Универзалната покриеност со здравствени услуги претставува цел број еден на СЗО. Клуч за постигнување на таа цел е да се осигура дека секој може да добие грижа која му е потребна, во било кое време, токму во срцето на заедницата.
Напредокот е направен во сите земји во сите региони во светот, но се уште постои можност за напредок.
Милиони луѓе сè уште немаат пристап до здравствена заштита. Милиони други, се принудени да избираат помеѓу здравствената заштита и другите дневни трошоци како што се храна, облека па дури и дом.
Токму ова е причината зошто СЗО втора година по ред се фокусира на универзалната здравствена покриеност и за овој Светски ден на здравјето на 7-ми април 2019 година, ова главното лого.
Клучните пораки кои оваа година СЗО ги испраќа се:
1. Здравјето е човеково право; време е за здравје за сите.
2. Најмалку половина од луѓето во светот не ги добиваат здравствените услуги што им се потребни.
3. Квалитетот, достапната примарна здравствена заштита е основа за универзално здравствено покритие.
4. Главната задача на примарна здравствена заштита е да се грижи за луѓето и да им се помогне да го подобрат своето здравје или да ја одржат својата благосостојба, а не само да третираат одредена болест или состојба.
5. Здравствените работници имаат клучна улога во едукација на пациентите за тоа како да се грижат за своето здравје, координирање на грижата и залагање за потребите на нивните пациенти до менаџерите на здравствените установи и креаторите на политиките.
6. За да го направиме доброто здравје реалност за сите, ни требаат: поединци и заедници кои имаат пристап до висококвалитетни здравствени услуги за да се грижат за сопственото здравје и за здравјето на нивните семејства; квалификувани здравствени работници кои обезбедуваат квалитетна грижа за луѓето; и креатори на здравтвени политики кои се посветени на инвестирање во примарната здравствена заштита.
Денес, светското население е над 7 милијарди луѓе. Повеќе од една милијарда луѓе, или приближно 15% од светското население, живеат со некаква форма на попреченост. 80% живеат во земјите во развој, додека 50% од лицата со посебни потреби не можат да си дозволат здравствена заштита.
Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби е ден кој беше промовиран од страна на Обединетите нации во 1992 година. Целта на овој ден е да се зголеми свеста за подобро разбирање на луѓето кои се засегнати од некаков хендикеп, поттик на луѓето да бидат посвесни за правата, достоинството и благосостојбата на лицата со посебни потреби, како и да се подигне свеста за придобивките од интегрирањето на лицата со посебни потреби во секој аспект од животот, од економски, политички, социјален и културен. Денот на лицата со посебни потреби не опфаќа само ментален или физички хендикеп, туку многу пошироко, од аутизам, Даунов синдром, мултиплекс склероза и др.
Секоја година од 1992 година па наваму, во многу земји се одржуваат различни настани. Денот на лицата со посебни потреби се користи за одржување на дебати, форуми и кампањи кои се однесуваат на попреченоста, а заедниците се охрабруваат да организираат средби, разговори, па дури и настапи и трибини во нивната локална средина. Активностите може да бидат најразлични, а во нив да бидат вклучени лицата со посебни потреби. Главната цел на овие настани е да им се покаже на сите луѓе дека лице со некаква попреченост може да биде активен член на општеството, бидејќи често се случува да бидат дискриминирани од страна на поединци и на самото општество.
Оваа година, Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби се одбележува под мотото “Охрабрување на лицата со посебни потреби и обезбедување инклузивност и еднаквост”.
Темата оваа година се фокусира на обезбедување на инклузивен, правичен и одржлив развој на лицата со посебни потреби како дел од Програмата за одржлив развој од 2030 година.
Лицата со посебни потреби нагласуваат дека имаат потреба за поголема здравствена заштита од лицата без посебни потреби. Активностите за унапредување на здравјето и превенцијата ретко се однесуваат на лицата со попреченост. На пример, жените со посебни потреби добиваат помалку скрининг за рак на дојка и грлото на матката отколку жените без попреченост. Луѓето со интелектуална попреченост и дијабетес имаат помала веројатност да ја проверат нивната тежина. Адолесцентите и возрасните лица со попреченост се со поголема веројатност да бидат исклучени од програмите за сексуално образование.
