Print this page
Петок, 03 Февруари 2023 10:29

4 Февруари - Светски ден на ракот Featured

Што е рак?

Ракот е болест која се јавува кога промените во група нормални клетки во телото доведуваат до неконтролиран, абнормален раст формирајќи грутка наречена тумор; ова важи за сите видови на рак освен леукемија (рак на крвта). Ако не се лекуваат, туморите може да растат и да се шират во околното нормално ткиво или во други делови од телото преку крвотокот и лимфниот систем и може да влијаат на дигестивниот, нервниот и циркулаторниот систем или да ослободуваат хормони кои можат да влијаат на функцијата на телото.

Туморите на ракот може да се поделат во три групи: бенигни, малигни или преканцерозни

Бенигните тумори не се канцерогени и ретко го загрозуваат животот. Тие имаат тенденција да растат прилично бавно, не се шират на други делови од телото и обично се составени од клетки сосема слични на нормалните или здравите клетки. Тие ќе предизвикаат проблем само ако пораснат многу, стануваат непријатни или притискаат на други органи - на пример тумор на мозокот во внатрешноста на черепот.

Малигните тумори растат побрзо од бенигните и имаат способност да се шират и уништуваат соседното ткиво. Клетките на малигните тумори можат да се отцепат од главниот (примарен) тумор и да се шират на други делови од телото преку процес познат како метастаза. По инвазијата на здравото ткиво на новото место тие продолжуваат да се делат и растат. Овие секундарни места се познати како метастази и состојбата се нарекува метастатски карцином.

Преканцерозна (или премалигна) ја опишува состојбата која вклучува абнормални клетки кои можат (или е веројатно) да се развијат во рак.

Клучни факти за ракот

Секоја година 10 милиони луѓе умираат од рак.

Најмалку една третина од обичните карциноми може да се спречат.

Ракот е втора водечка причина за смрт во светот.

70% од смртните случаи од рак се случуваат во земјите со низок до среден приход.

Милиони животи би можеле да се спасат секоја година со имплементирање соодветни ресурси за стратегии за превенција, рано откривање и лекување.

Вкупната годишна економска цена на ракот се проценува на 1,16 трилиони американски долари.

Поради сите овие причини, темата за овогодинешниот Светски ден за борба против ракот е „затворање на јазот во грижата“.

И за среќа, се прави многу за да се донесе квалитетна нега за ракот во земјите за кои досега беше недостапно.

Напорите на СЗО се фокусирани на ракот на дојката, сега најчестиот рак; рак на грлото на матката, кој може да се елиминира; и рак во раното детството. Фокусот на секоја од овие иницијативи се земјите со низок и среден приход, каде што треба да се постигнат најголемите придобивки за јавното здравје.

Овие интегрирани глобални иницијативи за рак се имплементирани од повеќе од 200 партнери ширум светот, вклучително и многу развојни банки кои значително ги зголемија своите инвестиции во истражување, превенција и грижа за ракот.poster-2-mk-verzija page-0001inforgrafik-mk page-0001

 

Текстот го подготви

Д-р Петар Пецев - Специјалист по Социјална медицина и јавно здравје