Print this page
Понеделник, 29 Март 2021 12:00

ИНТЕРЕН ОГЛАС БРОЈ 01/2021 ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ ВО ЗДРАВСТВЕН СОРАБОТНИК Featured

Врз основа на член 157, член 158, член 159, член 160, член 161 и член 162 од Законот за здравствена заштита (Сл.весник на РМ бр. 43/12 ... 20/19 и Сл.весник на РСМ бр.101/19 ... 275/19), Согласноста за унапредување од Министерство за здравство Бр.22-867/2 од 08.02.2021 година и Согласноста за унапредување од Министерство за финансии Бр.18-2594/2 од 17.03.2021 година Директорот на ЈЗУ Центар за јавно здравје- Струмицана ден 26.03.2021 година објавува

                                              

ИНТЕРЕН ОГЛАС БРОЈ 01/2021 ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ ВО

ЗДРАВСТВЕН СОРАБОТНИК

 

Се распишува интерен оглас за унапредување во здравствен соработник за следното работно место:

  1. 1.ЗДР 03 01 Д06 009 Дипломиран социјален работник, Отсек за епидемиологија и здравствена статистика, Одделение за превентивна здравствена заштита и лабораториска дејност -1 (еден) извршител

 

Посебни услови за работното место:

 

-ниво на квалификациите VIAспоред Македонската рамка на квалификациите и стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен,Социјална работа и социјална политика

-активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски),

- активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење.

-Работно искуство: без работно искуство во струката

Распоред на работно време

Работни денови понеделник - петок

Работни часови неделно 40

Работно време cо почеток на работното време од 7:00 часот и завршеток на истото во 15:00 часот.

Кандидатите кои аплицираат на интерниот оглас треба да ги исполнуваат следните општи услови:

- да е државјанин на Република Македонија,

- да е полнолетен,

- да има општа здравствена способност,

- да не му е изречена со правосилна одлука забрана на вршење професија,дејност или должност,

-да поминал најмалку две години во непосредно пониско работно место одработното место за кое е објавен интерниот оглас и

- да не му е изречена дисциплинска мерка или мерка за намалена работнауспешност во период од 12 месеци пред објавувањето на интерниот оглас.

Кандидатот потребно е да поднесе пополнета пријава и докази за податоците содржани во пријавата во писмена форма по пошта или во архивата на ЈЗУ Центар за јавно здравје-Струмица.

Кандидатот, пријавата со потребните документи треба да ја достави во рок од 5 (пет) дена од денот на објавувањето на интерниот оглас. Во пријавата кандидатите должни се под материјална и кривична одговорност да потврдат дека податоците во пријавата се точни, а доставените докази верни на оргиналот.

Кандидатот кој внел лажни податоци во пријавата или за кој се утврди дека внел лажни податоци ќе биде дисквалификуван од понатамошната постапка по овој оглас.

           

   Со почит,

                                                                       ЈЗУ Центар за јавно здравје-Струмица

                                                                                                       Директор

                                                                                                  М-р. Петре Витанов