Нашата држава постојано инвестира во конкретни програми за овие лица и го промовира пристапот до услугите. Но, кога се креираат овие политики и програми треба да се обезбеди активно вклучување на лицата со посебни потреби бидејќи од нив најдобро можеме да осознаеме кои се нивните реални потреби.
Оваа година, донесени се измени и дополнувања на Законот за заштита на децата. Со измените е предвидено зголемување на корисниците на право на посебен додаток за дете со специфични потреби коешто има пречки во телесниот или менталниот развој или комбинирани пречки во развојот до 26 години. Освен зголемувањето на сумата за посебен додаток овие лица ќе бидат и здравствено осигурани, ако не се осигурани согласно со Закон
Овие закони, програми и активности треба да се издржани, постојано да се работи на подобрување на здравствената заштита кога станува збор за лицата со посебни потреби, да се работи на инклузивно образование кое ќе ги вклучи и децата со посебни потреби, да им се овозможи на овие лица со пречки во развојот кои можат да работат, да се отворат повеќе работни задруги, да им се обезбеди соодветна обука на тие лица доколку е потребна.
Сите граѓани треба да помагаат во вклучувањето на лицата со посебни потреби во секојневниот живот, без разлика дали е тоа највисок степен на здравствена заштита или помош на лице со хендикеп за да ја премине улицата, да се качи во автобус и слично.
Декември, 2018
Текстот е превземен од: http://www.iph.mk/3-dekemvri-megunaroden-den-na-licata-so-posebni-potrebi-2/
Што е дијабетес?
Дијабетес е хронична, метаболна болест која се карактеризира со покачени нивоа на гликоза во крвта (или шеќер во крвта), што со текот на времето води до сериозно оштетување на срцето, крвните садови, очите, бубрезите и нервите. Најчести се дијабетес тип 2, обично кај возрасни, што се јавува кога телото станува отпорен на инсулин или не произведува доволно инсулин. Во изминатите три децении преваленцата на дијабетес тип 2 драматично се зголеми во земјите во развој. Дијабетесот тип 1, познат како јувенилен дијабетес или инсулин зависен дијабетес, е хронична состојба во која панкреасот произведува малку или воопшто не произведува инсулин. За луѓето кои живеат со дијабетес, пристапот до третман, вклучувајќи го и инсулинот, е од клучно значење за нивниот опстанок. Постои глобално договорена цел да се запре порастот на дијабетес и дебелина до 2025 година.
За програмата за дијабетес
Мисијата на СЗО програмата за дијабетес е да се спречи дијабетес тип 2 и да се минимизираат компликациите и да се зголеми квалитетот на животот за сите луѓе со дијабетес. Нашите основни функции се да поставуваат норми и стандарди, да промовираат надзор, да поттикнуваат превенција, да ја подигнат свеста и да ја зајакнат превенцијата и контролата.
По повод Светскиот ден на здравјето 2018 година, СЗО објавува повик за акција за дијабетес, при што вниманието се посветува на потребата од забрзување на превенцијата и лекувањето на болеста.
Првиот извештај на СЗО за дијабетес покажува дека бројот на возрасни кои живеат со дијабетес речиси четири пати се зголемил од 1980 до 422 милиони возрасни лица. Овој драматичен пораст во голема мера се должи на порастот на дијабетес тип 2, а факторите што го воздржуваат вклучуваат прекумерна тежина и дебелина.
Само во 2012 година дијабетесот предизвикал 1.5 милиони смртни случаи. Нејзините компликации може да доведат до срцев удар, мозочен удар, слепило, откажување на бубрезите и ампутација на долните екстремитети.
Новиот извештај ги повикува владите да обезбедат услови и да ги оспособат да направат здрав избор и дека здравствените системи можат да дијагностицираат, лекуваат и да се грижат за луѓето со дијабетес. Не поттикнуваат сите нас како поединци да јадеме здраво, да бидеме физички активни и да избегнуваме прекумерно зголемување на телесната тежина..
Ноември 2018
Преземено од: http://www.who.int
Подготвил: Д-р Петар Пецев
Оделение по Социјална медицина
Кардиоваскуларните болести се водечка причина за смрт на глобално ниво, тие предизвикуваат повеќе смртни случаи отколку сите други причини заедно и ги зафаќа најмногу земјите со низок и среден приход. Во рамките на незаразните болести кардиоваскуларните болести заедно со малигните заболувања се причина за речиси три четвртини за смртноста во Европскиот регион. Проценките покажуваат дека најмалку 80% од сите срцеви болести, срцев удар и дијабетес тип 2 може да се спречат.
