Растење, времетраење и како и кога да се отстранат млечните заби
Децата обично имаат 20 млечни заби. Нивната појава е привремена и претходи на растот на трајните заби.Млечните заби почнуваат да растат кај децата на возраст од 6 до 12 месеци.Кај повеќето деца, сите млечни заби растат до 3-та година и најчесто паѓаат до 12-тата година.Штом ќе почне да расте првиот заб родителот треба да го закаже првиот дентален преглед на детето.
Млечните заби не се само „привремени заби“, тие го чуваат просторот за трајните заби, но нивната главна улога е да овозможат нормален раст и развој на вилицата, односно тие се од големо значење за развојот на целиот орофацијален систем кај децата.Најинтензивниот развој на орофацијалниот систем се случува токму во времето кога млечните заби се присутни во устата. Освен тоа млечните заби овозможуваат џвакање и го олеснуваат консумирањето на храната, создавањето глас и говор. Времетраењето на млечните заби во вилицата е околу шест години.Од трајните заби, обично прв никнува шестиот, долниот молар.Децата обично ги имаат сите трајни заби до 16-годишна возраст.
Првите заби кои растат кај бебињата се долните централни секачи, во повеќето случаи. Веднаш по нив, по правило, растат горните централни секачи.Најчесто, вторите катници се последни што еруптираат на возраст од приближно 2 години.
Табела 1. Возраст во која еруптираат и паѓаат млечните заби:
Заби во горна вилица |
Заби во долна вилица |
|||
Кога млечните заби растат |
Кога испаѓаат |
Кога млечните заби растат |
Кога испаѓаат |
|
8-12месеци |
6-7 години |
Централни инцизиви |
6-10 месеци |
6-7 години |
9-13 месеци |
7-8 години |
Латерални инцизиви |
10-16 месеци |
7-8 години |
16-22 месеци |
10-12 години |
Канини |
17-23 месеци |
9-12 години |
13-19 месеци |
9-11 години |
Први молари |
14-18 месеци |
9-11 години |
25-33 месеци |
10-12 години |
Втори молари |
23-31 месеци |
10-12 години |
Според Logan & Kronfeld, хронологијата на никнување на млечните заби одговара на нашата популација), ерупцијата на млечните заби започнува во следниве периоди: централните инцизиви 6-8-от месец, латералните 8-10-тиот, првите молари 12-16-тиот, канините 15-20-тиот, и вторите молари во 20-30-тиот месец.
Хронологија на почеток на ресорпција на млечни заби: централни во 4-та година, латерални во 5-та година, први молари во 6-та година, канини и втори молари во 8-та година
Понекогаш постои можност веднаш по раѓањето да се појават формации слични на млечните забчиња.
Всушност, станува збор за остатоци од орожнато ткиво, од кои се развиваат забните клици.Овие, таканаречените предмлечни заби, можат да претставуваат опасност за бебето - бидејќи тие не се врзани за коската и многу се нишаат и лесно можат да испаднат, па бебенцето може да ги вдише, што може да предизвика последици опасни по живот.Секогаш кога ќе се појават формации слични на забите во првите неколку месеци (до четвртиот), најбезбедно е да ги прегледа специјалист детски стоматолог и да процени за што се работи.Ако тие не се вистински млечни заби, тогаш мора да се извадат.
Млечните заби се привремена замена за трајните заби. При растот на млечните заби постои чешање на местото на ерупцијата. Појавувањето на млечните забчиња не е болно само по себе, но деца ги чувствуваат промените и постојано имаат потреба да ги џвакаат рацете или работите што ќе ги најдат за да го ублажат чешањето.Во периодот на растење на овие заби можно е да се појави зголемено лигавење кај децата. За некои деца никнувањето на забите е доста тешко бидејќи не можат нормално да спијат и да јадат, но тоа обично трае краток временски период.
Во овој период родителот може да му помогне на своето дете со тоа што ќе му даде гумени играчки за џвакање и на тој начин се намалува непријатноста при никнувањето на забите. Гумените играчки може да се заменат со некоја поприродна верзија (на пр. сиров морков или јаболко). Но треба да се внимава на возраста на детето и на опасноста од гушење со ситни парчиња (на пр. сировиот морков или јаболкото да бидат доволно големо парче). Се препорачува исто така, нежно масирање на непцата со чиста влажна газа која можете да се натопи во чај од камилица што може да му помогне на детето полесно да заспие.Мократа газа може предходно да се излади во фрижидер за да ја намали непријатноста од чешањето поради растот на млечните заби.
Млечните заби траат додека трајните заби не почнат да растат.Вообичаено, првите трајни заби почнуваат да никнуваат веќе на шестгодишна возраст.На возраст од дванаесет години обично растат последните трајни заби, што би значело дека во просек времетраењето на млечните заби во вилицата е околу шест години. Секако, треба да се земе предвид дека станува збор за просечното времетраење на млечните заби, што не значи дека не е во ред доколку кај некои деца промените се случат неколку месеци порано или подоцна.
Како и трајните заби и млечните заби имаат корен.Но, коренот што ги држи млечните заби е послаб од коренот на траен заб. Тоа што коренот на млечното забче не се гледа откако тоа ќе падне, не значи дека го нема.
Кога коренот на млечните заби ќе се ресорбира тие се разнишуваат и почнуваат да паѓаат. Тој со текот на времето се топи, а како резултат на тоа доаѓа до испаѓање на забот.Тоа се случува непосредно пред ерупцијата на трајните заби.Повеќето од млечните заби почнуваат да се нишаат пред растењето на трајните заби и паѓаат без болка, но за некои млечни заби кои имаат цврст корен, потребно е да се побара совет од стоматолог за да се провери дали забот треба да се вади.
