Светски ден на здравјето, 7-ми април 2022 година - „Наша планета, наше здравје“
Дали можеме повторно да го замислиме светот во кој чистиот воздух, вода и храна се достапни за сите?
Дали може да замислиме свет каде економиите се фокусирани на здравјето и благосостојбата, свет каде градовите се погодни за живеење, а луѓето имаат контрола врз нивното здравје и здравјето на целокупната планета?
Најголемите проблеми во светот се лошото здравје и прераната смрт предизвикана од биолошки агенси во човековата средина во водата, храната, воздухот и почвата. Тие придонесуваат за прерана смрт на милиони луѓе, главно доенчиња и деца, како и за лошо здравје или инвалидитет на уште стотици милиони.
Здравјето зависи од нашата способност да ја разбереме и управуваме интеракцијата помеѓу човековите активности и физичката и биолошката средина. Имаме знаење за ова, но не успеваме да дејствуваме на правилен начин, иако имаме ресурси за одржливо да ги задоволиме сегашните и идните потреби.
Две грижи се од витално значење: развој кој се однесува на потребите на луѓето, особено за здравјето и еколошка одржливост за да не се исцрпат природните ресурси и да не се оштетат или деградираат природните системи. Задоволувањето на потребите на сегашното и идното светско население за храна, вода и енергија без исцрпување или оштетување на глобалната база на ресурси, притоа избегнувајќи ги негативните здравствени и еколошки последици од индустријализацијата и неконтролираната урбанизација, бара знаење и средства, како и промени во начинот на кој владите го планираат и управуваат развојот.
Луѓето несомнено ја нарушија рамнотежата на природата и како резултат на тоа, светот се соочува со највисока стапка на истребување.
Познати факти:
Во време на пандемија, загадена планета, болести коишто се во постојан пораст како рак, астма, срцеви заболувања, на Светскиот ден на здравјето во 2022 година, СЗО ќе го фокусира глобалното внимание на итните активности потребни за одржување на здравјето на луѓето и целата планета, како и за поттикнување на движењето за создавање општества фокусирани на благосостојба.
Целта е да се сврти вниманието на граѓаните на важноста од зачувување на природата и спречување на негативните последици по животната средина, односно да се предупреди за опасностите по живот на Земјата, екосистемите и урбаните области поради индустрискиот развој, зголемената потрошувачка на енергија, глобалното затоплување и климатските промени, со цел светското население да стане свесно за својата одговорност кон планетата на кој живее.
СЗО проценува дека повеќе од 13 милиони смртни случаи ширум светот секоја година се должат на еколошки причини што може да се избегнат. Ова пред се, се однесува на климатската криза која е единствената најголема здравствена закана со која се соочува човештвото. Всушност, климатската криза е и здравствена криза.
Нашите политички, социјални и комерцијални одлуки ја водат климатската и здравствената криза. Над 90 отсто од луѓето дишат загаден воздух како резултат на согорување на фосилни горива. Глобалното загревање го зема својот данок, комарците шират болести подалеку и побрзо од кога било досега. Екстремните временски настани, деградацијата на земјата и недостигот на вода ги раселуваат луѓето и влијаат на нивното здравје. Загадувањето и пластиката се наоѓаат на дното на нашите најдлабоки океани, највисоките планини и се пробиле во нашиот синџир на исхрана. Системите за производство на ултра-обработена, нездрава храна и пијалоци придонесуваат за се почеста појава на гојазност, притоа зголемувајќи ја и појавата на рак и срцеви заболувања, а истовремено создаваат третина од емисиите на стакленички гасови.
Авторите на Шестиот извештај на Меѓународниот панел за климатски промени (IPCC) испратија предупредувачка порака – порастот на глобалната просечна температура и последователните временски екстреми претставуваат огромна закана за животот на Земјата и може да бидат фатални за нас.
Во извештајот се наведува дека дури половина од населението, меѓу 3,3 и 3,6 милијарди луѓе, живеат во области кои се „многу ранливи“ на глобалното затоплување.
Спектарот на негативните влијанија на климатските промени врз нас и нашата околина е поширок споредено со претходните сознанија на авторите на Петтиот извештај на IPCC од 2014 година. Временските екстреми како топлотните бранови и ураганите стануваат се почести и посилни поради глобалното затоплување, предизвикувајќи големи штети на инфраструктурата и природните ресурси и го загрозува човековото здравје и животи. Од 2008 година, повеќе од 20 милиони луѓе годишно мораа да ги напуштат своите домови поради разорните поплави и бури.