Секоја година кардиоваскуларните болести се причина за 17.3 милиони случаи на прерана смрт, а до 2030 година, се очекува дека 23.6 милиони луѓе ќе умрат од овие заболувања. Ова се проектирани бројки од Светската здравствена организација (СЗО), при што се очекува КВБ да останат водечка причина за смрт во светот.
Најчести ризик фактори за настанување на кардиоваскуларните заболувања кои се поврзани со однесувањето се употреба на тутун, физичка неактивност, нездрава исхрана и прекумерна употреба на алкохол, што доведуваат до четири клучни метаболни/физиолошки промени: покачен крвен притисок, прекумерна тежина/дебелина, покачено ниво на шеќер во крвта и покачен холестерол. Значителен број од смртните случаи се припишува на пушењето односно на тутунот, кој го зголемува ризикот од смрт од коронарна срцева болест и цереброваскуларна болест 2-3 пати. Ризикот се зголемува со возраста и е поголем кај жените отколку кај мажите.
СОСТОЈБА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Морталитет
Во Република Македонија во 2017 година од болести на циркулаторниот систем починале 11172 лица со стапка на смртност од 538,5 на 100.000 жители, од кои 5364 се мажи, а 5808 се жени. Болестите на циркулаторниот систем учествуваат со 55,0 % во вкупниот морталитет и се на прво место во структурата на причини за смрт.
Дијаграм 1. Структура според причини на смрт во Република Македонија во
2017 година
Извор: Државен завод за статистика, 2017 година
Стапката на морталитет од циркулаторни заболувања во вкупното население во Р.Македонија во периодот 2010-2017 осцилира. Во 2010 година стапката на морталитет изнесувала 538,6, а во 2017 година 538,5 на 100000 население.
Дијаграм 2: Морталитет од циркулаторни заболувања во Р.Македонија,
2010-2017 година
Специфичната стапка по возраст од циркулаторни заболувања кај населението над 65 години е значително повисока во споредба со специфичната стапка на морталитет кај населението од 0-64 години.
Дијаграм 3: Морталитет од циркулаторни заболувања во Р.Македонија
по возраст, 2010-2017 година
Смртноста од исхемичните болести на срцето е значително поголема кај населението над 65 години во споредба со смртноста кај населението до 64 години.
Дијаграм 4: Морталитет од исхемични болести на срцето во Р.Македонија
по возраст, 2010-2017 година
Стапката на морталитет од цереброваскуларни болести на возраст над 65 години во 2017 година изнесувала 896,5 на 100000 население, а на возраст до 64 години 21,4%ооо, од што се забележува дека смртноста е значително повисока на возраст над 65 години.
Дијаграм 5:Морталитет од цереброваскуларни болести во Р.Македонија
по возраст, 2010-2017 година
Според пол, во периодот 2010-2017 година смртноста од циркулаторни заболувања е повисока кај жените во однос на мажите.
Дијаграм 6: Морталитет од циркулаторни заболувања во Р.Македонија
по пол, 2010-2017 година
Стапката на смртност од исхемични болести на срцето во периодот 2010-2017 година е повисока кај машката популација (дијаграм 7), додека стапката на смртност од цереброваскуларни заболувања е повисока кај женската поулација (дијаграм 8).
Дијаграм 7: Морталитет од исхемични болести на срцето во Р.Македонија
по пол, 2010-2017 година
Дијаграм 8: Морталитет од цереброваскуларни болести во Р.Македонија
по пол, 2010-2017 година
Во периодот 2010-2017 година во Р.Македонија акутниот миокарден инфаркт учествувал со околу 92,0% во исхемичните болести на срцето, а церебралниот инфаркт и шлогот, неозначен како крварење или инфаркт со околу 85,0% во цереброваскуларните болести.
Според податоците од HFA датабазата на СЗО, во 2015 година стапката на морталитет од болести на циркулаторниот систем на 100 000 население се движела од 122,0 во Шпанија, 152,0 во Италија, 188,0 во Грција, 191,0 во Германија, 376,0 во Унгарија, 467,0 во Романија, 576,7 во Македонија, 635,0 во Киргистан итн.