Млечните заби по правило, не треба да се вадат бидејќи на секое место на млечниот заб доаѓа нов траен заб.Дури и кога станува збор за расипани млечни заби, вадењето никогаш не се препорачува бидејќи млечните заби го чуваат простор за трајните заби и од тие причини нивната улога е важна иако е привремена.
Многу од родителите се прашуваат како да извадат млечен заб, но тоа треба да се оставите на времето, бидејќи млечниот заб сам се олабавува со помош на ресорбцијата на коренот и по некое време паѓа. Понекогаш е потребно само нежно да се извлече забот и тој веднаш излегува. Секое ненадејно вадење на млечните заби може да значи дека на тоа место воопшто нема да израсте траен заб.
Забот не треба да се вади со сила доколку не е разнишан, а со тоа се намалува и можноста за болка. Од друга страна пак, кај деца под 5 години забите не треба да се вадат иако понекогаш може да се разнишани на таа возраст. Во таков случај треба да се посети стоматолог.
Повеќето деца ја поминуваат оваа природна фаза на замена на млечните заби со трајни без никакви проблеми.Понекогаш може да се појават проблеми ако млечниот заб не може да испадне или ако трајниот заб почне да расте на погрешно место.Доколку забот не може да излезе лесно , не треба да се прави ништо со сила за да детето нема поголеми проблеми и повеќе болки. Во вакви случаи потребно е навреме да се реагира и да се побара помош од стоматолог за да се извадат така преостанатите заби и да се овозможи нормален раст и развој на трајните заби и вилицата.
Кога млечните заби се разнишани многу често им пречат на децата. Тогаш родителите се обидуваат да го извадат забот за да му олеснат на детето. Вадењето заб кај некои деца е болно, додека некои деца не ни чувствуваат дека сте го извадиле. Болката зависи од многу фактори како што се: положбата на забите, толеранцијата на детето за болка и др.
ЈЗУ Центар за јавно здравје - Струмица
Д-р Петар Пецев - Спец. по Социјална медицина и јавно здравје
МОТО: Придружете се на повикот за акција на Светскиот ден на ракот!
Ги повикуваме владите ширум светот да промовираат еднаквост во здравството, да ја подобрат пристапноста на услугите за рак, да ги намалат разликите во инциденцата и смртноста од рак, за конечно да ја затворат нееднаквоста во грижата.
Половина од светското население нема пристап до целосниот опсег на основни здравствени услуги.
Кога станува збор за ракот, на многумина од нас ни е ускратена основната нега, иако живееме во време на напредок во превенцијата, дијагностиката и лекувањето на ракот кој влева страв.
Ова е јазот во правичноста - и тоа чини животи. Со имплементирање на стратегии соодветни на ресурсите за превенција, рано откривање, третман и грижа, можеме да спасиме милиони животи секоја година.
Унијата за меѓународна контрола на ракот (UICC), организатор на Светскиот ден на ракот, ги охрабрува сите да побараат од нивните влади да ја подобрат здравствената правичност, да овозможат услугите за рак да се достапни за целото население и да ги намалат разликите во инциденцата и смртноста од рак:
1. Да се зголеми финансирањето за истражување на ракот, и да се поттикне соработката помеѓу истражувачите, давателите на здравствена заштита и организациите во заедницата за да се разберат и да се решат разликите.
Придружете се на нашите поддржувачи!
Вашата посветеност да се залагате за поголема правичност во грижата за ракот го засилува нашиот колективен глас. Придружете се на повикот за акција денес!
Додадете го вашиот глас
2. Во секоја земја да се воспостави Регистар за рак заснован на населението и врз основа на Регистарот да се носат одлуките за политиките и распределбата на ресурсите и да се оценуваат стратегиите за контрола.
3. Да се спроведува ефикасна национална стратегија за рак, да се наведат активностите што треба да се преземат за превенција, дијагностика, третман, палијативна грижа, грижа за преживување, собирање податоци и следење на ракот, врз основа на проценка заснована на докази за оптоварувањето со рак во земјата.
4. Да се обрне внимание на финансиските тешкотии и бариерите со кои се соочува недоволно згриженото население.
5. Да се вклучат сеопфатни услуги за рак во националните пакети за здравствена заштита, да се постигне универзална здравствена покриеност, која опфаќа превенција, скрининг, дијагностика, третман (лекови, радиотерапија, хирургија), поддржувачка (супортивна) и палијативна нега и услуги за преживување.
6. Да се подобри здравствената писменост и едукација за ракот, да се користат соодветни материјали и обуки за давателите на здравствени услуги за ефективна комуникација со пациентите.
7. Да се регулира производството, продажбата и маркетингот на канцерогени производи (тутун, алкохол, ултра-преработена храна) преку зголемено оданочување, маркетиншки ограничувања, подобрено означување на производите и кампањи за јавна едукација. 30-50% од ракот може да се спречи со промена на ризичното однесување.
8. Да се спроведат рутински скрининг програми за најчестите карциноми, да се интегрираат во постоечките програми за здравствена заштита и да се искористат мобилните единици за да се опфати и оддалечената популација. Колку порано се открие ракот, толку поуспешно може да се лекува и со помали трошоци за здравствениот систем и за пациентите.
9. Да се унапреди грижата насочена кон пациентот,односно да се препознаат посебните потреби на сите пациенти, охрабрувајќи го ангажманот на пациентите во носењето одлуки.
10. Да се посвети внимание на социјалните детерминанти на здравјето, кои ја попречуваат можноста на поединецот да пристапи до грижа за ракот, справување со предрасудите и претпоставките засновани на различни социјални обележја преку работа со заедниците за поефективни програми насочени кон луѓето.
Зошто рак?
Секоја година 10 милиони луѓе умираат од рак.
Тоа е повеќе од ХИВ/СИДА, маларија и туберкулоза заедно.
