Според Доктори без граници, ова е "една од најсмртоносните болести на светот." Смртноста е околу 90% (овој пат таа намалена на 55% благодарејќи на навременото откривање). Има 5 типа на ебола, од кои заирската е најсмртоносна. Моменталната епидемија е токму од овој вид.
Еболата предизвикува вирусна хеморагична треска, која според CDC, опфаќа група вируси кои напаѓаат повеќе органи и системи во телото и често е придружена од крвавење. Првите симптоми се треска, чувство на слабост, болка во мускулите, главоболка и воспалено грло. Овие симптоми можат да се појават од два до 21 ден по инфекцијата. Според СЗО истите овие симптоми можат да бидат погрешно протолкувани како симптоми за маларија, менингитис или чума. На пациентите им се појавува црвенило по кожата и во очите, болки во градите, проблеми со дишење и голтање, икање. Потоа овие симптоми еволуираат во: повраќање, дијареја, проблеми со бубрезите и црниот дроб, а понекогаш и внатрешно и надворешно крвавење. Болеста може да биде потврдена само со 5 лабораториски тестови.
Претпоставката на СЗО е дека лилјаците се природните носители на ебола вирусот во Африка, и дека тие го пренесуваат истиот на другите животни. Луѓето се заразуваат преку контакт со телесните течности од заразените животни, или луѓе. Иако вирусот може да преживее неколку дена само во течност, надвор од заразен организам, тој може да биде убиен со топлина, директна изложеност на сонце, хлор, сапун и детергенти.
Лицата кои дошле во контакт со заболени треба редовно да ја мониторираат својата температура. Затворање на границите кон соседните земји (како што тоа го направи Либерија), и воведување на пунктови за тестирање на неколкуте места од каде што може да се излезе од земјата. Посебно внимание на сите што во скоро време патувале во Западна Африка.