Зголемените глобални температури ги принудуваат животните и растенијата од копното да мигрираат на половите или на повисоките височини, а оние што не може да се прилагоди на променетите климатски услови изумираат. Овој процес има многу поголемо влијание врз животната средина и може да резултира со нарушување на синџирот на исхрана. Според Ханс-Ото Портнер, копретседавач на другите работни групи на IPCC, со обновување на деградираните екосистеми и ефективно и правично зачувување помеѓу 30 и 50% од живеалиштата на земјиштето, свежата вода и океаните, општеството може да има корист од неговиот природен капацитет да апсорбира и складира јаглерод и може да се забрза напредокот кон одржлив развој.
И покрај фактот дека постојат одредени напори за преземање активности поврзани со климатската криза, тие се покажаа како недоволни и несоодветни, а понекогаш и лошо планирани, наведуваат авторите на извештајот на IPCC. Засега, дел од ветувањата останаа само на ниво на зборови, наместо да се преточат во конкретни дела кои би помогнале да се спречи порастот на просечната глобална температура – едно од нив е финансиската помош за помалку развиените земји.
Доколку емисиите на стакленички гасови останат исти, стотици милиони луѓе ќе бидат изложени на екстремни топлотни бранови во иднина, економските загуби ќе бидат неверојатни, а многу природни системи ќе пропаднат.
Додека пандемијата COVID-19 ни ја покажа исцелителната моќ на науката, таа исто така ги истакна нееднаквостите во нашиот свет. Пандемијата ги откри слабостите во сите области на општеството и ја акцентираше итноста за создавање одржливи „општества коишто се грижат за благосостојба“, посветени на постигнување здравје за сегашните и идните генерации без да се прекршуваат еколошките граници. Сегашниот дизајн на економијата води до нерамномерна распределба на приходот, богатството и моќта, при што премногу луѓе сè уште живеат во сиромаштија и нестабилност. И покрај фактот дека богатите нации значително повеќе придонеле за климатските промени со согорувањето на фосилните горива, сиромашните земји се најмногу изложени на нивните влијанија. Како резултат на климатските промени, нивните и онака неразвиени економии дополнително ослабуваат, жителите умираат, нееднаквоста расте. Трендот ќе продолжи доколку климатските активности не се фокусираат на еднаквост и правда. Десетици милиони луѓе ќе се најдат на работ на егзистенција во случај на дополнително глобално затоплување. Прекинувањето на циклусите на уништување за планетата и здравјето на луѓето бара законодавна акција, корпоративни реформи и поединци коишто ќе бидат поддржани и охрабрени да прават здрави избори.
Ханс-Ото Портнер заклучува: „Научните докази се недвосмислени: климатските промени се закана за човековата благосостојба и здравјето на планетата. Секое понатамошно одложување на конкретната глобална акција ќе направи да не можеме да поминеме низ малиот прозорец за сигурна иднина што брзо се затвора“.
Имено, се нагласува потреба од итни акции за одржување на здравјето на луѓето и целата планета со фокус на еднаквоста и праведноста. Од таа причина, преку кампањата „Наша планета, наше здравје“, СЗО ги повикува владите и јавноста да ги споделат активностите што ги преземаат за да ја заштитат планетата и целокупното здравје со посебен акцент на создавање одржливи општества коишто се грижат за благосостојбата.
Текстот е превземен од https://www.iph.mk/svetski-den-na-zdravje-7-april-2022/
Што е рак?
Ракот е болест која се јавува кога промените во група нормални клетки во телото доведуваат до неконтролиран, абнормален раст формирајќи грутка наречена тумор; ова важи за сите видови на рак освен леукемија (рак на крвта). Ако не се лекуваат, туморите може да растат и да се шират во околното нормално ткиво или во други делови од телото преку крвотокот и лимфниот систем и може да влијаат на дигестивниот, нервниот и циркулаторниот систем или да ослободуваат хормони кои можат да влијаат на функцијата на телото.