До 2030 година, експертите предвидуваат смртните случаи од рак да се искачат на 13 милиони, aко не дејствуваме.
Што ќе се случи ако дејствуваме?
Повеќе од една третина од случаите на рак може да се спречат. Уште една третина може да се излечи ако се открие рано и се третира правилно.
Со имплементирање на стратегии соодветни на ресурсите за превенција, рано откривање и лекување, можеме да спасиме милиони животи секоја година.
Напредок
Денес, знаеме повеќе за ракот од кога било досега.
Преку инвестирање во истражување и иновации, сме сведоци на извонредни откритија во медицината, дијагностиката и научното знаење.
Колку повеќе знаеме, толку повеќе можеме да напредуваме во намалувањето на факторите на ризик, зголемување на превенцијата и подобрување на дијагностиката, превенцијата, третманот и грижата за ракот.
Влијание
Во последниве години, Обединетите нации, Светската здравствена организација и другите агенции на ОН ја препознаа итната потреба за глобална посветеност.
Кога лидерите зборуваат и преземаат акција, ние си даваме шанса да направиме историја и да се движиме кон свет без рак.
Правичност
Денес, повеќе од половина (65%) од смртните случаи од рак се случуваат во најнеразвиените делови на светот. Дури и ако живеете во земја со повисоки приходи, нееднаквостите сè уште постојат меѓу заедниците со пониски приходи, имигрантите, бегалците и руралните заедници.
Еднаков пристап до превенција, дијагностика, третман и нега на рак може да спаси животи.
Промена
Преку подигање на јавната и политичката писменост и разбирање за ракот, го намалуваме стравот, го зголемуваме разбирањето, ги отфрламе митовите и заблудите и ги менуваме однесувањата и ставовите.
Извор: Union for International Cancer Control (UICC)
Достапно на:https://www.worldcancerday.org/about-world-cancer-day-call-to-action
ЈЗУ Центар за јавно здравје - Струмица
Сектор за Социјална медицина и јавно здравје
Д-р Петар Пецев - Спец. по Социјална медицина и јавно здравје
ЈАНУАРИ - МЕСЕЦ НА ПОДИГАЊЕ НА СВЕСНОСТА ОД РАК НА ГРЛО НА МАТКА
“Учи, превенирај, направи скрининг”
На глобално ниво, ракот на грлото на матката е четвртиот најчест рак кај жените, со 604.000 нови случаи во 2020 година. Околу 90% од 342.000 смртни случаи предизвикани од рак на грлото на матката се случиле во земјите со низок и среден приход. Регионалните разлики во оптоварувањето со рак на грлото на матката се поврзани со нееднаквостите во пристапот до услугите за вакцинација, скрининг и третман, факторите на ризик, вклучувајќи преваленца на ХИВ, и социјалните и економските детерминанти како што се полот, родовите предрасуди и сиромаштијата.
Кога ќе се дијагностицира, ракот на грлото на матката е една од најуспешно излечливите форми на рак, доколку се открие рано и ефикасно се управува. Ракот дијагностициран во доцните фази, исто така, може да се контролира со соодветен третман и палијативна нега.
Со сеопфатен пристап за превенција, преглед и лекување, ракот на грлото на матката може да се елиминира како јавно здравствен проблем во рок од една генерација.
Оваа година, месецот за подигање на свеста за ракот на грлото на матката, се одбележува под мотото “Учи, превенирај, направи скрининг”. Темата ја нагласува потребата од едукација на луѓето со цел минимизирање на ризиците од рак на грлото на матката и важноста на редовните скрининг за спасување на животот.
Според податоците на Институтот за јавно здравје, карциномот на грлото на матката e шестиот најчест карцином кај жените во РСМ во последните 10 години, со инциденца од 17.57/100 000 и просек од 51 смртни случаи годишно.
Табела 1. Нови случаи и смртност од карцином на грло на матка во последните 10 години во Република Северна Македонија.
Извор: Извештај за рак во Република Северна Македонија
Општо е познато дека најважната причина за цервикалниот карцином е перзистентната инфекција со папилома вирусот. Хуманиот папилома вирус (ХПВ) е откриен кај 99% од туморите на грлото на матката, особено онкогените или високоризичните поттипови, како што се ХПВ 16 и 18.
Покрај инфекцијата со ХПВ вирусот, постојат и други ризик фактори за појава на карцином на грло на матка, како:
Раниот цервикален карцином е често асимптоматски, додека локално напредната болест може да предизвика симптоми, како што се абнормално вагинално крвавење, како и посткоитално крвавење, диспареунија, лачење секрет, болки во карлицата.
Како можеме да се заштитиме?
Медицинско иследување со кое се докажува присуство на абнормални клетки во грлото на матката е познато како ПАП-тест кој претставува златен стандард и ефикасен начин за откривање рак на грлото на матката во најраните фази. Доколку редовно се извршува на две години, појавата на рак на грлото на матката може да се намали и до десет пати.
Доколку резултатите од ПАП-тестот се сомнителни, за конечна дијагноза задолжително е правење биопсија од грлото на матката. Биопсија е метода со која се зема парче ткиво, во случајов од грлото на матката, и под микроскоп се анализира земениот примерок. Најпрактичен и сеопфатен метод за превенција и рана детекција на карциномот на грло на матка е преку скрининг програмата.
Организираниот скрининг за превенција и рано откривање на ракот на грлото на матката е активност што се спроведува во повеќе држави со цел да се намали инциденцата и смртноста на жените од рак на грлото на матката. Оправданоста на спроведувањето на оваа програма се потврдува со фактот што секоја година се откриваат случаи на рак на грло на матка кај жени кои немале никакви знаци на болеста.
