Специјализираната агенција за рак на СЗО, Меѓународната агенција за истражување на ракот (IARC), е автор на Кодексот за подобрување на контролата на ракот. Четвртото издание на Кодексот, ревидирано со најдобрите расположливи научни докази, наведува 12 начини за прифаќање на поздрав начин на живеење и за подигање на превенцијата на ракот низ Европа. Кодексот е резултат на двегодишна соработка помеѓу специјалистите за рак, научниците и други експерти.
„Кодексот ја покачува свеста за одлучувачката улога на превенцијата во борбата против ракот,“ вели DrChristopherWild, директор на IARC. „Со прифаќање на Кодексот, сите граѓани во Европа можат да преземат конкретни активности за себе, за своите пријатели и семејства, за да го намалат значително ризикот од развој на рак.“
Новото издание на Кодексот вклучува и други значајни препораки за намалување на ризикот од рак, такви како што се доењето, ограничувањето на користење на заменска хормонска терапија и вакцинацијата против хуманиот папилома вирус. Кодексот, исто така, препорачува откривање на можна изложеност на зрачење од радон во домот и делување за да се намалат високите нивоа на радон.