ПРЕВЕНЦИЈА И КОНТРОЛА
Поаѓајќи од фактот дека постои можност 80% од срцеви заболувања да се спречат, Република Македонија спроведува мерки врз основа на докази со цел превенција на факторите на ризик како што е употребата на тутун, нездрава исхрана, физичката неактивност и штетната употреба на алкохол, навремено препознавање на КВБ, подобрување во лекувањето на секундарно и терциерно ниво, зајакнувајќи го здравствениот систем со кадар, опрема, реконструкција на стари и изградба на нови болнички капацитети и други мерки. Основната цел е да одговори на сѐ поголемото оптоварување на населението со кардиоваскуларни болести и намалување на инвалидитетот и смртноста од овие заболувања.
ПРЕВЕНЦИЈА ВО ПРИМАРНА ЗДРАВСТВЕНА ЗАШТИТА
Во последните години во Република Македонија посебно значење се дава на промоцијата на здравјето и превенцијата на болестите во примарната здравствена заштита. Спроведувањето на превентивни мерки и активности со цел унапредување на здравствената состојба на населението е една од законските обврски на секој лекар од превентивната здравствена заштита, како и секој избран (матичен) лекар. Во таа смисла, Институтот за јавно здравје и 10-те Центри за јавно здравје, како и здравствените домови активно работат на спроведување на кампањи, едукација во училиштата, здравствените установи, и други средини, изработка и дистрибуција на здравствено-едукативен материјал, организирање на акции за бесплатни превентивни прегледи пред сѐ, во рурални средини, сѐ со цел да се подигне свеста кај граѓаните да се грижат за сопственото здравје.
Еден дел од средствата што Фондот за здравствено осигурување на Македонија (ФЗОМ) ги исплаќа на избраните лекари се наменети за спроведување на превентивните мерки и активности.
ФЗОМ превентивните мерки и активности ги дефинира како превентивни цели кои се спроведуваат на осигурените лица заради спречување на појава на болести и се наменети за оние лица кои нередевно го посетуваат својот избран лекар.
Избраните општи лекари спроведуваат четиринаесет превентивни цели. Цел 11 од нив е:
-Превентивни мерки и активности за рано откривање на хронични незаразни заболувања (КВП – кардиоваскуларна проценка) кај население на возраст од 25 до 65 години кај двата пола.
За спроведување на 11-та цел изготвени се табели кои ги содржат следните обележја/параметри: пол, возраст, употреба на тутун, телесна висина, висина на систолниот крвен притисок, лабораториски наоди, претходен инфаркт, претходен мозочен удар, хипертрофија на лева комора утврдена со ЕКГ и присуство на шеќерна болест. За секој од зададените обележја/параметри (кои се воедно и ризик фактори), се одредени соодветни бодови кои се собираат и се добива вкупен број на бодови (SCORE). Откако e добиен вкупниот број на бодови (SCORE), може да се определи степенот на ризик од појава на кардиоваскуларни заболувања.
Со воведувањето на систематски пристап кај избраните општи лекари во ПЗЗ за навремено откривање на потенцијалните ризик фактори и нивно отстранување, значително може да се спречи појавата на ургентните кардиоваскуларни манифестации (срцев инфаркт или мозочен удар), а со тоа и појава на прерана смрт кај населението.
Текстот е превземен од
Секоја година на 31 мај, Светската здравствена организација (СЗО) и партнерите го одбележуваат Светскиот ден без тутун, истакнувајќи ги здравствените и другите ризици кои што се поврзани со употребата на тутун и се залагаат за ефективни политики за намалување на потрошувачката на тутун.
Фокусот на овогодинешниот Светски ден без тутун е “Тутунот и болест на срце”. Кампањата ќе ја зголеми свеста за:
Светскиот ден без тутун 2018 се поклопува со широк спектар на глобални иницијативи и можности насочени кон решавање на тутунската епидемија и нејзиното влијание на јавното здравје, особено во предизвикување на смрт и страдање на милиони луѓе на глобално ниво. Овие акции ги вклучуваат иницијативите поддржани од СЗО Глобални срца и Решавање, кои имаат за цел да ги намалат смртните случаи на кардиоваскуларни заболувања и да ја подобрат грижата, како и третиот состанок на Генералното собрание на Обединетите нации на високо ниво за превенција и контрола на незаразни болести, што ќе се одржи во 2018 година.
