Светски ден без тутун 2022: Заканата од тутунот за нашата животна средина
СЗО и шампионите за јавно здравје ширум светот го одбележуваат Светскиот ден без тутун (WNTD) оваа година со фокусирање на многуте начини на кои тутунот ја загрозува животната средина во која живееме.
Глобалната кампања за 2022 година има за цел да ја подигне јавната свест за влијанието врз животната средина на целиот циклус на тутун, од неговото одгледување, производство и дистрибуција до токсичниот отпад што го создава. Кампањата, исто така, ќе има за цел да ги разоткрие напорите на тутунската индустрија да ја зазелени својата репутација и да ги направи своите производи попривлечни со тоа што ќе ги пласира како еколошки.
Употребата на тутун е штетна во секоја фаза
Од почеток до крај, животниот циклус на тутунот е убедливо загадувачки и штетен процес. Како на пример, загадувањето на воздухот предизвикано од пушењето, но штетата се јавува низ целиот синџир на снабдување и е многу посложена.
- Секоја година ширум светот се уништуваат околу 3,5 милиони хектари земја за да се одгледува тутун. Одгледувањето тутун, исто така, придонесува за уништување на шумите од 200.000 хектари годишно и деградација на почвата.
- Производството на тутун ја осиромашува планетата од вода, фосилни горива и метални ресурси.
- Глобализацијата на синџирот на снабдување и продажба на тутун значи дека тутунската индустрија во голема мера се потпира на начини на транспорт кои бараат ресурси.
- 4,5 трилиони отпушоци од цигари не се отстрануваат правилно секоја година ширум светот, создавајќи 1,69 милијарди фунти токсичен отпад и ослободувајќи илјадници хемикалии во воздухот, водата и почвата
Потребни се посилни политики
Потрошувачите т.е. пушачите треба да станат еколошки посвесни. Тутунските корпорации да воведат стратегии кои ќе бидат насочени кон екологијата како чистење на плажите и маркетинг на нови производи како еколошки за да се оттргне вниманието на јавноста од нивните сопствени еколошки штети.
Овогодишната кампањата и СЗО ги повикува владите и креаторите на политики да го засилат законодавството, вклучително и спроведување и зајакнување на постоечките шеми за да ги направат производителите одговорни за еколошките и економските трошоци за справување со отпадните производи од тутун. СЗО, исто така, препорачува земјите целосно да забранат рекламирање, промоција и спонзорство за тутун, во согласност со Рамковната конвенција за контрола на тутунот (СЗО FCTC).