Print this page
Четврток, 05 Март 2020 13:03

Март 2020 – СТОП за колоректален карцином Featured

Март е месец за одбележување на ракот на дебелото црево и претставува фантастичен годишен настан, наменет за подигање на свеста за рак на дебелото црево и можност за собирање на средства за лекување на оваа состојба. Иницијативата потекнува од разни добротворни организации, кои се борат против рак на дебелото црево, со една главна цел, да се осигурат дека нема да има жртви од  рак на дебелото црево до 2050 година.

Рак на дебелото црево е трет по смртност на светско ниво, но ова не мора да биде така, бидејќи може да се лекува и излекува, особено кога се дијагностицира во рана фаза. Раната дијагностика на колоректален карцином и кој било друг вид на карцином, спасува животи. Месец март, е свесно наменет за едукација на јавноста и за подигање на свеста за симптомите на колоректалниот карцином.

Некои од најчестите симптоми на рак на дебелото црево вклучуваат:

■ Крварење од дебелото црево или крвава столица

■ Промена во навиките на дебелото црево

■ Столици кои се потенки од вообичаеното

■ Општо проблеми во стомакот, како што се надуеност и грчеви

■ Пролив, запек или чувство дека движењето во дебелото црево не е сосема целосно

■ Слабеење без очигледна причина

■ Малаксалост

■ Повраќање

Како да се вклучите?

Постојат различни начини да се вклучите во оваа кампања. Еден од начините е да се облечете во сино и да го одбележите „Синиот ден“, а тоа е првиот петок во месец март. Овој ден е наменет за оние кои се борат со болеста и оние кои ја изгубиле битката. Оваа година тоа е 6-ти март. Друг начин е вие ​​како индивидуа да научите за симптомите на колоректален карцином и ова да биде појдовна точка, од која можете да придонесете за ширење на знаењето. Можете да организирате настан за подигање на јавната свест, да ја споделите вашата приказна ако претходно сте страдале од оваа состојба, со единствена цел да ги поттикнете и поддржите оние кои се соочуваат со колоректален карцином.

Овој март – Вклучете се и дајте поддршка!

 

Текстот е превземен од:

https://www.iph.mk/mart-2020-stop-za-kolorektalen-karcinom/