За успешно спроведена скрининг превенција се смета доколку во период од три години се опфатат 75% од целната популација на жени. Возрасната група на жени е од 21 до 59 години кои во последните три години не направиле пап тест.
Како се организира скрининг во Република Северна Македонија?
Гинеколошките ординации ги покануваат жените да се вклучат во организираниот скрининг, вршат преглед со земање на материјал за ПАП тест за возрасна група од 21-59 години кои во последните три години не направиле тест и кои изразиле интерес во рамки на апликацијата креирана од Мој Термин, вршат доставување на материјалот за цитолошка анализа и ги известуваат жените за резултатот од ПАП тестот. Согласно Програмата за рана детекција и скрининг во 2024 ќе се изготви годишен извештај за резултатите од скрининг програмата во 2023 година кој треба да биде објавен најдоцна до јуни и достапен за јавноста.
Според податоците на Институтот за јавно здравје,во 2022 година биле реализирани вкупно 12.769 прегледи во рамки на скринингот за рак на грлото на матката, а од тие лабораториски биле анализирани 9031. Најголем број од жените кои го реализирале прегледот биле на возраст од 40-44 години,односно 6463 со што биле опфатени 10% од вкупното женско население на таа возраст во државата. Во возрасната група 35-39 биле реализирани 4744 прегледи, односно 7,51% од вкупниот број жени на таа возраст и на возраст од 45-47 биле реализирани 1562 прегледи, иако програмата се однесуваше на жени до 44 години. Позитивно е што мал број на жените кои биле опфатени со скринингот програмата имале присутен ризик фактор, односно под 4%, а од позитивните наоди, најголем дел од нив се интраепителни лезии од низок степен
ЈЗУ Центар за јавно здравје - Струмица
Служба за Социјална медицина и јавно здравје
Д-р Петар Пецев - Спец. по Социјална медицина и јавно здравје
Врз основа на член 157, член 158, член 159, член 160, член 161 и член 162 од Законот за здравствена заштита („Службен весник на Република Македонија“ број 43/12, 145/12, 87/13, 164/13, 39/14, 43/14, 132/14, 188/14, 10/15, 61/15, 154/15, 192/15, 17/16, 37/16 и 20/19 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ брoj 101/19, 153/19, 180/19, 275/19, 77/21, 122/21, 178/21, 150/22,236/22 и 199/23),Одлуката за објавување на интерен оглас за унапредување на здравствен работник Бр.04-1593/1 од 06.12.2023 година и Согласноста за унапредување од Министерство за финансии Бр.18-11845/2 од 14.11.2023година, Директорот на ЈЗУ Центар за јавно здравје- Струмицана ден 06.12.2023 година објавува
ИНТЕРЕН ОГЛАС БРОЈ 02/2023 ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ НА
ЗДРАВСТВЕН РАБОТНИК
Се распишува интерен оглас за унапредување на здравствен работник за следното работно место:
Посебни услови за работното место:
- ниво на квалификациите VIБ според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен,Медицински науки и здравство,
- положен стручен испит,
- активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски),
- активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење.
-Работно искуство: без работно искуство во струката
Распоред на работно време
Работни денови понеделник - петок
Работни часови неделно 40
Работно време cо почеток на работното време од 7:00 часот и завршеток на истото во 15:00 часот.
Основната плата за работното место е во паричен нето износ од 33.043,00 денари.
Кандидатите кои аплицираат на интерниот оглас треба да ги исполнуваат следните општи услови:
- да е државјанин на Република Македонија,
- да е полнолетен,
- да има општа здравствена способност,
-да не му е изречена со правосилна одлука забрана на вршење професија,дејност или должност.
На интерниот оглас може да се јави здравствен работник вработен во ЈЗУ Центар за јавно здравје- Струмица, кој ги исполнува општите и посебните услови за пополнување на работното место пропишано за соодветното ниво со Законот за здравствена заштита и Правилникот за систематизација на работни места во ЈЗУ Центар за јавно здравје- Струмица, како и да ги исполнува следните услови:
- да поминал најмалку две години во непосредно пониско работно место одработното место за кое е објавен интерниот оглас и
- да не му е изречена дисциплинска мерка или мерка за намалена работнауспешност во период од 12 месеци пред објавувањето на интерниот оглас.
Кандидатот потребно е да поднесе пополнета пријава и докази за исполнување на бараните услови во писмена форма по пошта или во архивата на ЈЗУ Центар за јавно здравје-Струмица.
Кандидатот, пријавата со потребните документи треба да ја достави во рок од 5 (пет) работни дена од денот на објавувањето на интерниот оглас. Во пријавата кандидатите должни се под материјална и кривична одговорност да потврдат дека податоците во пријавата се точни, а доставените докази верни на оргиналот.
Кандидатот кој внел лажни податоци во пријавата или за кој се утврди дека внел лажни податоци ќе биде дисквалификуван од понатамошната постапка по овој оглас.
Со почит,
ЈЗУ Центар за јавно здравје-Струмица
Директор
М-р. Петре Витанов
ИНТЕРЕН ОГЛАС БРОЈ 02/2023 ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ НА ЗДРАВСТВЕН РАБОТНИК
ОБРАЗЕЦ ЗА ПРИЈАВА ПО ИНТЕРЕН ОГЛАС ЗА МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО
Дијабетот е хронично метаболно заболување, кое се карактеризира со покачено ниво на глукоза во крвта, поради недостаток или нарушена секреција на инсулин од панреасот. Покаченото ниво на шеќерот во крв доведува до сериозно оштетување на срцето, крвните садови, бубрезите, очите и нервите. 100 години после откривање на инсулинот, милиони луѓе со дијабет ширум светот немаат пристап до соодветна нега. Светскиот ден на дијабетес дава можност да се подигне свеста за дијабетесот како глобално јавно здравствено прашање и што треба да се направи, колективно и индивидуално, за подобра превенција, дијагноза и лекување на состојбата. Овогодинешната тема, „ Знајте го вашиот ризик, знајте го вашиот одговор “, ја поткрепува темата за 2021-2023 година „пристап до грижа“.