Како тутунот го загрозува срцевото здравје на луѓето ширум светот
Светскиот ден без тутун 2018 година ќе се фокусира на влијанието на тутунот врз кардиоваскуларното здравје на луѓето ширум светот.
Употребата на тутун е важен ризик фактор за развој на коронарна срцева болест, мозочен удар и периферна васкуларна болест.
И покрај тоа што е познато како тутунот влијае врз здравјето на срцето и достапноста на решенија за намалување на поврзаните смртни случаи и болести, познавањата на пошироката јавност за тоа дека тутунот е водечка причина за кардиоваскуларни болести е на ниско ниво.
Факти за тутунот, срцето и други кардиоваскуларни заболувања
Кардиоваскуларните болести (КВБ) убиваат повеќе луѓе од било која друга причина за смрт во целиот свет, а употребата на тутун и изложеноста на пасивно пушење придонесуваат за приближно 12% од сите смртни случаи кај срцеви заболувања. Употребата на тутун е втората водечка причина за КВБ, по високиот крвен притисок.
Глобалната тутунска епидемија убива повеќе од 7 милиони луѓе секоја година, од кои приближно 900 000 се непушачи кои умираат од изложеноста на пасивно пушење. Речиси 80% од повеќе од 1 милијарда пушачи во светот живеат во ниско и средно развиени земји, каде што товарот на болеста и смртта поврзана со тутунот е најтежок.
Мерките на Светската здравствена организација се во согласност со Рамковната конвенција на СЗО за контрола на тутунот и може да се користат од страна на владите за намалување на употребата на тутун и заштита на луѓето од незаразни болести. Овие мерки вклучуваат:
Светскиот ден без тутун 2018 има за цел:
Епидемијата на тутун е едно од најголемите закани за јавното здравје со кои се соочува светот, убивајќи повеќе од 7 милиони луѓе годишно. Повеќе од 6 милиони од овие смртни случаи се резултат на директна употреба на тутун, додека околу 890 000 се резултат на тоа што непушачите се изложени на чад од пасивното пушење.
Околу 80 отсто од 1,1 милијарда пушачи во светот живеат во земји со низок и среден приход, каде што товарот од болеста и смртта поврзана со тутунот е најтежок. Корисниците на тутунот кои умираат прерано ги лишат нивните семејства од приход, ги зголемуваат трошоците за здравствена заштита и го попречуваат економскиот развој.
Во некои земји, децата од сиромашните семејства често се вклучени во одгледување на тутунот, со цел да обезбедат семеен приход. Овие деца се особено ранливи на “зелената тутунска болест”, која е предизвикана од никотинот кој се апсорбира преку кожата од допирот на влажните листови од тутунот.
Добриот мониторинг го следи обемот и карактерот на епидемијата на тутун и укажува на тоа како најдобро да се прилагодат на политиките. Само 1 од 3 земји, што претставува 39% од светското население, ја следи употребата на тутун преку повторување на националните репрезентативни анкети за млади и возрасни најмалку еднаш на секои 5 години.
Пасивното пушење е чадот кој што ги исполнува рестораните, канцелариите или другите затворени простори кога луѓето горат тутунски производи како што се цигари, рачно свиткани цигари (bidis) и наргиле. Постојат повеќе од 4000 хемикалии во тутунскиот чад, најмалку 250 од нив се познати како штетни, а повеќе од 50 се познати како предизвикувачи на рак.
Не постои безбедно ниво на изложеност на пасивно пушење.
Секој човек треба да има можност да дише воздух во кој што нема чад од тутун. Законите против пушење го штитат здравјето на непушачите, популарни се, не им наштетуваат на бизнисите и ги поттикнуваат пушачите да се откажат.
Над 1,4 милијарди луѓе, или 20% од светското население, се заштитени со сеопфатни национални закони против пушење.
Корисниците на тутун имаат потреба од помош за да се откажат
Истражувањата покажуваат дека малкумина ги разбираат специфичните ризици по здравјето од употребата на тутун. На пример, анкетата од 2009 година во Кина откри дека само 38% од пушачите знаеле дека пушењето предизвикува коронарна срцева болест, а само 27% знаеле дека предизвикува мозочен удар.