Туморите на ракот може да се поделат во три групи: бенигни, малигни или преканцерозни
Бенигните тумори не се канцерогени и ретко го загрозуваат животот. Тие имаат тенденција да растат прилично бавно, не се шират на други делови од телото и обично се составени од клетки сосема слични на нормалните или здравите клетки. Тие ќе предизвикаат проблем само ако пораснат многу, стануваат непријатни или притискаат на други органи - на пример тумор на мозокот во внатрешноста на черепот.
Малигните тумори растат побрзо од бенигните и имаат способност да се шират и уништуваат соседното ткиво. Клетките на малигните тумори можат да се отцепат од главниот (примарен) тумор и да се шират на други делови од телото преку процес познат како метастаза. По инвазијата на здравото ткиво на новото место тие продолжуваат да се делат и растат. Овие секундарни места се познати како метастази и состојбата се нарекува метастатски карцином.
Преканцерозна (или премалигна) ја опишува состојбата која вклучува абнормални клетки кои можат (или е веројатно) да се развијат во рак.
Клучни факти за ракот
Секоја година 10 милиони луѓе умираат од рак.
Најмалку една третина од обичните карциноми може да се спречат.
Ракот е втора водечка причина за смрт во светот.
70% од смртните случаи од рак се случуваат во земјите со низок до среден приход.
Милиони животи би можеле да се спасат секоја година со имплементирање соодветни ресурси за стратегии за превенција, рано откривање и лекување.
Вкупната годишна економска цена на ракот се проценува на 1,16 трилиони американски долари.
Поради сите овие причини, темата за овогодинешниот Светски ден за борба против ракот е „затворање на јазот во грижата“.
И за среќа, се прави многу за да се донесе квалитетна нега за ракот во земјите за кои досега беше недостапно.
Напорите на СЗО се фокусирани на ракот на дојката, сега најчестиот рак; рак на грлото на матката, кој може да се елиминира; и рак во раното детството. Фокусот на секоја од овие иницијативи се земјите со низок и среден приход, каде што треба да се постигнат најголемите придобивки за јавното здравје.
Овие интегрирани глобални иницијативи за рак се имплементирани од повеќе од 200 партнери ширум светот, вклучително и многу развојни банки кои значително ги зголемија своите инвестиции во истражување, превенција и грижа за ракот.
Додека светот се бори против СОВИД-19, ние никогаш не сме биле посвесни за важноста на нашето здравје и здравјето на нашите најблиски.
Кардиоваскуларните болести (ЦВБ) остануваат убиец број еден во светот, што резултира со 18,6 милиони смртни случаи годишно. Има многу причини (ризик фактори) за тоа: од пушење, дијабетес, висок крвен притисок и дебелина, до загадување на воздухот, и поретки состојби како што е срцевата амилоидоза.
За 520 милиони луѓе кои живеат со кардиоваскуларни болсети, СОВИД-19 претставува огромен ризик за нивниот живот. Тие беа повеќе изложени на ризик да развијат тешки форми на вирусот. Многумина се плашеа да присуствуваат на рутински и итни состаноци и станаа изолирани од пријателите и семејството.
Оваа година, на Светскиот ден на срцето, го молиме светот да:
КОРИСТЕТЕ СРЦЕ ЗА ДА С ПОВРЗУВАМЕ
Кризата во здравството што сите ние ја живееме нагласи итна потреба да се најдат различни и иновативни начини за поврзување на луѓето за по здраво срце, особено во областите и заедниците со помали ресурси.
Искористување на моќта на дигиталното здравје за подобрување на свесноста, превенцијата и управувањето со кардиоваскуларните болести на глобално ниво е нашата цел за Светскиот Ден На Срцето 2021. Телемедицината има огромна улога за да продолжиме да со борбата против кардиоваскуларните болести.
КОРИСЕЊЕТО НА СРЦЕТО ЗА ПОВРЗУВАЕ значи да го користите вашето знаење, сочувство и влијание за да бидете сигурни дека вие, вашите сакани и заедниците од кои сте дел, имате најдобра шанса да живеете здрави животи со здраво срце. Се работи за поврзување со нашите сопствени срца, да се осигураме дека ги негуваме најдобро што можеме, и да ја користиме дигиталната моќ за да го поврземе секое срце, насекаде.
ТРИ КЛУЧНИ СТАПКИ
1. ЕДНОСТАВНОСТ
Исклучените срца се изложени на поголем ризик од срцеви заболувања и мозочен удар поради недостаток на пристап до превенција, третман и контрола на кардиоваскуларните болести - но сепак половина од светското население нема пристап до интернет конекција.