Во 2023 година, кампањата се фокусира на важноста да се знае ризикот од дијабетес тип 2 за да се помогне да се одложи или спречи состојбата и да се потенцира влијанието на компликациите поврзани со дијабетесот и важноста да се има пристап до вистинските информации и грижа за да се обезбеди навремено лекување и менаџментот.
1 од 10 возрасни луѓе во светот има дијабетес. Над 90% имаат дијабетес тип 2. Скоро половина се уште не се дијагностицирани.
537 милиони луѓе ширум светот живееле со Дијабет во 2021 година, а овој број се очекува да порасне на 643 милиони луѓе во 2030 година. Повеќе од 3 од 4 луѓе живеат во држави со низок и среден доход. Дијабетот е одговорен за најмалку 966 милијарди долари здравствени трошоци во 2021 година – 9% од глобалните трошоци за здравствена заштита.
Во Република Северна Македонија, според регистарот за шеќерна болест за 2022 година, објавен од Институтот за Јавно Здравје, бројот на ново регистрирани новодијагностицирани болни со дијабет изнесува 7,737 случаи, односно стапка од 421,2/100.000 а вкупната преваленца изнесува 134,668 случаи, односно стапка од 7,332.
Дијабет тип 1
Дијабетот тип 1 (инсулин-зависен дијабет, јувенилен или детски дијабет) се карактеризира со целосно отсуство на секреција на инсулин од панкреасот и бара дневна администрација на инсулин. Причините за него се непознати, но се претпоставува дека се јавува автоимуна деструкција на β-клетките на панкреасот. Главни симптоми се зголемена екскреција на урина (полиурија), жед (полидипсија), глад (полифагија), прекумерно губење на тежината, замор и друго.
Дијабет тип 2
Дијабетес тип 2 (инсулин-независен дијабет) сочинува над 90% од сите случаи. Тој најчесто е резултат на неефикасната употреба на инсулинот од телото. Физичката неактивност, прекумерната телесна тежина, исхраната како и фамилијарната историја се главните причини за Дијабет тип 2. Главните симптоми се генерално слични со тие на Дијабетот тип 1, но често се помалку изразени. Како резултат на тоа, дијабетот може да се дијагностицира неколку години од почетокот на болеста, откако веќе се јавени компликации. Поради оваа причина, важно е да се внимава на факторите на ризик. Дијабетот тип 2 се почесто се јавува и кај помладата популација.
Гестациски Дијабет
Гестациски дијабет е состојба на покачени вредности на шеќерот во крв, но под оние дијагностички вредности за дијабетот. Тој се јавува за време на бременоста. Жените со гестациски дијабет се изложени на зголемен ризик од компликации за време на бременоста и породувањето. Овие жени и нивните деца имаат зголемен ризик за јавување на Дијабет тип 2 во иднина.
· За луѓето со ризик од дијабетес тип 2 , важно е да се знае вашиот ризик и што да се направи за да се поддржи превенцијата, раната дијагноза и навременото лекување.
· За луѓето кои живеат со дијабетес , свесноста и пристапот до точните информации и најдобрите достапни лекови и алатки за поддршка на грижата за себе е од витално значење за одложување или спречување на компликации.
· За здравствените работници , потребен е пристап до доволна обука и ресурси за рано откривање на компликации и обезбедување на најдобра можна нега.
Фактори на ризик за Дијабет:
· Семејна историја на дијабетес
· Прекумерна тежина
· Нездрава исхрана
· Физичка неактивност
· Зголемување на возраста
· Висок крвен притисок
· Етничка припадност
· Нарушена толеранција на гликоза (IGT)
· Историја на гестациски дијабетес
· Лошата исхрана за време на бременоста
Сакате да го дознаете вашиот ризик од Дијабет тип 2? Проверете на следниот линк: https://worlddiabetesday.org/type-2-diabetes-risk-assessment/
Што можеме да смениме во нашата исхрана?
· Избор на вода, кафе или чај наместо овошен сок илидруги засладени пијалоци со шеќер
· Јадете најмалку три порции зеленчук секој ден
· Јадење до три порции свежо овошје секој ден
· Избор на јаткасти плодови, парче свежо овошје или незасладен јогурт за ужина
· Ограничување на внесот на алкохол до максимум два стандардни пијалоци дневно
· Избор на посни парчиња бело месо, живина или морска храна наместо црвено или преработено месо
· Избор на путер од кикирики наместо чоколаден намаз или џем
· Избор на леб од цели зрна, ориз или тестенини наместо бел леб, ориз или тестенини
· Избор на незаситени масти (маслиново масло, масло од канола, масло од пченка или сончогледово масло) наместо заситени масти (путер, жито, животински масти, кокосово масло или палмино масло
Секое движење е добро, а посебно за да се намали ризикот од дијабетес тип 2. Треба да се стремите кон најмалку 150 минути аеробни вежби со умерен интензитет (на пример, пешачење, џогирање, пливање или возење велосипед) неделно, распоредени во текот на неколку дена, можеби во пократки периоди од 10-15 минути.
Тренингот за сила има и свои предности. Можете да ја зголемите мускулната маса и да ја подобрите чувствителноста на инсулин и контролата на гликозата со користење на тегови или ленти за отпор за зајакнување на мускулите.
