-- ПОСВЕТЕТЕ СЕ ДА СЕ ОТКАЖЕТЕ --
31 МАЈ, 2021
СЗО неодамна започна едногодишна глобална кампања за Светскиот ден без тутун, 2021 година - „Посветете се да се откажете“. Оваа кампања има за цел да поддржи 100 милиони луѓе ширум светот во нивниот обид да се откажат од тутун преку разни иницијативи и дигитални решенија.
Тоа ќе помогне да се создадат поздрави средини кои се погодни за откажување од тутун со:
- застапување за силни политики за престанок на тутун
- промовирање на зголемен пристап до услугите за прекин
- подигање на свеста за тактиките на тутунската индустрија
- зајакнување на методитеза корисниците на тутун да направат успешни обиди да се откажат од тутунот преку иницијативи „напушти и победи“.
Пандемијата со КОВИД-19 доведе до милиони корисници на тутун кои сакаат да сеоткажат од цигарите. Сепак, откажувањето од тутун е предизвик, особено со дополнителните социјални и економски стресови предизвикани од пандемијата.
На светско ниво, околу 780 милиони луѓе велат дека сакаат да се откажат, но само 30% од нив имаат пристап до алатките што можат да им помогнат да ги надминат и физичките и менталните зависности од тутун. Заедно со партнерите, СЗО ќе им обезбеди на луѓето алатки и ресурси потребни за успешен обид за откажување.
Откажувањето од тутун има големи и непосредни здравствени придобивки
Постојат непосредни и долгорочни здравствени придобивки од откажувањето од тутун. По само 20 минути откажување од пушењето, срцевиот ритам се успорува. Во рок од 12 часа, нивото на јаглерод моноксид во крвта паѓа во нормала. Во рок од 2–12 недели, циркулацијата се подобрува и функцијата на белите дробови се зголемува. Во рок од
1-9 месеци, кашлањето и отежнато дишење се намалуваат. Во рок од 5-15 години, ризикот од мозочен удар се намалува на ризикот на ниво од непушач. За 10 години, стапката на смртност од рак на белите дробови е околу половина од онаа на пушачот. Во рок од 15 години, ризикот од срцеви заболувања е ризик на непушач.
Политиките и капацитетот за престанок на тутунот во Европскиот регион на СЗО мора да се подобрат
Политиките за прекин и намалување на побарувачката на тутун, најмалку се спроведени од сите Рамковни конвенции на СЗО, во Европскиот регион само 8 земји обезбедуваат услуги за престанок со пушење, од кои мнозинството се земји со високи приходи.
Владите треба да ја препознаат оваа неисполнета потреба и да постапуваат по неа како дел од сеопфатната стратегија за контрола на тутунот. Посредувањето за откажување од тутунот на ниво на целото население мора да бидат приоритет за земјите. Во исто време, треба да се охрабрат иновациите и мобилните технологии целосно да се искористат за да се подобри пристапот до целото, особено до тешко достапното население.
Дигитални решенија кои ќе им помогнат на 1.3 милијарди корисници на тутун во светот да се откажат
СЗО ја воспостави новата иницијатива за пристап до откажување од тутун, која им овозможува на луѓето, меѓу другото, бесплатен пристап до дигитално советување. СЗО соработуваше со технолошки компании како Facebook, WhatsApp и Soul Machines за да се подигне свеста и да се поддржат корисниците на тутун да се откажат од цигарите со помош на chatbots и дигитални здравствени работници. На пример, Florence, дигитален советник, заснован на вештачка интелигенција, им помага на луѓето да развијат персонализиран план за напуштање на тутунот и ги насочува кон достапните мобилни апликации и бесплатни линии за откажување во нивните земји. Во меѓувреме, Quit Challenge на WhatsApp им овозможува на пријавените корисници на тутун бесплатни пораки за тоа како да се откажат, директно на нивните мобилни телефони.
Овие и други глобални и регионални алатки за прекин со тутунот ќе бидат претставени како дел од кампањата за Светскиот ден без тутун 2021 година, која уште еднаш ќе повтори дека силните услуги за прекин со тутунот го подобруваат здравјето, спасуваат животи и заштедуваат пари.
Текстот е превземен од: http://www.cph.mk/mk/component/content/article/36-pocetna/451-svdentutun