Логото на сите постери за одбележување на 1 Декември во 2017 г.е: Сите се бројат (Everybody counts).
Неодамнешниот извештај на ЕЦДЦ – СЗО / Европа, укажува на над 160 000 нови ХИВ позитивни дијагнози, регистрирани во Европскиот регион на СЗО во 2016 година. 80% од новите ХИВ позитивни пријавени лица се од источниот дел на Европа. Бројот на новите дијагнози за ХИВ пријавени за 2016 година претставува највисок број на ново регистрирани случаи на ХИВ во евиденцијата за една година.
Една од клучните причини за овој тренд е дека 51% од пријавените ХИВ дијагнози во 2016 година се дијагностицирани во доцната фаза на инфекцијата.
Во целиот регион во 2016 година, 65% (ЕУ / ЕЕА: 63%), лица на возраст од 50 и повеќе години биле дијагностицирани доцна во текот на нивната ХИВ инфекција. Процентот на доцна пријавените ХИВ позитивни лица се зголемува со зголемување на нивната возраст. На крајот на 2016 година на глобално ниво, околу 36,7 милиони луѓе живееле со ХИВ. На крајот на 2016 г. 1,8 милиони луѓе станале ново заразени со ХИВ.
Околу 35 милиони луѓе умреле од болести поврзани со СИДА-та од почетокот на епидемијата, па се до крајот на 2016 година). Бројот на смртните случаи од СИДА, во вкупни рамки се намалени за 45%.
Околу 20,9 милиони луѓе кои живеат со ХИВ, до средината на 2017 година добиле АРТ. Околу 54% од возрасните и 43% од децата кои живеат со ХИВ во моментот примаат доживотна антиретровирусна терапија (АРТ).
Во 2017 година се забележани значајни чекори на патот кон исполнување на целите за третман 90-90-90, за завршување на СИДА-та до 2030 година.
Во Источна Европа и Централна Азија, нови ХИВ инфекции се зголемени за 60% од 2010 година наваму и смртните случаи поврзани со СИДА-та за 27%.
Глобалната покриеност со АРТ за бремени жени и доилки кои живеат со ХИВ е висока и изнесува 76%, односно секоја 7 од 10 бремени жени кои живеат со ХИВ, добиле антиретровирусен третман.
Африканскиот регион на СЗО е најзагрозениот регион, со 25,6 милиони луѓе кои живеат со ХИВ во 2016 година и учествува со речиси две третини од регистрираните ХИВ инфекции на глобалнио ниво.
Во 2016 година, околу 44% од новите инфекции се случиле меѓу клучните популации и нивните партнери.
Се проценува дека во моментов само 70% од луѓето со ХИВ, го знаат нивниот статус. За да се постигне целта од 90%, дополнителни 7,5 милиони луѓе треба да имаат пристап до услуги за ХИВ тестирање.
Не постои лек за ХИВ инфекција. Сепак, ефективните антиретровирусни (АРВ) лекови можат да го контролираат вирусот и да помогнат во спречувањето на пренесувањето, така што луѓето со ХИВ и оние со значителен ризик можат да уживаат во здрав, долг и продуктивен живот.
Во периодот 2000 – 2016 година, ново регистрирани ХИВ инфекции се намалија за 39%, а смртните случаи поврзани со ХИВ, се намалија за една третина, со 13,1 милиони животи спасени поради користење на АРТ во истиот период.
Во Институтот за Jавно Здравје на Република Македонија (ИЈЗРМ), до 30. 11. 2017 година, пристигнати се и обработени 39 пријави за ново регистрирани случаи на ХИВ/СИДА.
а/ Дистрибуција на лицата со ХИВ/СИДА во 2017 г. (заклучно со 1 декември 2017):
б/ Во 2017 година не се регистрирани смртни исходи на лица заболени од СИДА.