Подготвил: Д-р Петар Пецев - Спец по Социјална медицина и јавно здравје
Месец за подигање на свеста за рак на дојка
Октомври може да се чувствува различно за секој од нас - некои носат розово за да го прослават, некои тивко го набљудуваат месецот, некои чувствуваат тага, а некои се чувствуваат невидено или погрешно разбрано. Сакаме сето тоа да го нормализираме. Еве што треба да знаете за месецот за подигање на свеста за рак на дојка.
Што е месец за подигање на свеста за рак на дојка?
Месецот за подигање на свеста за ракот на дојка, кој се одржува во октомври секоја година, има за цел да го промовира скринингот и превенцијата на болеста, која секоја година погодува една од осум жени во САД и 2,3 милиони жени ширум светот. Најпознат по својата розова боја како тема, месецот содржи голем број кампањи и програми - спроведени од групи кои се движат од организации за застапување за рак на дојка до организации од локалната заедница до големи трговци на мало - насочени кон:
Во Р.С. Македонија најчеста причина за смрт од малигни неоплазми кај жените во периодот 2010-2022 година е малигната неоплазма на дојка. Од малигна неоплазма на дојка во 2010 година починале 310 жени со стапката на морталитет од 30,0/100000 жени, во 2021 година 337 жени со стапка од 32,6 и во 2022 година 356 жени со стапка од 38,5 на 100000 жени.
Дијаграм 1: Број на умрени жени од малигна неоплазма на дојка во Р.С. Македонија, 2010 – 2022 година
Дијаграм 2: Стапка на морталитет од малигна неоплазма на дојка кај жени во Р.С. Македонија, 2010 – 2022 година
Подготвил: Д-р Петар Пецев - Спец по Социјална медицина и јавно здравје
Одделение за социјална медицина, Октомври 2023
СВЕТСКИ ДЕН ЗА ЗАШТИТА НА МЕНТАЛНОТО ЗДРАВЈЕ
Што е ментално здравје?
Менталното здравје ја вклучува нашата емоционална, психолошка и социјална
благосостојба. Тоа влијае на тоа како размислуваме, чувствуваме и дејствуваме.
Исто така, помага да се одреди како се справуваме со стресот, како се
поврзуваме со другите и како правиме здрави избори. Менталното здравје е
важно во секоја фаза од животот, од детството и адолесценцијата до зрелоста.
Зошто менталното здравје е важно за целокупното здравје?
Менталното и физичкото здравје се подеднакво важни компоненти на
целокупното здравје. На пример, депресијата го зголемува ризикот за многу
видови физички здравствени проблеми, особено долгорочни состојби како што
се дијабетес, срцеви заболувања и мозочен удар. Слично на тоа, присуството на
хронични состојби може да го зголеми ризикот од ментална болест.
Дали вашето ментално здравје може да се промени со текот на времето?
Да, важно е да се запамети дека менталното здравје на една личност може да се
промени со текот на времето, во зависност од многу фактори. Кога барањата
што му се поставуваат на некое лице ги надминуваат неговите ресурси и
способности за справување, тоа може да влијае на неговото ментално здравје.
На пример, ако некој работи долги часови, се грижи за роднина или има
економски тешкотии, може да има лошо ментално здравје.
Што предизвикува ментална болест?
Не постои единствена причина за ментална болест. Голем број фактори можат
да придонесат за ризикот од ментална болест, како на пр:
злоупотреба (на пример, злоупотреба на деца, сексуален напад, сведоци
на насилство итн.)
како што се рак или дијабетес
Подготвил: Д-р Петар Пецев - Спец по Социјална медицина и јавно здравје
Одделение за социјална медицина, Октомври 2023
Извор: https://www.cdc.gov/mentalhealth/learn/index.htm
КОРИСТИ СРЦЕ ЗНАЈ ЗА СРЦЕТО!
Светскиот ден на срцето е потсетник за сите ширум светот да се грижат за нивните срца. Овогодинешната кампања се фокусира на суштинскиот чекор со запознавањето на нашите срца
Подготвил
Д-р Петар Пецев - Специјалист по Социјална медицина и јавно здравје
Светскиот ден на контрацепција се одбележува секоја година на 26 ти септември.
Целта на одбележувањето на Светскиот ден е да се подигне свесноста за сите достапни методи на контрацепција и да им се овозможи на младите луѓе да направат соодветен и правилен избор за нивното сексуално и репродуктивно здравје.
На Меѓународната конференција за население и развој (ICPD) во Каиро во 1994 година сега покојниот др Нафис Садик, поранешен извршен директор на УНФПА и основач на значајни програми за акција на ICPD, ја пренесе често цитираната вистина:”Здрави семејства се создаваат по избор, не по случајност”.
Во Каиро делегатите на 179 влади ја потврдија, Програмата за акција, која ги призна репродуктивното здравје и правата, вклучително доброволно планирање на семејство- како основа за развојот и дека зајакнувањето на жените и родовата еднаквост се неопходни за општествата да напредуваат. Правото на жената да го избере бројот, времето и растојанието помеѓу раѓањето на нејзините деца е фундаментално. Контрацепцијата е составен дел од нејзиното одлучување. Придобивките се многукратни: намалена смртност и инвалидитет кај мајката ,смртност или морбидитет кај новороденчето, детска и несакана бременост и намалување на бројот на абортуси. Машките и женските кондоми можат да ги намалат сексуално преносливите инфекции. Девојките и жените ќе можат да ги планираат своите семејства а со тоа ќе имаат поголеми можности да го остварат својот потенцијал.Тие можат да продолжат со образованието да учествуваат и да придонесуваат за економијата што ќе доведе до просперитетни правични и стабилни општества.
Бројот на жени кои сакаат да користат контрацепција при планирање на семејство значително се зголемил во текот на изминатите две децении, од 900 милиони во 2000 година на скоро 1,1 милијарда во 2020 година. Стапката на преваленца на контрацепција се зголемила од 47,7 % на 49,0 %. До 2030 година се предвидува да се додадат дополнителни 70 милиони жени.