Повеќето од пушачите кои се свесни за опасностите од тутунот, сакаат да се откажат од истиот. Советувањето и лекувањето можат повеќе од двојно да ја зголемат шансата за успех на пушачот кој се обидува да се откаже.
Сеопфатните национални услуги наменети за откажување од пушење кои што имаат целосна или делумна покриеност на трошоците, се достапни за пушачите во само 26 земји, што претставува опфатеност на 33% од светската популација.
Сликичките со предупредување дејствуваат
Критичните реклами против тутун и графичките предупредувања на опаковките – особено оние што содржат слики – го намалуваат бројот на деца кои почнуваат да пушат и го зголемуваат бројот на пушачи кои се откажуваат.
Графичките предупредувања може да ги убедат пушачите да го заштитат здравјето на непушачите преку помалку пушење во домот и да избегнат пушење во близина на децата. Студиите спроведени по имплементирањето на сликовните предупредувања во Бразил, Канада, Сингапур и Тајланд постојано покажуваат дека значително се зголемува свеста на луѓето за штетите што ги предизвикува тутунот.
78 земји, кои претставуваат 47% од светското население, ги исполнуваат најдобрите практики за сликовни предупредувања, кои ги вклучуваат предупредувањата на локалниот јазик и опфаќаат во просек, најмалку половина од предната и задната страна на цигарите.
Масовните медиумски кампањи, исто така, можат да ја намалат потрошувачката на тутун со тоа што ќе влијаат на луѓето да ги заштитат непушачите и ќе ги убедат младите да престанат да користат тутун.
Околу 44% од светското население живее во 43 земји кои имаат емитувано најмалку една силна масовна анти-тутунска медиумска кампања во последните 2 години.
Забраната за рекламирање ја намалува потрошувачката
Забраната за рекламирање, промовирање и спонзорство на тутунот може да ја намали потрошувачката на тутун.
Даноците ја спречуваат употребата на тутун
Даноци за тутунски производи се најрентабилен начин за намалување на употребата на тутун, особено кај младите и сиромашните. Зголемувањето на даноците ги зголемува цените на тутунот за 10% , а ја намалува потрошувачката на тутун за околу 4% во земјите со висок приход и околу 5% во земјите со низок и среден приход.
Сепак, високите даноци за тутун се мерка што ретко се спроведува. Само 32 земји, што е 10% од светското население, воведоа даноци за тутунски производи, така што повеќе од 75% од малопродажната цена е данок. Приходите од даноци за тутун се во просек 250 пати повисоки од трошоците за контрола на тутунот, базирани на достапните податоци.
Незаконската трговија со тутунски производи мора да се прекине
Незаконската трговија со тутунски производи претставува голема здравствена, економска и безбедносна загриженост низ целиот свет. Се проценува дека една на секои 10 цигари и тутунски производи кои што се консумираат на глобално ниво се нелегални. Незаконскиот пазар е поддржан од разни играчи – од ситни трговци до организирани криминални мрежи кои што се вклучени во трговијата со оружје и луѓе.
Избегнувањето на данокот (законито) и даночното затајување (незаконито) ја ослабуваат ефективноста на политиките за контрола на тутунот, особено повисоките даноци за тутунот. Овие активности се движат од легални активности како што се набавување тутунски производи од пониски даночни обврзници (јурисдикции), па сé до илегални, како што се криумчарење, нелегално производство и фалсификување.
Тутунската индустрија и други често тврдат дека високите даноци на тутунски производи доведуваат до затајување данок. Сепак, доказите покажуваат дека слабото владеење, високото ниво на корупција, слабата владина заложба за справување со недозволен тутун, неефикасната царинска и даночна администрација и неформалните канали за дистрибуција на тутунски производи, честопати се еднакви или поголеми од неоданочените фактори.
Постои широка согласност дека од контролата на нелегалната трговија бенефит (корист) има процесот за контрола на тутунот и јавното здравје и резултира со поширока корист за владите. Критично, ова ќе ги намали предвремените смртни случаи кои што настануваат поради употребата на тутун и ќе ги зголеми даночните приходи за владите. Стопирањето на недозволената трговија со тутунски производи е здравствен приоритет и е остварливо, но, за тоа е потребно подобрување на националните и суб-националните системи за даночна администрација и меѓународна соработка. Протоколот на Рамковната конвенција на СЗО за контрола на тутунот за елиминирање на недозволената трговија со тутунски производи е клучната понудена политика за намалување на употребата на тутунот и неговите здравствени и економски последици.
