Print this page
Вторник, 07 Април 2020 09:43

7 Април - Светски ден на здравјето Featured

2020 Меѓународна година на медицинските сестри и акушерки

 

Клучни факти

  • Како дел од силните мултидисциплинарни тимови за здравствена заштита медицинските сестри и акушерките даваат значаен придонес во исполнување на обврската превземена од Астана Декларацијата  за примарна здравствена заштита  во 2018 година, обезбедувајќи грижа за пациентите и грижа за населението во заедницата.
  • На глобално ниво медицинските сестри и акушерки сочинуваат скоро 50% од работната сила во здравството.
  • Постои глобален недостиг на здравствени работници, особено медицински сестри и акушерки, кои претставуваат повеќе од 50% од тековниот недостиг кај здравствените работници.
  • Најголем недостиг на медицински сестри и акушерки врз основа на потребите има во Југоисточна Азија и Африка.
  • За сите земји да ја постигнат Целта на одржлив развој 3 за здравје и благосостојба, СЗО проценува дека на светот ќе му бидат потребни дополнителни 9 милиони медицински сестри и акушерки до 2030 година.
  • Медицинските сестри играат клучна улога во унапредување на здравјето, спречување на болести и обезбедување на примарна грижа во заедницата. Тие обезбедуваат грижа во итни случаи и ќе бидат клучни за постигнување на универзална здравствена покриеност.
  • Остварувањето на здравје за сите ќе зависи од тоа дали ќе има доволно обучени и едуцирани како и поддржани медицински сестри и акушерки кои примаат плата и признание сразмерно со услугите и квалитетот на грижа што им ја даваат на пациентите.
  • Инвестирањето во медицинските сестри и акушерки е вредно за финансиите. Во извештајот на Комисијата за ООН поврзан со вработувања во здравството и економски раст на високо ниво се заклучува дека инвестициите во образованието и креирањето работни места во здравствениот и социјалниот сектор, резултираат со тројно враќање и подобрен здравствен исход, глобална здравствена безбедност и инклузивен економски раст.
  • На глобално ниво, 70% од здравствената и социјалната работна сила се жени споредено со 41% во сите сектори за вработување. Професиите медицинска сестра и акушерка, претставуваат значителен дел од женска работна сила.

Медицинските сестри и акушерки честопати се први, а понекогаш и единствени здравствени работници што луѓето ги гледаат, а квалитетот на нивната првична проценка, грижа и третман е од витално значење. Тие исто така се дел од нивната локална заедница, споделување на иста култура, познавање на јаки и слаби страни како и ранливост на населението и се од голема полза при испорачување на ефективни интервенции за задоволување на потребите на пациентите, нивните семејства и заедниците.

who-whd-yonm-posters-poster-1

2020 меѓународна година на медицинска сестра и акушерка високо квалитетна здравствена заштита даваат мултидисциплинарни тимови

со медицински сестри и акушерки и нивните срца

#Nurses2020#Midwives2020#SupportNursesAndMidwives

who-whd-yonm-macros-posters-2

Акушерките и медицинските сестри се крај вас во секој момент од животот (на секој чекор од животот)

тие Ве воведуваат на свет, и се грижат за вас додека не заминете од него, помагајќи Ви да останете здрави и Ви пружаат нега ако сте болни.

#Nurses2020#Midwives2020#SupportNursesAndMidwives

 

https://www.who.int/news-room/campaigns/year-of-the-nurse-and-the-midwife-2020/get-involved/campaign-materials