На глобално ниво, бројот на незадоволената потреба за контрацепција останува многу висока поради недостатокот на услуги за планирање на семејство.
Многу објавени студии укажуваат на тоа дека употребата на модерната контрацепција е под влијание на голем број фактори: социоекономски, демографски, географски, културни како и психолошки фактори.
Модерна контрацепција
Современит методи на контрацепција се иновативни решенија со цел париовите да можат да возвратат на природниот импулс и желбата со намалени ризици од бременост и несакани сексуално преносливи инфекции. Современите методи се технолошки напредок, дизајнирани да ја надмине биологијата. Во овој поглед, модерните методи им овозможуваат на паровите да имаат сексуален однос во секое посакувано време.
Современите методи на контрацепција вклучуваат:
За повеќе информации за видот на контрацептивните средства одете на “прозорчето” -Планирање на семејство, на веб страната на страната: iph.mk
Употребата на модерни контрацептивни средства спречува околу 308 милиони несакани бремености секоја година ширум светот. Околку 15 милиони адолесценти користат модерна контрацепција, додека 23 милиони немаат пристап до модерни контрацептивни средства и затоа се изложени на зголемен ризик од несакана бременост и ризик од сексуално преносливи инфекции.
Во Република Северна Македонија од Извештајот на службата за здравствена заштита на жени при прикажаните гинеколошки посети во 2021 година се ординирани зголемен број на контрацептивни средства за разлика од минатата година.Трендот на зголемување и поголемиот опфат на посети се должи поради намалениот број на заболени пациенти со COVID -19 и поголемата достапност и посетеност на гинеколошките ординации. Во 2020 година вкупниот број на посети за ординирање на контрацептивни средства е 2156 додека во 2021 година бројот е зголемен на 6341 пациент. Според видот на контрацептивни сретства на прво место е оралната контрацепција која е ординирана кај 1792 пациентки.
Во Република Северна Македонија пристапот и достапноста до модерна контрацепција е ограничен поради повеќе бариери и фактори. Високите цени на пазароти како и мал и ограничен избор од одреден продукт; невработеност и сиромаштија; недоволна информираност на младите за видот и начинот на користење на контрацептивните средства; стигма и недостаток на информации; застарени и неревидирани извори за информирање на младите.
Потребна е континуирана едукација и промоција за заштитата на здравјето на жените и мажите. Преку едукативни сеопфатни програми во образовниот процес но и надвор од него да вклучуваат едукација за род, човекови права и сексуалност.
Поттик за контрола врз сопственото здравје, едукација за изборот на најсоодветна контрацепција за себе и за својот партнер.
Текстот го подготви
Д-р Петар Пецев - Специјалист по Социјална медицина и јавно здравје
Врз основа на член 156, член 157, член 158, член 159, член 160 и член 161 од Законот за здравствена заштита („Службен весник на Република Македонија“ број 43/12, 145/12, 87/13, 164/13, 39/14, 43/14, 132/14, 188/14, 10/15, 61/15, 154/15, 192/15, 17/16, 37/16 и 20/19 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ брoj 101/19, 153/19, 180/19, 275/19, 77/21, 122/21, 178/21, 150/22 и 236/22), член 22 и член 23 од Законот за работните односи („Службен весник на Република Македонија“ број 62/2005, 106/2008, 161/2008, 114/2009, 130/2009, 50/10, 52/10, 124/10, 47/11, 11/12, 39/12, 13/13, 25/13, 170/13, 187/13, 113/14, 20/15, 33/15, 72/15, 129/15, 27/16 и 120/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ број 110/19, 267/20 и 178/21) и Согласноста Бр.18-4722/2 од 26.04.2023 година од Министерство за финансии на Република Северна Македонија, Јавната здравствена установа Центар за јавно здравје-Струмица објавува
ЈАВЕН ОГЛАС за вработување на здравствени работници,
во Јавна здравствена установа Центар за јавно здравје-Струмица,
на неопределено време
Јавна здравствена установа Центар за јавно здравје-Струмица објавува оглас за вработување на 2 (две) лица- здравствени работници на неопределено време на следниве позиции:
1. ЗДР 03 01 А17 001Доктор на медицина, Одделение за превентивна здравствена заштита и лабораториска дејност - 2 извршители
Општи услови:
- да е државјанин на Република Северна Македонија,
- да е полнолетен,
- да има општа здравствена способност и
- да не му е изречена со правосилна одлука забрана на вршење професија, дејност или
должност.
Посебни услови:
-Стручни квалификации:ниво на квалификациите VIAспоред Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен, -Медицински науки и здравство- Медицински факултет,
- положен стручен испит,
-лиценца за работа,
-активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски) и
-активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење.
-Работно искуство: без работно искуство.
Распоред на работното време:
Работни часови неделно: 40 часа
Дневно и неделно работно време од 07.00 часот до 15.00 часот, од понеделник до петок
Платата за работното место е во паричен нето износ од 35.964,00 денари.
________________________________________________________________________
Право на учество имаат сите граѓани на Република Северна Македонија кои ги исполнуваат условите за конкурирање. Кандидатите со пријавата треба да ги достават доказите за исполнување на условите, во оригинална форма или копија заверена кај нотар. Пријавата кандидатите може да ја подигнат од архивата на Јавна здравствена установа Центар за јавно здравје- Струмица или на веб страната www.cjzstrumica.mk.
