоводниот орган врз основа на ранг-листа предложена од комисијата за селекција ќе спроведе интервју согласно член 161 од Законот за здравствена заштита и кандидатите кои ги исполнуваат условите ќе бидат навремено информирани за денот, часот и местото каде ќе се спроведе интервјуто.
Со избраните кандидати ќе се склучи договор за вработување на неопределено време.
Пријавата со потребната документација треба да се достави до архивата на Јавната здравствена установа Центар за јавно здравје-Струмица или по пошта на следнава адреса:
Јавна здравствена установа Центар за јавно здравје-Струмица
ул. „Панче Пешев“ бр. бб, 2400 Струмица
Архивата (со назнака „за оглас за вработување“)
Kонтакт број 071/210-793
Лице за контакт: М-р Петре Витанов
Ненавремените и некомплетните пријави нема да се разгледуваат.
ЈЗУ Центар за јавно здравје-Струмица
Директор
М-р. Петре Витанов
_______________________________Јавен оглас за вработување на здравствени работници во ЈЗУ ЦЈЗ Струмица, на неопределено времеПријава за Јавен оглас за вработување на неопределено време на здравствени работници во ЈЗУ ЦЈЗ Струмица