Технологијата и податоците ќе ни помогнат да го надминеме јазот и да го направиме тоа брзо. Се работи за овозможување и зајакнување на секого и насекаде - млади и стари, мажи, жени и деца, пациенти, здравствени работници во заедницата, лекари да користат дигитални алатки за подобра превенција, дијагноза и грижа за состојби поврзани со срцето.
Не се сите срца еднакви. Но, тие треба да бидат… и дигиталното здравје може да помогне да се поправи рамнотежата.
2. ПРЕВЕНЦИЈА
Грижете се за вашето срце со јадење здрава исхрана, откажување од пушење цигари и други тутунотси производи и физичка активност. Дигиталните алатки, како што се апликациите за телефон и уредите за носење, навистина можат да ви помогнат да се мотивирате и да останете на вистинскиот пат.
Ако имате здравствена состојба која вклучува срцеви заболувања, срцева слабост, дијабетес, висок крвен притисок или дебелина, не дозволувајте СОВИД-19 да ве спречи да присуствувате на вашите редовни прегледи. И никогаш не избегнувајте да ги повикувате итните служби доколку е потребно - безбедно за Вас е и медицинските професионалци да се тука за вас.
3. ЗАЕДНИЦА
Во светот живеат 520 милиони луѓе со кардиоваскуларни болести кои биле несразмерно погодени од СОВИД-19 во минатата година. Поради зголемената ранливост кон потешките форми на СОВИД-19, на оваа популација и е кажано дека е ранлива, изложена на ризик и треба да се засолни.
Има многу последици од ова, меѓу нив:
Дигиталните мрежи имаат моќ да ги поврзат пациентите со семејствата, пријателите, другите пациенти, лекарите и негувателите. Никој не треба да се чувствува сам, без разлика дали е време на пандемија или не, затоа да ја користиме технологијата за да ја надминеме изолацијата и празнините во грижата.
Подготвил
Д-р Петар Пецев - Спец. по Социјална Медицина и Јавно Здравје
-- ПОСВЕТЕТЕ СЕ ДА СЕ ОТКАЖЕТЕ --
31 МАЈ, 2021
СЗО неодамна започна едногодишна глобална кампања за Светскиот ден без тутун, 2021 година - „Посветете се да се откажете“. Оваа кампања има за цел да поддржи 100 милиони луѓе ширум светот во нивниот обид да се откажат од тутун преку разни иницијативи и дигитални решенија.
Тоа ќе помогне да се создадат поздрави средини кои се погодни за откажување од тутун со:
Пандемијата со КОВИД-19 доведе до милиони корисници на тутун кои сакаат да сеоткажат од цигарите. Сепак, откажувањето од тутун е предизвик, особено со дополнителните социјални и економски стресови предизвикани од пандемијата.
На светско ниво, околу 780 милиони луѓе велат дека сакаат да се откажат, но само 30% од нив имаат пристап до алатките што можат да им помогнат да ги надминат и физичките и менталните зависности од тутун. Заедно со партнерите, СЗО ќе им обезбеди на луѓето алатки и ресурси потребни за успешен обид за откажување.
Откажувањето од тутун има големи и непосредни здравствени придобивки
Постојат непосредни и долгорочни здравствени придобивки од откажувањето од тутун. По само 20 минути откажување од пушењето, срцевиот ритам се успорува. Во рок од 12 часа, нивото на јаглерод моноксид во крвта паѓа во нормала. Во рок од 2–12 недели, циркулацијата се подобрува и функцијата на белите дробови се зголемува. Во рок од
1-9 месеци, кашлањето и отежнато дишење се намалуваат. Во рок од 5-15 години, ризикот од мозочен удар се намалува на ризикот на ниво од непушач. За 10 години, стапката на смртност од рак на белите дробови е околу половина од онаа на пушачот. Во рок од 15 години, ризикот од срцеви заболувања е ризик на непушач.
Политиките и капацитетот за престанок на тутунот во Европскиот регион на СЗО мора да се подобрат
Политиките за прекин и намалување на побарувачката на тутун, најмалку се спроведени од сите Рамковни конвенции на СЗО, во Европскиот регион само 8 земји обезбедуваат услуги за престанок со пушење, од кои мнозинството се земји со високи приходи.