в/ Структура по пол на лицата со ХИВ/СИДА во 2017 г. (заклучно со 1 декември 2017):
г/ Место на живеење на лицата со ХИВ/СИДА во 2017 г. (заклучно со 1 декември 2017):
д/ Возрасни групи на лицата со ХИВ/СИДА во 2017 година (заклучно со 1 декември 2017):
ѓ/ Начин на трансмисија на лицата со ХИВ/СИДА во 2017 година (заклучно со 1 декември 2017):
Во периодот 1987 – 2017 (заклучно со 1 декември 2017) година вкупно се регистрирани 354 лица кои живеат со ХИВ/СИДА. Дистрибуцијата по пол на лицата кои живеат со ХИВ/СИДА покажува дека од вкупно 354 лица лица кои живеат со ХИВ/СИДА, 301 лица се од машки пол, а 53 лица се од женски пол.
Дистрибуцијата на ХИВ/СИДА по возрасни групи:
– Во РМ има вкупно 184 лица кои се болни од СИДА и 170 лица кои се ХИВ позитивни, или вкупно 261 лица кои живеат со ХИВ/СИДА (за 10 лица нивниот статус е непознат).
e/ Начин на трансмисија на лицата со ХИВ/СИДА (заклучно со 1 декември 2017):
Декемви 2017
Преземено од: http://www.iph.mk
Подготвил: Д-р Петар Пецев
Оделение по Социјална медицина
Ноември 2017
Преземено од: www.who.int
Подготвил: Д-р Петар Пецев
Оделение по Социјална медицина
12 Ноември - Светски ден на борба против пневмонија
Објавувањето на новата стратегија се совпаѓа со првиот Светски ден на борба против пневмонијата. Таа во светски рамки е причина број еден за смртност меѓу децата. Секоја година од болеста умираат речиси два милиона деца под пет годишна возраст.
Агенциите на ОН велат дека пневмонијата е причина за смрт на едно на секои четири деца, што е повеќе споредено со смртноста причинета од вирусот ХИВ и СИДА-та, маларијата и сипаниците заедно. Деца умираат од пневмонија на секои 15 секунди, а преку 98 проценти од овие случаи се појавуваат во 68 земји во развој.
СЗО и УНИЦЕФ велат дека знаат како може да се спречи смртноста од оваа болест. Средствата се на располагање, велат од овие агенции, само треба да се имплементираат.
Агенциите предлагаат Глобален акционен план што опфаќа заштита, превенција и третман на децата болни од пневмонија.
Во делот на заштита, вишиот советник за здравство во УНИЦЕФ, Ен Голаз, вели дека хранливи оброци, а особено доењето, е од суштинско значење за подобрување на имунитетот на децата.
„Децата кои се неухранети или кои не се доени во првите шест месеци од животот, се изложени на поголем ризик да заболат од пневмонија и други болести“, вели Голаз.
Шамим Кази од Светската здравствена организација е експерт за пневмонија. Тој вели дека кога станува збор за превенција, вакцинацијата е најважната интервенција против болестите што ја причинуваат пневмонијата, како силната кашлица и сипаниците.
„Потоа, доколку детето се разболе од пневмонија, на овие деца можеме да им препишеме антибиотици што не се скапи, како и да понудиме методологија на општинско ниво или на ниво на здравствената установа, зависно од сериозноста на болеста. Во моментов овие мерки не се најсоодветно применети во светот“, вели Кази.
Д-р Кази додава дека Глобалниот акционен план има за цел да опфати 90 проценти од сите релевантни вакцини.
Агенциите за здравство на ОН велат дека за имплементација на предложените мерки во 68 земји во равој, во наредните шест години, ќе бидат потребни околу 39 милијарди долари.
Иако ова звучи скапо, агенциите додаваат дека користа од тие пари е многу поголема - до 2015 година на тој начин би се намалила смртноста од пневмонија кај децата за 65 проценти.