Кандидатите за сите работни позиции, потребно е да ги достават следните документи:
- Доказ за државјанство (Уверение за државјанство не постаро од 6 месеци);
-Доказ дека е општо здравствен способен за работното место (Лекарско уверение не постаро од 6 месеци);
- Доказ дека не им е изречена забрана на вршење професија, дејност или должност ( Уверение не постаро од 6 месеци);
- Уверение / диплома за завршен степен на образование (доколку во дипломата од завршено образование не е наведен просечниот успех кандидатите да достават и Уверение кој го содржи истиот, а за образование стекнато во странство да се достави и докуметот за нострификација на странските документи и еквиваленција на оценки) ;
-Доказ за положен стручен испити лиценца за работа;
- Доказ за познавање на компјутерски програми за канцелариско работење (Сертификат за компјутерски програми за канцелариско работење),
- Доказ за познавање на еден од од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски или германски јазик) (Сертификат за познавање на странски јазик);
- Кратка биографија (задолжително е-маил адреса и контакт телефон).
Рокот за доставување на пријавите со потребните документи изнесува 5 работни дена со тоа што рокот за пријавување започнува да тече од денот на последното објавување. Условите наведени во огласот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето.
По извршената селекција на пријавените кандидати за пополнување на наведените работни места од страна на Комисијата за селекција на кандидати, ќе биде спроведен квалификационен испит согласно член 160 од Законот за здравствена заштита. Уредните кандидати ќе бидат дополнително информирани за денот и часот на спроведување на квалификациониот испит. Работоводниот орган врз основа на ранг-листа предложена од комисијата за селекција ќе спроведе интервју согласно член 161 од Законот за здравствена заштита и кандидатите кои ги исполнуваат условите ќе бидат навремено информирани за денот, часот и местото каде ќе се спроведе интервјуто.
Со избраните кандидати ќе се склучи договор за вработување на неопределено време.
Пријавата со потребната документација треба да се достави до архивата на Јавната здравствена установа Центар за јавно здравје-Струмица или по пошта на следнава адреса:
Јавна здравствена установа Центар за јавно здравје-Струмица
ул. „Панче Пешев“ бр. бб, 2400 Струмица
Архивата (со назнака „за оглас за вработување“)
Kонтакт број 071/210-793
Лице за контакт: М-р Петре Витанов
Ненавремените и некомплетните пријави нема да се разгледуваат.
ЈЗУ Центар за јавно здравје-Струмица
Директор
М-р. Петре Витанов
_______________________________Јавен оглас за вработување на здравствени работници во ЈЗУ ЦЈЗ Струмица, на неопределено времеПријава за Јавен оглас за вработување на неопределено време на здравствени работници во ЈЗУ ЦЈЗ Струмица
Врз основа на член 157, член 158, член 159, член 160, член 161 и член 162 од Законот за здравствена заштита („Службенвесник на Република Македонија“ број 43/12, 145/12,87/13, 164/13, 39/14, 43/14, 132/14, 188/14, 10/15, 61/15,154/15, 192/15, 17/16, 37/16 и 20/19 и „Службен весникна Република Северна Македонија“ брoj 101/19, 153/19,180/19, 275/19, 77/21, 122/21, 178/21, 150/22 и 236/22), и Согласноста за унапредување од Министерство за финансии Бр.18-5469/2 од 04.05.2023 година, Директорот на ЈЗУ Центар за јавно здравје- Струмицана ден 31.05.2023 година објавува
ИНТЕРЕН ОГЛАС БРОЈ 01/2023 ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ НА
ЗДРАВСТВЕН РАБОТНИК
Се распишува интерен оглас за унапредување на здравствен работник за следното работно место:
Посебни услови за работното место:
- ниво на квалификациите VIБ според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен,Медицински науки и здравство,
- положен стручен испит,
- активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски),
- активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење.
-Работно искуство: без работно искуство во струката
Распоред на работно време
Работни денови понеделник - петок
Работни часови неделно 40
Работно време cо почеток на работното време од 7:00 часот и завршеток на истото во 15:00 часот.
Основната плата за работното место е во паричен нето износ од 30.120,00 денари.
Кандидатите кои аплицираат на интерниот оглас треба да ги исполнуваат следните општи услови:
- да е државјанин на Република Македонија,
- да е полнолетен,
- да има општа здравствена способност,
-да не му е изречена со правосилна одлука забрана на вршење професија,дејност или должност.
На интерниот оглас може да се јави здравствен работник вработен во ЈЗУ Центар за јавно здравје- Струмица, кој ги исполнува општите и посебните услови за пополнување на работното место пропишано за соодветното ниво со Законот за здравствена заштита и Правилникот за систематизација на работни места во ЈЗУ Центар за јавно здравје- Струмица, како и да ги исполнува следните услови:
- да поминал најмалку две години во непосредно пониско работно место одработното место за кое е објавен интерниот оглас и
- да не му е изречена дисциплинска мерка или мерка за намалена работнауспешност во период од 12 месеци пред објавувањето на интерниот оглас.
Кандидатот потребно е да поднесе пополнета пријава и докази за исполнување на бараните услови во писмена форма по пошта или во архивата на ЈЗУ Центар за јавно здравје-Струмица.
Кандидатот, пријавата со потребните документи треба да ја достави во рок од 5 (пет) работни дена од денот на објавувањето на интерниот оглас. Во пријавата кандидатите должни се под материјална и кривична одговорност да потврдат дека податоците во пријавата се точни, а доставените докази верни на оргиналот.
Кандидатот кој внел лажни податоци во пријавата или за кој се утврди дека внел лажни податоци ќе биде дисквалификуван од понатамошната постапка по овој оглас.
Со почит,
- ИНТЕРЕН ОГЛАС БРОЈ 01/2023 ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ НА ЗДРАВСТВЕН РАБОТНИК
ЈЗУ Центар за јавно здравје Струмица е една од најстарите здравствени институции во Република Македонија, која што функцонира на територијата на Општина Струмица, Валандово, Босилово, Василево, Ново Село...