Print this page
Четврток, 03 Ноември 2022 06:11

Ноември – Светски месец на машкото здравје Featured

Ноември – Светски месец на машкото здравје

Ъ--TЗ----TАTШ------TБTВTА-------TА-20221024 1

Секоја година во светот се одбележува ноември, како светски месец на машкото здравје. Фокусот главно е на ракот на простата. Глобално, ракот на простата е втората причина за смртност кај мажите, дури 1.4 милиони луѓе годишно се дијагностицирани со ова заболување ( Извор:www.movember.com, 2022.).

РАНОТО ОТКРИВАЊЕ Е КЛУЧНО!

Разликата меѓу раното и доцното откривање може да биде фатална. Овде се сите потребни информации и податоци за ракот на простата што треба да ги знаете.

Кои се ризичните групи?

Ризикот од развој на рак на простата се зголемува со возраста, но тоа не значи дека тоа е болест која ги погодува само старите мажи. Ракот на простата е втор најчест карцином кај мажите во светот. Мажите со африканско или карипско потекло и мажите кои имаат семејна историја (брат или татко со рак на простата), имаат 2,5 пати поголема веројатност да заболат од рак на простата                         ( Извор:www.ourworldindata.com, 2021 ).

Што е ПСА ТЕСТ?

Тоа е тест, со кој се открива присуството на Простата специфичен антиген (ПСА) во крвта. За тестирање на ПСА обратете се кај вашиот матичен лекар, кој понатаму ќе ве упати до установа каде што се врши ова тестирање.

Во зависност од вашата возраст и дали припаѓате на некоја од ризичните групи, можеби ќе биде потребно да направите дополнителни испитувања. Тоа се ЕХО на простата и дигиторектален преглед на истата.

За сите овие прегледи и консултации, обратете се кај вашиот матичен лекар.

Само со овие активности може рано да се открие ракот на простата, а како што спомнавме претходно раното откривање е клучно во лекувањето и заздравувањето.

Факти за ракот на простата

Само мажите имаат простатична жлезда. Простатата обично е со големина и облик на орев и расте како што стареете. Се наоѓа под мочниот меур и ја опкружува уретрата, преку која мажите уринираат и ејакулираат. Неговата главна работа е да помогне во создавањето на семената течност.

Ракот на простата се јавува кога некои од клетките во простатата се репродуцираат многу побрзо од нормалното. Ракот на простата често за почеток расте бавно и може дури и да не предизвика никакви симптоми. Оваа состојба доколку не се третира, може да се прошири надвор од простата и да ги нападне далечните делови на телото, особено лимфните јазли и коските, создавајќи секундарни тумори во процес познат како метастазирање.

Знаци и симптоми:

-Крв во урината

-Проблеми со уринирање, слаб и испрекинат млаз, со зачестено ноќно мокрење

-Еректилна дисфункција

-Болка

-Неконтролирани нагони за мокрење

Третман на рак на простата

Постојат повеќе можности за третман кај рак на простата:

  • Кај некои случаи доволно е само опсервација
  • Хируршко отстранување на простата
  • Радиотерапија
  • Хемотерапија
  • Хормонска терапија

Несакани ефекти од третманот на рак на простата

Во зависност од кој третман ќе биде применет, несаканите ефекти може да варираат, така да пациентите може да се соочат со:

  • Инконтиненција (неконтролирано мокрење)
  • Еректилна дисфункција
  • Покачена телесна тежина (од хормонската терапија)
  • Депресија

Состојба во Република Северна Македонија

Во Ребулика Северна Македонија во 2021 година се регистрирани 397 нови случаи, односно инциденцата на 100.000 жители изнесува 27.1. Во однос на претходните години ситуацијата е слична (графикон 1)

sl-1

Во однос на смртноста, во 2021 година имало вкупно 201 починати од рак на простата. Исто и со смртноста бројот е сличен како и во претходните години (графикон 2)

sl-2

ПРЕПОРАКА:

Ако имате 50 години, треба да разговарате со вашиот лекар за тестирање на ПСА. Ако имате фамилијарно потекло, односно брат или татко со рак на простата во нивната историја, треба да го започнете тој разговор на 45 години.

Текстот е превземен од

http://iph.mk/rak-na-prostata-moznosti-za-prevencija/?fbclid=IwAR3hprck514_uosL6rBNEIlxb3S5D8O_KcazIBVkrs84g7mgKVphtyd_9RU