Ноември 2017
Преземено од: http://www.who.int/
Подготвил: Д-р Петар Пецев
Согледувајќи ги потребите на пациентите , и водејќи се од современите дијагностички потреби, ЈЗУ Центар за јавно здравје - Струмица од Октомври 2017 година, ја воведе молекуларната дијагностика како дел од своите услуги. Оваа е една од најсовремените дијагностички постапки за докажување на присуство на ДНК од различни микроорганизми во материјалот земен од пациентите. Оваа постапка се базира на принципите на полимераза-верижната реакција (real – time PCR), а започнуваме со дијагностика на присуство на HPV – вирусите, како и дијагностика на хламидија и гонореја. HPV – типизацијата ќе даде одговор дали во материјалот од пациентите се присутни типовите 16,18 и 45 кои се причинители на околу 70 % од карциномите на цервиксот, како и присутво на други високо ризични типови на HPV – вируси, групирани во 3 групи P 3 (31,33,35,52 и 58), P 4 (51 и 59), P 5 (39,56,66 и 68).
За добивање на овие услуги потребен е упат од матичен гинеколог, а за хламидија/гонореја и од специјалист дерматолог или матичен лекар. Партиципацијата за оваа испитување изнесува 550 денари, доколку пациентот нема осигурување се наплаќа полна цена 5.500 денари.
Ноември, 2017
Подготвил: Д-р Ѓ.Терзиев - Спец. по Микробиологија
ГИ ИЗВЕСТУВАМЕ МАТИЧНИТЕ ЛЕКАРИОД ПЗЗ, А ВОEДНО И ЃРАЃАНИТЕ НА СТРУМИЦА ДЕКА ЦЕНТАРОТ ЗА ЈАВНО ЗДРАВЈЕ-СТРУМИЦА ДОБИ НОВИ ФОБ ТЕСТОВИ КОИ МАТИЧНИТЕ ЛЕКАРИ МОЖAT ДА ГИ ПОДИГНАТ НА ОДДЕЛЕНИЕТО ЗА СОЦИЈАЛНА МЕДИЦИНА ПРИ ЦЕНТАРОТ ЗА ЈАВНО ЗДРАВЈЕ,СЕКОЈ РАБОТЕН ДЕН ОД 7:00- 15:00.
ЛИЦЕ ЗА КОНТАКТ: ДР ПЕТАР ПЕЦЕВ
МЕЈЛ: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
СООПШТЕНИЕ
Вакцинирањето против сезонски грип за сезина 2017-2018 во ЈЗУ Центар за јавно здравје - Струмица, ќе започне на ден 18.10.2017 година (Среда).
Вакцинирањето ќе се врши секој работен ден (пон-пет) од 08:00h до 14:30h (пауза 10:00-10:30 и 12:30-13:00)
Цената на една вакцина ќе изнесува 400 денари.
Вакцина која ќе се применува е INFLUVAC SUB-UNIT на производителот Abbot Biologicals B.V Veerweg - Холандија.
На 29-ти септември 2014 година приклучете се и учествувајте во најголемата активност во светот против кардиоваскуларните заболувања. На овој Светски ден на срцето, фокусот е поставен врз создавање на средина здрава за срцето.
Светски ден на хепатит 2016: 28 јули Крени глас против хепатитот, “тивок убиец”. Познавај го хепатитот Дејствувај сега Лекувај се Повеќе од 90% од луѓето со хепатит Ц може целосно да се излекуваат од вирусот во период од 3-6 месеци.
Следејќи ги современите трендови за претставување на интернет, од месец ноември 2014 година, беше пуштена официјалната веб страница на ЈЗУ Центар за јавно здравје Струмица.
Поради ширењето на се повеќе дезинформации за вирусот ебола, решивме да објавиме неколку факти за истиот. Еболата прв пат беше забележана во март со неколку идентификувани случаи во Гвинеја, а од тогаш до денес бројот е значително пораснат во Гвинеја, Сиера Леоне, Либерија и Нигерија.
ЈЗУ Центар за јавно здравје Струмица е една од најстарите здравствени институции во Република Македонија, која што функцонира на територијата на Општина Струмица, Валандово, Босилово, Василево, Ново Село...