Print this page
Недела, 09 Ноември 2014 11:53

Микробиолошки испитувања

Во согласност со работата на Центарот за јавно здравје и законот за заштита на населението од заразни заболувања, а во тренд со современа лабораториска дијагностика во нашата установа функционира лабораторијата за микробиолошки испитувања. Во неа се врши испитување на бројни материјали за докажување на можните причинители на инфекции, како и изработка на тест за осетливоста на изолираниот причинител кон одредени антимикробни средства (антибиограм).

Микробиологија

Сите овие испитувања се вршат во неколку оддели, лаборатории:

1. Оддел за прием на материјали и издавање на резултати

  • Оддел за серолошки испитувања (испитување на крв).

2. Оддел за обработка на материјали по потекло од пациенти со респираторни, генитални, гастроинтестинални и други инфекции

  • Материјали кои ги испитува и дијагностичка палета на овој оддел:
    • Брисеви од грло, нос, очи, уши, кожа, нокти, рани, генитални брисеви, уретрални брисеви, урина, измет, сперма, искашлок, хемокултури, пунктати, ликвор...
  • Сите овие материјали се обработуваат бактериолошки, микролошки и паразитолошки, кај што е потребно. Во материјалите се докажува присуство на следниве микроорганизми: 
    • Streptococcus pyogenes (и други бета хемолитички), Streptococcus faecalis, Streptococcus agalactiae, Streptococcus pneumoniae
    • Staphylococcus aureus, како и други коагулаза негативни стафилококи
    • Neisseria gonorrhoeae, Moraxella (Branhamella) catarrhalis, Acinetobacter, Haemophilus
  • Докажување на Грам негативни ентеробактерии со биохемиска серија ешерихии, клебсиели, протеуси, цитробактер, ентеробактер...
  • Изолација и серолошка идентификација на салмонели и шигели.
  • Докажување на присуство на Pseudomonas во разни материјали.
  • Култивација на гинеколошки брисеви за микоплазми и уреаплазми .
  • Миколошката обработка подразбира култивација и идентификација на пораснатите кандиди, трихофити, епидермофити, аспергилуси и слично.
  • Се врши и анаеробна култивација на материјалите, но без идентификација до точен специес.
  • По потреба се испитуваат и препарати обоени по Гимза (периферна размаска и слично), како и боење на препарати за докажување на причинителот на туберколоза.
  • Во соработка со одделите за епидемиологија, хигиена и социјална медицина се врши и микробиолошка обработка на брисеви од површини, брисеви од лица вработени во здравствени установи, како и на лица вработени во институции за производство и промет на храна.
  • За секој изолат се прави идентификација, биохемиска или серолошка, а по потреба се прави и антибиограм.

3. Оддел за паразитолошки испитувања

  • Материјали кои се испитуваат - измет и мокрача, крв,
  • Се врши докажување на присуство на јајченца или возрасни единки на разни паразити.

4. Оддел за серолошки испитувања (испитување на крв)

Се вршат и серолошки анализи и тоа:

  • CRP, RF, ASO-аглутинација со титар, 
  • Инфективна мононуклеоза-имунохроматографски, 
  • Ехинококоза - инхибиција на хемаглутинација,
  • Бруцелоза - БАБ-тест и Brucella-capt-тест, 
  • Токсоплазмоза-имунохроматографски,
  • Цитомегаловирус-имунохроматографски,
  • Хеликобактер-имунохроматографски и антиген во измет,
  • Хепатити и тоа HBsAg-ELISA и имунохроматографски, aHCV-ELISA и имунохроматографски, aHIV1/2 ELISA  и имунохроматографски, aHAV IgM имунохроматографски. Овие испитувања се вршат на современ апарат ABBOTT-AXSYM.
  • Хламидиски инфекции со имунофлуоресценција,
  • Pneumoslide – со кој се докажува присуство на антитела од класите IgG и IgM кон девет најчести причинители на интерстицијални пневмонии.
  • По потреба се испитуваат и препарати обоени по Гимза (периферна размаска и слично), како и боење на препарати за докажување на причинителот на туберколоза.
  • Се врши и серолошка дијагностика на сифилис РПР тест.