Владите треба да ја препознаат оваа неисполнета потреба и да постапуваат по неа како дел од сеопфатната стратегија за контрола на тутунот. Посредувањето за откажување од тутунот на ниво на целото население мора да бидат приоритет за земјите. Во исто време, треба да се охрабрат иновациите и мобилните технологии целосно да се искористат за да се подобри пристапот до целото, особено до тешко достапното население.
Дигитални решенија кои ќе им помогнат на 1.3 милијарди корисници на тутун во светот да се откажат
СЗО ја воспостави новата иницијатива за пристап до откажување од тутун, која им овозможува на луѓето, меѓу другото, бесплатен пристап до дигитално советување. СЗО соработуваше со технолошки компании како Facebook, WhatsApp и Soul Machines за да се подигне свеста и да се поддржат корисниците на тутун да се откажат од цигарите со помош на chatbots и дигитални здравствени работници. На пример, Florence, дигитален советник, заснован на вештачка интелигенција, им помага на луѓето да развијат персонализиран план за напуштање на тутунот и ги насочува кон достапните мобилни апликации и бесплатни линии за откажување во нивните земји. Во меѓувреме, Quit Challenge на WhatsApp им овозможува на пријавените корисници на тутун бесплатни пораки за тоа како да се откажат, директно на нивните мобилни телефони.
Овие и други глобални и регионални алатки за прекин со тутунот ќе бидат претставени како дел од кампањата за Светскиот ден без тутун 2021 година, која уште еднаш ќе повтори дека силните услуги за прекин со тутунот го подобруваат здравјето, спасуваат животи и заштедуваат пари.
Текстот е превземен од: http://www.cph.mk/mk/component/content/article/36-pocetna/451-svdentutun
Врз основа на член 157, член 158, член 159, член 160, член 161 и член 162 од Законот за здравствена заштита (Сл.весник на РМ бр. 43/12 ... 20/19 и Сл.весник на РСМ бр.101/19 ... 275/19), Согласноста за унапредување од Министерство за здравство Бр.22-867/2 од 08.02.2021 година и Согласноста за унапредување од Министерство за финансии Бр.18-2594/2 од 17.03.2021 година Директорот на ЈЗУ Центар за јавно здравје- Струмицана ден 20.05.2021 година објавува
ИНТЕРЕН ОГЛАС БРОЈ 02/2021 ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ ВО
ЗДРАВСТВЕН СОРАБОТНИК
Се распишува интерен оглас за унапредување во здравствен соработник за следното работно место:
Посебни услови за работното место:
-вишо образование,
-активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски),
- активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење.
-Работно искуство: без работно искуство во струката
Распоред на работно време
Работни денови понеделник - петок
Работни часови неделно 40
Работно време cо почеток на работното време од 7:00 часот и завршеток на истото во 15:00 часот.
Кандидатите кои аплицираат на интерниот оглас треба да ги исполнуваат следните општи услови:
- да е државјанин на Република Македонија,
- да е полнолетен,
- да има општа здравствена способност,
- да не му е изречена со правосилна одлука забрана на вршење професија,дејност или должност,
-да поминал најмалку две години во непосредно пониско работно место одработното место за кое е објавен интерниот оглас и
- да не му е изречена дисциплинска мерка или мерка за намалена работнауспешност во период од 12 месеци пред објавувањето на интерниот оглас.
Кандидатот потребно е да поднесе пополнета пријава и докази за податоците содржани во пријавата во писмена форма по пошта или во архивата на ЈЗУ Центар за јавно здравје-Струмица.
Кандидатот, пријавата со потребните документи треба да ја достави во рок од 5 (пет) дена од денот на објавувањето на интерниот оглас. Во пријавата кандидатите должни се под материјална и кривична одговорност да потврдат дека податоците во пријавата се точни, а доставените докази верни на оргиналот.
Кандидатот кој внел лажни податоци во пријавата или за кој се утврди дека внел лажни податоци ќе биде дисквалификуван од понатамошната постапка по овој оглас.
Со почит,
ЈЗУ Центар за јавно здравје-Струмица
Директор
М-р. Петре Витанов
ЈЗУ Центар за јавно здравје Струмица е една од најстарите здравствени институции во Република Македонија, која што функцонира на територијата на Општина Струмица, Валандово, Босилово, Василево, Ново Село...