Додека јавно се искажува поддршката за акција против нелегалната трговија, однесувањето “позади сцена” на тутунската индустрија е многу различно. Внатрешно индустриските документи објавени како резултат на судски спорови покажуваат дека тутунската индустрија активно ја негува нелегалната трговија на глобално ниво. Таа, исто така, работи на блокирање на спроведувањето на мерките за контрола на тутунот, како што се зголемувањата на даноците и сликовните предупредувања, преку погрешните тврдења дека ќе ја поттикнат незаконската трговија.
Искуствата од многу земји покажуваат дека незаконската трговија може успешно да се реши дури и кога се зголемуваат даноците и цените на тутунот, што резултира со зголемени даночни приходи и намалување на употребата на тутун. Спроведувањето и применувањето на силни мерки за контрола на недозволената трговија ја зголемува ефективноста на значително зголемените даноци и цени на тутунот, како и силните политики за контрола на тутунот, во намалувањето на користењето на тутунот и неговите здравствени и економски последици.
Одговор на СЗО
СЗО е посветена на борбата против глобалната епидемија на тутун. Рамковната конвенција на СЗО за контрола на тутунот стапи во сила во февруари 2005 година и денес има 181 членка која опфаќа повеќе од 90% од светското население.
Рамковната конвенција на СЗО за контрола на тутунот претставува пресвртница во промовирањето на јавното здравје. Тоа е договор врз основа на докази кој го потврдува правото на луѓето на највисокиот стандард на здравје, обезбедува правни димензии за меѓународната здравствена соработка и поставува високи стандарди за усогласување.
Во 2008 година, СЗО воведе практичен и економичен начин за зголемување на спроведувањето на главните одредби за намалување на побарувачката од Рамковната конвенција на СЗО за контрола на тутунот на теренот: MPOWER. Секоја мерка на MPOWER одговара на најмалку 1 одредба од Рамковната конвенција на СЗО за контрола на тутунот.
Шестте MPOWER мерки се:
За повеќе детали за напредокот направен за контрола на тутунот на глобално, регионално и државно ниво, ве молиме погледнете ги серијата извештаи на Светската здравствена организација за глобалната епидемија на тутун.
Протоколот за елиминирање на недозволената трговија со тутунски производи бара широк спектар на мерки кои се однесуваат на синџирот на снабдување со тутун, вклучувајќи и лиценцирање на увоз, извоз и производство на тутунски производи; воспоставување системи за следење и наметнување на казнени санкции врз одговорните лица за нелегална трговија. Исто така, ќе го намали нелегалното производство и прекуграничното криумчарење. Протоколот за елиминирање на недозволената трговија со тутунски производи, прв протокол на Конвенцијата, беше усвоен во ноември 2012 година на петтата седница на Конференцијата на членовите во Сеул, Република Кореја, а во моментов е отворен за ратификација, прифаќање, одобрување или согласување од страна на членките потписнички на Рамковната конвенција на СЗО за контрола на тутунот.
Корисни здравствени промени што се случуваат:
Придобивки во споредба со оние кои продолжија:
Откажувањето од пушење го намалува ризикот од многу болести поврзани со чадот од пасивното пушење кај децата, како што се респираторните заболувања (на пример, астмата) и инфекциите на уво.
Откажувањето од пушење ги намалува шансите за импотенција, тешкотии во забременувањето, предвремено раѓање, новороденчиња со ниска родилна тежина и спонтан абортус.
Да, двајцата имаат чадори. Но само еден е заштитен.Не е универзална здравствена заштита ако не штити од финансиски тешкотии.
Светски Ден На Здравјето 2018 – Здравје за сите
За Светскиот ден на здравјето 2018, СЗО ги повикува сите лидери во светот да преземат конкретни чекори за придвижување кон универзално здравствено осигурување. Ова значи да се обезбеди дека секој, секаде може да пристапи кон квалитетни здравствени услуги без да се соочи со финансиски потешкотии, како што е поставено во Одржливите развојни цели за кои сите земји се согласија во 2015 година.
ЈЗУ Центар за јавно здравје Струмица е една од најстарите здравствени институции во Република Македонија, која што функцонира на територијата на Општина Струмица, Валандово, Босилово, Василево, Ново Село...